Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?
Вообичаени заблуди:
Заблуда: Јеховините сведоци не слават Велигден затоа што не се христијани.
Вистина: Ние веруваме дека Исус Христос е нашиот Спасител и се трудиме да ,одиме по неговите стапки‘ (1. Петрово 2:21; Лука 2:11).
Заблуда: Вие не верувате дека Исус воскреснал.
Вистина: Веруваме дека Исус воскреснал. Всушност, неговото воскресение е суштината на христијанската вера и главна тема за која им проповедаме на другите (1. Коринќаните 15:3, 4, 12-15).
Заблуда: Не им давате на вашите деца да се радуваат на Велигденските празници.
Вистина: Ние ги сакаме нашите деца. Правиме сѐ што можеме за добро да ги воспитаме и да им помогнеме да бидат среќни (Тит 2:4).
Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?
Никаде во Библијата не пишува дека треба да се слави Велигден.
Исус ни заповедал да ја одбележуваме неговата смрт, а не неговото воскресение. Затоа, според библискиот лунарен календар, секоја година ја одбележуваме неговата смрт (Лука 22:19, 20).
Поради тоа што Велигденските обичаи влечат корени од древните обреди на плодноста, уверени сме дека Бог не го одобрува славењето на овој празник. Тој очекува да му бидеме ,оддадени само нему‘ и да не славиме празници што го навредуваат (2. Мојсеева 20:5; 1. Царевите 18:21).
Нашата одлука да не славиме Велигден цврсто се темели на Библијата. Таа нѐ поттикнува да ја користиме нашата ,способност за расудување‘, наместо слепо да ги следиме човечките традиции (Изреки 3:21; Матеј 15:3). Иако ги споделуваме нашите верувања за Велигден со другите луѓе, го почитуваме нивното право сами да одлучат што ќе прават (1. Петрово 3:15).