МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ
Зошто да одам на состаноците во салата на Јеховините сведоци?
Два пати седмично, Јеховините сведоци одржуваат состаноци во нивните сали. Како изгледаат овие состаноци, и како ќе ти користи тоа што ќе присуствуваш на нив?
Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?
Во нашите сали за состаноци ја проучуваме Библијата и учиме како да ги применуваме нејзините практични совети. Состаноците кои се одржуваат таму ќе ти помогнат:
да ја дознаеш вистината за Бог
да го разбереш значењето на настаните кои се случуваат во светот
да станеш подобра личност
да стекнеш вистински пријатели
Дали си знаел? Една од темите за која најчесто се зборува во Салите на Јеховините сведоци е Божјето Царство (Матеј 6:9, 10; 24:14; Лука 4:43).
Зошто да присуствуваш
Она што ќе го слушнеш таму ќе ти користи. Библиските начела кои се разгледуваат на состаноците на Јеховините сведоци ќе ти помогнат да стекнеш мудрост (Изреки 4:5). Тоа значи дека Библијата може да ти помогне да донесуваш добри одлуки во животот. Исто така, таа може да ти помогне да добиеш одговор на најважните прашања во врска со животот. Некои од нив се:
Еве неколку наслови на библиски предавања кои се изнесуваат на состанокот што се одржува на викенд:
Зошто да нѐ води Библијата?
Кој може да ти помогне кога си во неволја?
Што прави Божјето Царство за нас денес?
„Еден мој соученик дојде на еден од нашите состаноци. Седеше заедно со моето семејство, и ја следеше програмата во нашите книги. По состанокот ми рече дека голем впечаток му оставиле коментарите за време на дискусиите во кои учествуваат присутните. Рече и дека во неговата црква немаат книги за проучување какви што имаме ние“ (Бренда).
Дали си знаел? Влезот на нашите состаноци е бесплатен и никој не е принуден да даде прилог.
Таму ќе запознаеш луѓе што ќе те охрабрат. Во Библијата пишува дека една од причините зошто христијаните треба да се собираат заедно е за да се охрабруваат еден со друг (Евреите 10:24, 25). Денес, повеќето луѓе се преокупирани со себеси. Но, во собранието ќе најдеш луѓе на кои поважни им се Бог и другите. Дружењето со нив навистина ќе те освежи.
„На крајот од еден долг ден, понекогаш се чувствувам тажна и исцрпена. Но, кога сум со луѓето во салата, секогаш се чувствувам подобро. Кога си одам дома по состаноците, среќна сум и спремна да се соочам со уште еден нов ден“ (Елиза).
Дали си знаел? Во целиот свет има повеќе од 120.000 собранија на Јеховините сведоци. Тие се собираат на повеќе од 60.000 локации. Поради постојаниот пораст на присутни, секоја година се градат во просек околу 1.500 сали за состаноци. a
a За да дознаеш каде има сала за состаноци, оди во делот „Состаноци на Јеховините сведоци“ и кликни на „Пронајди локација“.