Дали Бог ќе ми помогне ако му се молам?
Што вели Библијата
Да, Бог им помага на оние кои искрено се молат за работи кои се во склад со неговата волја. Можеби никогаш досега не си се молел. Но, во Библијата се зборува за луѓе кои му се молеле на Бог за помош и чиј пример може да те поттикне и тебе да го правиш истото. Еве некои такви примери:
„Помогни ми, Јехова, Боже мој, спаси ме според милоста своја!“ (Псалм 109:26).
„А мене ме притиска неволја и мака. Боже, брзо помогни ми!“ (Псалм 70:5).
Се разбира, писателот на овие зборови имал силна вера во Бог. Сепак, Бог ги слуша сите кои му се молат со исправен став, како на пример луѓето што се „скршени во срцето“ и оние со „скршен дух“ (Псалм 34:18).
Немој да си мислиш дека Бог е премногу далеку од нас луѓето за да биде заинтересиран за нашите проблеми. Во Библијата пишува: „Јехова е високо, а сепак го гледа понизниот. А надмениот го познава само оддалеку“ (Псалм 138:6). Всушност, во една прилика, Исус им кажал на своите ученици: „А вам и секое влакно на главата ви е изброено“ (Матеј 10:30). Бог забележува детали во врска со тебе за кои дури и ти самиот не си свесен. Тогаш, колку повеќе ќе те слуша кога ќе му се молиш за помош во врска со нешто што те загрижува (1. Петрово 5:7).