Префрли се на текстот

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Како мравката си ги чисти антените

Како мравката си ги чисти антените

 Инсектите мора да бидат чисти за да можат да летаат, да се искачуваат и да добиваат информации за околината. На пример, ако антените на мравката се нечисти, таа не може добро да се ориентира, да комуницира и да чувствува мириси. „Не постојат нечисти инсекти“, вели зоологот Александар Хекман. „Тие нашле начин како да ги отстранат нечистотиите.“

 Размисли: Хекман и неговите колеги го проучувале механизмот што го користи мравката од видот Camponotus rufifemur за да ги чисти своите антени. Тие откриле дека мравката ги отстранува честичките со различна големина така што ја свиткува ногата во форма на кука и потоа ја провлекува секоја антена низ неа. Острите влакна во куката ги отстрануваат најголемите честички прав. Помалите нечистотии се отстрануваат со поситен „чешел“. Просторот меѓу запците на овој „чешел“ е со иста широчина како влакненцата кои се наоѓаат на антените на мравките. А најситните честички, кои можат да бидат дури 80 пати потенки од човечко влакно — се отстрануваат со острите влакненца на една уште погуста „четка“.

 Погледнете како мравката ги чисти своите антени

 Хекман и неговиот тим сметаат дека механизмот што го користат мравките за да си ги исчистат антените може да најде примена во индустријата. На пример, слични методи можат да се користат за да се одржува чистотата во производството на сложени микроелектронски делчиња и полуспроводници, бидејќи и сосема мала нечистотија на некое од нив може да доведе до дефекти.

 Што мислиш: Дали механизмот со кој мравката темелно си ги чисти антените настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?