Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОИ ЖИВОТ ПО СМРТТА?

Зошто можеш да бидеш сигурен дека ќе има воскресение?

Зошто можеш да бидеш сигурен дека ќе има воскресение?

Дали е неразумно да веруваш дека мртвите повторно ќе живеат? Апостол Павле не мислел така. Под водство на светиот дух, тој напишал: „Ако само во овој живот се надеваме на Христос, најмногу сме за жалење од сите луѓе. Но факт е дека Христос воскреснал од мртвите, тој е првина од оние што умреле“ (1. Коринќаните 15:19, 20). За Павле, воскресението било нешто што сигурно ќе се случи. Всушност, гаранција за тоа било воскресението на Исус * (Дела 17:31). Павле го нарекол Исус „првина“ бидејќи тој бил првиот што воскреснал за да живее засекогаш. Штом Исус бил првиот, тогаш логично е да заклучиме дека ќе воскреснат и други.

Јов му рекол на Бог: „Ќе копнееш по делото на своите раце“ (Јов 14:14, 15)

Да наведеме уште една причина зошто можеш да бидеш сигурен во надежта за воскресение. Јехова е Бог на вистината. Во Библијата пишува: „Бог... не може да лаже“ (Тит 1:2). Јехова никогаш не излажал ниту некогаш ќе излаже. Дали би ветил дека ќе има воскресение, па дури и да покаже дека има моќ да ги воскресне мртвите, а потоа да не го направи тоа? Во никој случај!

Зошто Јехова решил да има воскресение на мртвите? Затоа што ги сака луѓето. Јов прашал: „Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак?“ Потоа рекол: „Ќе повикаш, и јас ќе ти се одѕвијам. Ќе копнееш по делото на своите раце“ (Јов 14:14, 15). Јов бил уверен дека неговиот небесен Татко кој е полн со љубов ќе копнее да го воскресне. Дали Бог се сменил? Во Библијата стои: „Јас сум Јехова, јас не се менувам“ (Малахија 3:6). Бог со душа чека да ги воскресне оние што починале и да ги види здрави и среќни. Ова го посакува секој грижлив родител на кого детето му починало. Но, разликата е во тоа што Бог има моќ да направи сѐ што сака (Псалм 135:6).

Смртта е огромен проблем, но Бог има совршено решение

Јехова ќе му даде моќ на својот Син да ги врати во живот луѓето кои починале и со тоа да им донесе радост на оние што ги изгубиле своите најмили. А, какви чувства има Исус во врска со воскресението? Пред да го воскресне Лазар, Исус видел колку голема болка чувствувале сестрите и пријателите на Лазар. Поради тоа, ‚почнал да рони солзи‘ (Јован 11:35). Во друга прилика, Исус го воскреснал единствениот син на една вдовица од Наин. Тој ‚се сожалил на неа и ѝ рекол: „Не плачи!“‘ Веднаш потоа го вратил во живот нејзиниот син (Лука 7:13). Според ова, јасно е дека Исус е многу погоден од силната болка што со себе ја носи смртта. Тој едвај чека длабоката тага на луѓето од целиот свет да ја претвори во неизмерна радост!

Дали и ти си го почувствувал остриот бодеж на тагата поради смртта на некој близок? Можеби си мислиш дека смртта е проблем за кој нема решение. Но, постои решение — воскресението што ќе го изврши Бог преку својот Син. Бог сака да го видиш исполнувањето на ова негово ветување. Тој сака повторно цврсто да ги прегрнеш твоите најмили. Замисли си како заедно со нив правиш планови за вечната иднина која стои пред вас, без да се плашиш дека смртта еден ден повторно ќе ве раздели!

Лајонел, кој беше цитиран претходно, вели: „Со текот на времето, дознав за воскресението. Отпрвин, тешко ми беше да поверувам, дури и се сомневав во оној што ми зборуваше за тоа. Но, откако видов што вели Библијата, се уверив дека надежта за воскресение е вистина. Едвај чекам повторно да го видам дедо ми!“

Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти покажат во твојата Библија зошто се уверени дека ќе има воскресение. *

^ пас. 3 Некои докази дека Исус навистина воскреснал можеш да најдеш во книгата Библијата — Реч Божја или човечка? на страници 78-86, издадена од Јеховините сведоци.

^ пас. 9 Те молиме види го поглавје 7 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци.