Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ШТО НАПРАВИЛ БОГ ЗА ТЕБЕ

Настан што не смееш да го пропуштиш

Настан што не смееш да го пропуштиш

Ноќта пред да умре, Исус им рекол на своите верни следбеници да ја одбележуваат неговата смрт и со тоа да се сеќаваат на жртвата што требало да ја направи. Со бесквасниот леб и црвеното вино што биле на трпезата, тој ја вовел Господаровата вечера позната и како Тајната вечера. Тогаш им рекол: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).

Секоја година, Јеховините сведоци низ целиот свет ја одбележуваат годишнината од смртта на Исус. Во 2014 год., Спомен-свеченоста по тој повод ќе се одржи по зајдисонце во понеделник, на 14 април.

Срдечно те покануваме да присуствуваш на овој состанок. Ќе има еден говор во кој ќе биде објаснето од какво значење е жртвената смрт на Исус. Влезот е бесплатен и нема да се бараат прилози. Лицето што ти го дало ова списание може да ти каже кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста во твоето место, а можеш да провериш и на нашата интернет-страница www.isa4310.com/mk. Би можел да си го запишеш тој датум за да не го пропуштиш овој важен настан.