„Време за сакање и време за мразење“
„Време за сакање и време за мразење“
„БОГ е љубов.“ Во некои земји луѓето ги врамуваат овие зборови и ги закачуваат на ѕид. И навистина, тие многу убаво опишуваат каков е Бог — самото олицетворение на љубовта.
Но, многу луѓе не знаат дека овие зборови се земени од Библијата. Апостол Јован напишал: „Кој не покажува љубов, не го запознал Бог, зашто Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Тој напишал нешто и за љубовта што Бог ја чувствува кон луѓето: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).
Врз основа на тоа, некои можеби ќе помислат дека Бог е спремен да замижи пред секоја наша постапка. Начинот на живот на многу луѓе го одразува нивното гледиште дека што ѝ да направат, Бог нема да ги повика на одговорност. Но, дали ова е точно? Дали Бог ги сака сите, и добрите и лошите? Дали некогаш чувствува омраза?
Божјата љубов и Божјата омраза
Мудриот цар Соломон рекол: „Сѐ си има свое време, сѐ што се прави под небото си има свое време... време за сакање и време за мразење“ (Проповедник 3:1, 8). Според тоа, иако Бог чувствува голема љубов и е многу добар, има моменти кога чувствува и омраза.
Најпрво да видиме што значи зборот „мрази“ кога се користи во Библијата. Во една енциклопедија е дадено следново објаснување: „Во Светото писмо, зборот ‚мрази‘ има неколку значења. Може да означува силно непријателство, односно постојана нетрпеливост честопати придружена со злоба. Ваквата омраза може сѐ повеќе да расте и да премине во желба да се наштети некому“. Обично прво помислуваме на ова значење на зборот „мрази“. Последиците од ваквата омраза секојдневно ги гледаме по целиот свет. Меѓутоа, во истата енциклопедија понатаму стои: „Зборот ‚мрази‘ може да означува и чувство на силна одбивност, но без никаква намера да се наштети некому“.
Да се осврнеме на второто значење на овој збор. Се работи за чувство на крајна одвратност, згрозеност од нешто — а не за злоба со желба да се напакости или да се нанесе штета. Може ли Бог да чувствува ваква омраза? Забележи што пишува во Изреки 6:16-19: „Шест работи мрази Јехова, седум ѝ се одвратни на неговата душа: горделиви очи, лажлив јазик и раце што пролеваат невина крв, срце што крои зли планови, нозе што брзо трчаат кон зло, лажен сведок што зборува лаги и оној што подбуцнува караници меѓу браќата“.
Како што може да видиме, има работи што Бог ги мрази. Сепак, тоа не мора да значи дека ја мрази и личноста што ги 1. Мојсеева 8:21; Римјаните 5:12). Писателот на библиската книга Изреки го објаснува тоа со еден убав пример: „Кого Јехова го сака, него и го укорува, како што таткото го укорува синот, кого го сака“ (Изреки 3:12). Еден татко може да ги мрази постапките со кои неговото дете покажува непослушност, но сепак си го сака детето и го кара за да му помогне да се поправи. Бидејќи нѐ сака, и Јехова постапува слично кога гледа дека има надеж еден грешник да се спаси.
прави тие работи. Бог ги зема предвид олеснителните околности, како што се телесните слабости, средината во која некој растел, домашното воспитание и недоволниот увид во работите (Кога омразата е оправдана
Меѓутоа, што ако некој дознае што бара Бог од луѓето, но не сака да го прави тоа? Таквиот не само што не ја стекнува Божјата љубов туку и паѓа во Божја немилост. Ако намерно го прави она што му е одбивно на Јехова, си ја навлекува неговата омраза. На пример, Библијата вели: „Јехова го испитува и праведниот и злиот, а душата Негова многу го мрази оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5). Апостол Павле јасно покажал дека на оној што не се кае, нема да му биде простено. Во своето писмо до Евреите тој напишал: „Ако намерно грешиме, откако добро ја запознавме вистината, повеќе не ни преостанува жртва за гревови, туку страшно очекување на судот и на распламтениот гнев, кој ќе ги проголта противниците“ (Евреите 10:26, 27). Зошто Богот на љубовта има таков став?
Кога некој намерно прави тежок грев, злобата ќе фати толку длабоки корени во неговото срце што никако нема да може да се искорени. Таквиот човек ќе стане многу расипан, непоправлив, закоравен. Библијата го споредува со леопард кој не може да ги смени своите дамки (Еремија 13:23). Бидејќи не се кае, таквата личност прави нешто што Библијата го нарекува „вечен грев“, за кој нема простување (Марко 3:29).
Таков грев направиле Адам и Ева, како и Јуда Искариот. Со оглед на тоа што Адам и Ева биле создадени како совршени суштества и заповедта што им ја дал Бог им била сосема јасна и на двајцата, очигледно е дека згрешиле намерно и свесно. Затоа немаат никакво оправдување. Кога Бог зборувал со нив откако згрешиле, воопшто не ја спомнал можноста да се покаат (1. Мојсеева 3:16-24). А Јуда, кој бил несовршен, постојано бил со Божјиот Син, но сепак станал предавник. Исус го нарекол „синот на пропаста“ (Јован 17:12). Библијата покажува дека и Ѓаволот е непоправлив грешник што го чека уништување (1. Јованово 3:8; Откровение 12:12). Овие личности сами си ја навлекле Божјата омраза.
Меѓутоа, утешно е да се знае дека не е во безнадежна положба секој што направил грев. Јехова е многу стрплив и не му е мило кога треба да ги казни оние што згрешиле од незнаење (Езекиел 33:11). Тој ги замолува да се покаат за да им прости. Во Библијата читаме: „Злосторникот нека го остави својот пат и злобниот нека ги остави своите мисли, и нека се врати кај Јехова, кој ќе му се смилува, кај нашиот Бог, зашто тој ќе му прости великодушно!“ (Исаија 55:7).
Урамнотежено гледиште за љубовта и омразата
Се разбира, поради тоа што сакаат да се угледаат на Бог, вистинските христијани треба да сфатат кога е „време за сакање“, а кога „време за мразење“. Ако се водиме само по чувства, ќе се искриви нашето гледиште за љубовта и милоста. Но, зборовите на ученикот Јуда ќе ни помогнат да најдеме рамнотежа меѓу покажувањето милост и покажувањето омраза кон гревот. Јуда рекол: „Бидете милосрдни спрема оние што се измачуваат со сомневања. Спасувајте ги, истргнувајќи ги од огнот. А спрема другите бидете милосрдни, чувајќи се себе и мразејќи ја дури и облеката што е извалкана од телото“ (Јуда 22, 23). Значи, треба да го мразиме она што е лошо, но не оној што постапува лошо.
На христијаните им е дадена заповед да покажуваат љубов кон своите непријатели на тој начин што ќе им прават добро. „Сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат“, рекол Исус (Матеј 5:44). Затоа, Јеховините сведоци не престануваат да им ја проповедаат добрата вест на своите ближни, иако некои од нив не ја прифаќаат таа порака (Матеј 24:14). Бидејќи се поучени од Библијата, Сведоците го гледаат секој човек како личност што има можност да ја почувствува Јеховината љубов и милост. Кога другите не ги ценат нивните обиди да им помогнат или кога наидуваат на противење или исмевање, Сведоците се држат за советот што го дал апостол Павле: „Благословувајте ги прогонителите — благословувајте, а не колнете... Никому не враќајте зло за зло“ (Римјаните 12:14, 17). Тие не забораваат дека Јехова е оној што ќе одреди кој ќе ја добие неговата љубов, а кој заслужува омраза. Тој е Судијата што ќе донесе конечна пресуда кога се работи за живот или смрт (Евреите 10:30).
Да, „Бог е љубов“. А ние треба да покажеме ценење за неговата љубов така што ќе дознаеме која е Божјата волја и ќе ја вршиме. Јеховините сведоци во твоето место ќе ти прочитаат од твојата Библија што бара Бог од тебе и како да го правиш тоа. Само така ќе ја избегнеш Божјата омраза, а ќе ја добиеш Божјата љубов.
[Истакната мисла на страница 23]
„Шест работи мрази Јехова, седум ѝ се одвратни на неговата душа: горделиви очи, лажлив јазик и раце што пролеваат невина крв, срце што крои зли планови, нозе што брзо трчаат кон зло, лажен сведок што зборува лаги и оној што подбуцнува караници меѓу браќата“ (ИЗРЕКИ 6:16-19)
[Истакната мисла на страница 24]
„Ако намерно грешиме, откако добро ја запознавме вистината, повеќе не ни преостанува жртва за гревови, туку страшно очекување на судот и на распламтениот гнев, кој ќе ги проголта противниците“ (ЕВРЕИТЕ 10:26, 27)
[Истакната мисла на страница 25]
„Злосторникот нека го остави својот пат и злобниот нека ги остави своите мисли, и нека се врати кај Јехова, кој ќе му се смилува... зашто тој ќе му прости великодушно!“ (ИСАИЈА 55:7)
[Слика на страница 24]
Грижливиот родител го кара своето дете за да му помогне
[Слика на страница 25]
Многу затвореници ја почувствувале Божјата љубов и милост