Дали животот има вистинска смисла?
Дали животот има вистинска смисла?
„ДАЛИ животот има смисла?“ Многу луѓе си го поставуваат ова прашање. За жал, каков и да е нивниот став кон животот, мнозина не можат да го избегнат она што австрискиот невролог Виктор Е. Франкл го опишал како „чувство на бесмисленост и празнина“.
Зошто толку многу луѓе се чувствуваат така? Како прво, милиони живеат во крајна мизерија. Секојдневно се будат со проблеми како што се сиромаштијата, болестите, насилството и угнетувањето. Заради страдањата, животот на луѓето навистина е ‚полн со немир‘, како што рекол Јов од древни времиња (Јов 14:1). Главна цел им е да преживеат до следниот ден.
Милиони други луѓе се подобро ситуирани. Изгледа како сѐ да им оди подмачкано во животот. Но, многумина сѐ уште не се среќни. Зошто? Затоа што сите соништа им пропаѓаат откако ќе доживеат разни „неволји и тешкотии“ — неочекувани финансиски проблеми или големи трагедии, како што е смртта на нивното дете (Псалм 90:10).
Уште еден фактор што го засилува ова раширено чувство на „бесмисленост и празнина“ е тоа што животот минува додека да трепнеш. За мнозина не е логично тоа што луѓето, кои се толку надарени и талентирани, живеат кратко. Не можат да се помират со суровата реалност дека кога-тогаш, дури и ако ги избегнат најстрашните трагедии во животот, смртта ќе ги стигне (Проповедник 3:19, 20).
Дали животот секогаш ќе биде бесмислен?
Цар Соломон од древниот Израел добро ја опишал ситуацијата. Гледал како луѓето во негово време макотрпно работат и ги трошат своите сили и способности за да ја обработуваат земјата, за да градат и за да се грижат за своето семејство — Проповедник 2:17).
исто како и ние денес. Тој се прашувал која е смислата на сето тоа и на крајот заклучил дека сѐ што прават луѓето е „суета и трчање по ветар“ (Но, дали Соломон верувал дека она што го прават луѓето секогаш ќе биде „суета и трчање по ветар“? Не. Тој едноставно изнел едно реално гледиште за животот во овој несовршен свет. Меѓутоа, Божјата Реч може да ти влее доверба дека нема секогаш да биде вака!
Како можеш да стекнеш таква доверба? Следните две статии ќе ти помогнат да сфатиш зошто животот изгледа толку бесмислен, како ќе се смени тоа и како можеш да најдеш вистинска смисла во животот уште денес.