Дали Бог има организација?
Дали Бог има организација?
ВО СЀ што создал Бог се гледа ред. На пример, една „едноставна“ клетка квасец е чудесно организирана. Составена е од речиси ист број делови како и еден млазен авион Боинг 777. Сепак, секое делче си е на свое место во дијаметар од само пет микрони. * За разлика од млазните авиони, клетките на квасецот можат да се размножуваат. Во нив навистина владее голем ред и организација (1. Коринќаните 14:33).
Редот не се гледа само во материјалните работи. Библијата ни открива дека и во духовниот свет ангелите се добро организирани за да ја извршуваат волјата на својот Творец. Откако пророкот Даниел добил видение за огромно мноштво ангели во Божјиот небесен двор, напишал: „Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред него“ (Даниел 7:9, 10). Замисли си каков ред мора да постои за да можат безбројните ангели да го извршат она што ќе им го каже Бог за доброто на неговите слуги овде на Земјата! (Псалм 91:11).
Иако Творецот, Јехова Бог, е врвен организатор, тој не е бесчувствителен ниту, пак, мисли само на правилата. Напротив, тој е срдечен, среќен Бог кој е заинтересиран за доброто на сите свои созданија (1. Тимотеј 1:11; 1. Петрово 5:7). Ова се гледа од начинот на кој постапувал со древниот Израел и со христијаните во првиот век.
Древниот Израел — добро организиран народ
Преку Мојсеј, Јехова Бог ги организирал Израелците да му служат на исправен начин. Размисли за тоа како им биле распоредени шаторите додека биле улогорени во пустината Синај. Сигурно би настанал хаос ако секое семејство си го поставувало шаторот каде сака. Јехова му дал на својот народ јасни упатства за тоа во кој дел од логорот секое племе можело да ги подигне своите шатори (4. Мојсеева 2:1-34). Мојсеевиот закон содржел и детални прописи поврзани со здравјето и хигиената на луѓето — на пример, прописи во врска со отстранувањето на човечкиот измет (5. Мојсеева 23:12, 13).
Кога Израелците влегле во Ветената земја, биле добро организиран народ. Тие биле поделени на 12 племиња, а на секое од нив му било доделено парче земја. Законот што Јехова им го дал преку Мојсеј го опфаќал секое поле од животот — службата за Бог, бракот, семејството, образованието, работата, исхраната, земјоделството, сточарството итн. * Иако некои закони биле многу конкретни и детални, тие претставувале израз на Јеховината грижа за неговиот народ. Ако се држеле за нив, Израелците ќе биле среќни и ќе ја имале наклоноста од Јехова (Псалм 147:19, 20).
Иако Мојсеј бил способен водач, успехот не зависел од неговите способности туку од тоа дали ги следел упатствата што му ги давал Јехова. На пример, од каде знаел по кој пат да ги води Израелците низ пустината? Јехова им го покажувал патот 2. Мојсеева 13:21, 22). Иако Бог користел луѓе, Јехова лично го организирал и го водел својот народ. Истото било случај и во првиот век.
преку еден столб од облак дење и столб од оган ноќе (Првите христијани биле добро организирани
Како резултат на ревносното проповедање на апостолите и на учениците во првиот век, во многу делови од Азија и Европа биле основани христијански собранија. Иако биле раштркани насекаде, овие собранија не биле изолирани, независни групи. Наместо тоа, биле добро организирани и со љубов надгледувани од апостолите. На пример, Тит добил задача од апостол Павле да појде на Крит „за да ги организира работите“ (Тит 1:5, The Jerusalem Bible). А Павле му напишал на собранието во Коринт дека некои браќа имале „способност да организираат“, односно биле „добри организатори“ (1. Коринќаните 12:28, The New Testament in Modern Speech; The Bible in Contemporary Language). Но, на што се должел таквиот ред? Павле рекол дека „Бог го составил“, односно го организирал собранието (1. Коринќаните 12:24).
Надгледниците во христијанското собрание не им биле господари на своите соверници. Наместо тоа, тие биле „соработници“ кои го следеле водството од Божјиот дух. Од нив се очекувало да му бидат „пример на стадото“ (2. Коринќаните 1:24; 1. Петрово 5:2, 3). „Глава на собранието“ е воскреснатиот Исус Христос, а не некој човек или група несовршени луѓе (Ефешаните 5:23).
Кога собранието во Коринт почнало да ги прави работите сосема поинаку од начинот на кој се правеле во другите собранија, Павле им напишал: „Па зар Божјата реч излезе од вас? Зарем допре само до вас?“ (1. Коринќаните 14:36). Со ова реторичко прашање сакал да им укаже на нивното погрешно размислување и да им помогне да сфатат дека не треба да дејствуваат на своја рака. Собранијата растеле и напредувале само кога го следеле водството од апостолите (Дела 16:4, 5).
Израз на Божјата љубов
Како е денес? Некои можеби не сакаат да припаѓаат на некоја верска организација. Меѓутоа, Библијата покажува дека Бог секогаш ја користи својата организација за да го исполни она што го наумил. Тој го организирал својот народ во древниот Израел, а ги организирал и христијаните во првиот век да му служат на исправен начин.
Според тоа, зар не е логично да заклучиме дека Јехова Бог сѐ уште го води својот народ, како што го водел и во минатото? Да, тоа што неговите слуги се организирани и обединети е израз на неговата нежна грижа. Денес, Јехова ја користи својата организација за да ја исполни својата намера со луѓето. По што може да се препознае неговата организација? Да ги спомнеме следниве обележја.
▪ Вистинските христијани се организирани да извршат едно дело (Матеј 24:14; 1. Тимотеј 2:3, 4). Исус им заповедал на своите следбеници да им ја проповедаат добрата вест за Царството на сите народи. Не би успеале во тоа ако не се организирани на светско ниво. На пример, лесно можеш сам да нахраниш еден човек, но ако треба да нахраниш илјадници, па дури и милиони, ќе ти биде потребна група луѓе кои се добро организирани. За да ја извршат својата задача, вистинските христијани служат „рамо до рамо“, односно соработуваат во Божјата служба (Софонија 3:9, фуснота). Дали би било возможно да извршат едно дело во толку земји, на толку јазици и меѓу луѓе од сите раси ако не се обединети и добро организирани? Одговорот е многу јасен.
▪ Вистинските христијани се организирани да си помагаат и да се охрабруваат. Еден планинар, кога е сам, може да се искачува каде сака без да мисли на другите планинари кои не се толку искусни. Меѓутоа, ако му се случи нешто, ќе се најде во Изреки 18:1). За да можат христијаните да ја извршат Исусовата заповед, мора да си помагаат (Матеј 28:19, 20). Во христијанското собрание добиваме библиска поука, обука и охрабрување кои ни се неопходни за да продолжиме напред без да се откажеме. Каде на друго место ќе бидеме поучени за Јеховините патишта ако не се организираат христијански состаноци на кои добиваме поуки и му служиме на Бог? (Евреите 10:24, 25).
сериозна опасност бидејќи нема да има кој да му помогне. Воопшто не е мудро да се одвојува од другите (▪ Вистинските христијани се организирани да му служат на Бог обединето. Кога Исусовите овци ‚го слушаат неговиот глас‘, под неговото водство стануваат „едно стадо“ (Јован 10:16). Тие не се расеани во различни независни цркви и групи ниту, пак, се поделени поради доктринални прашања. Напротив, сите ‚зборуваат едно‘ (1. Коринќаните 1:10). За да живееме во единство треба да има ред, а за да има ред потребна е организација. Бог го дава својот благослов само таму каде што владее слога (Псалм 133:1, 3).
Искрената љубов кон Бог и кон вистината од Библијата привлекла милиони луѓе кон една организација што ги исполнува овие и други библиски барања. Како организиран и обединет народ, Јеховините сведоци во целиот свет ја вршат Божјата волја. Уверени се во Неговото ветување: „Ќе престојувам меѓу нив и ќе бидам меѓу нив, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ“ (2. Коринќаните 6:16). И ти можеш да го добиеш тој прекрасен благослов ако му служиш на Јехова Бог со неговата организација.
[Фусноти]
^ пас. 2 Еден микрон, или микрометар, претставува еден милионити дел од метарот.
^ пас. 7 Види ја книгата Увид во Светото писмо, том 2, страници 214-220 (англ.), издадена од Јеховините сведоци.
[Слика на страница 13]
Израелскиот логор бил добро организиран
[Слики на страници 14 и 15]
За да се проповеда по целиот свет, потребна е организација
Служба од врата до врата
Помош при катастрофи
Конгреси
Изградба на сали