Кој ја проповеда добрата вест?
Кој ја проповеда добрата вест?
„...ќе биде проповедана по целиот свет“ (МАТЕЈ 24:14)
ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ја проповедаат добрата вест. Тоа го прават во целиот свет и на различни начини. Еден начин е така што...
Им ја кажуваат на другите. Исто како Исус и неговите ученици, Јеховините сведоци одат кај луѓето за да им ја пренесат добрата вест, а не чекаат луѓето да дојдат кај нив (Лука 8:1; 10:1). Сите Јеховини сведоци, кои ги има преку седум милиони, им кажуваат на другите за Божјето Царство. Тие проповедаат од куќа до куќа, на улица, по телефон и на други начини. Минатата година, во делото на проповедање потрошија повеќе од една и пол милијарда часови.
Ги поучуваат луѓето за Божјето Царство и за ‚сѐ што заповедал‘ Исус (Матеј 28:20). Редовно водат повеќе од осум милиони бесплатни библиски студии.
Сведоците проповедаат во целиот свет, и тоа во 236 земји. Им ја пренесуваат веста на луѓе со најразлично потекло. Проповедаат по селата и по градовите, во амазонските џунгли и во сибирските шуми, во африканските пустини и на Хималајските планини. Не добиваат плата за тоа, туку проповедаат на свој трошок и во своето слободно време, мотивирани од љубов кон Бог и кон ближниот. Добрата вест ја објавуваат и на тој начин што...
Издаваат различни публикации. Ова списание, чиј целосен назив е Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство, се издава на 185 јазици и секој број има тираж од повеќе од 42 милиони примероци. И придружното списание Разбудете се!го објавува Царството и се издава на 83 јазици со тираж од околу 40 милиони примероци.
Книги, брошури, трактати и аудио снимки и DVD-ja во кои се објаснети библиските учења сега има на околу 540 јазици. Само во изминативе десет години Сведоците имаат отпечатено и поделено повеќе од 20 милијарди вакви публикации, што значи во просек по 3 публикации на секој човек на Земјата!
Јеховините сведоци отпечатиле или нарачале да се отпечатат различни преводи на Библијата. Свето писмо — превод Нов свет, кое го преведуваат и издаваат Сведоците и кое може да се добие само од нив — сега го има комплетно или дел од него на 96 јазици. Дистрибуирани се повеќе од 166 милиони примероци. Сведоците ја шират добрата вест за Царството и...
На христијанските состаноци. Седмичните состаноци кои се одржуваат во локалните Сали на Царството не служат само за верска поука туку имаат и образовен карактер. Се изнесуваат говори на библиски теми, а Библијата се проучува со
помош на списанието Стражарска кула и други публикации. Освен тоа, на тие состаноци Сведоците учат поделотворно да ја објавуваат добрата вест.Сведоците го проучуваат истиот материјал во повеќе од 107.000 собранија во светот, што придонесува за нивното единство. На овие состаноци секој е добредојден и не се собираат прилози. Се разбира, ништо од сево ова не би имало смисла ако Сведоците не постапуваат така како што проповедаат. Според тоа, даваат сѐ од себе да им ја пренесат на другите добрата вест...
Со својот личен пример. Се трудат да се однесуваат примерно како што им прилега на христијани и прават сѐ за да постапуваат со другите онака како што сакаат другите да постапуваат со нив (Матеј 7:12). Иако се несовршени и понекогаш прават грешки, тие искрено сакаат да покажуваат љубов кон сите луѓе не само со тоа што ќе им ја пренесат добрата вест туку и ќе им помагаат секогаш кога е можно.
Со своето проповедање Јеховините сведоци не се обидуваат да го променат светот. Тие ќе проповедаат сѐ додека Јехова не каже дека е доволно, и тогаш, како што прорекол Исус, ќе дојде крајот. Што ќе значи тоа за Земјата и за луѓето на неа?
[Слика на страница 7]
Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест во целиот свет