Зошто Бог војувал со Ханаанците?
Зошто Бог војувал со Ханаанците?
„Мораш да ги уништиш: Хетејците и Аморејците, Ханаанците и Ферезејците, Евејците и Евусејците, како што ти заповеда Јехова, твојот Бог“ (5. МОЈСЕЕВА 20:17)
„Бидете во мир со сите луѓе“ (РИМЈАНИТЕ 12:18)
ДАЛИ овие библиски стихови ти звучат противречно? На многумина, Божјата наредба за уништување на Ханаанците не им оди заедно со библискиот совет да се биде мирољубив * (Исаија 2:4; 2. Коринќаните 13:11). Ним овие упатства им изгледаат контрадикторни.
Што би го прашал Бог кога би можел да разговараш со него на оваа тема? Сега ќе разгледаме пет вообичаени прашања и одговорите што ги дава Библијата.
1. Зошто биле истерани Ханаанците? Ханаанците, всушност, живееле во земја што не била нивна. Зошто го велиме ова? Околу 400 години претходно, Бог му ветил на верниот Авраам дека неговите потомци ќе ја поседуваат земјата Ханаан (1. Мојсеева 15:18). Бог го одржал тоа ветување кога се погрижил израелскиот народ, кој потекнувал од Авраам, да го заземе тој предел. Се разбира, некои можеби ќе приговорат дека Ханаанците веќе живееле таму и, според тоа, имале право на таа земја. Но, сигурно дека како Севишен владетел на целата вселена, Бог има неприкосновено право да одреди кој каде ќе живее (Дела 17:26; 1. Коринќаните 10:26).
2. Зошто Бог не дозволил Ханаанците да живеат заедно со Израелците? „Нека не останат во твојата земја“, опоменал Бог во врска со Ханаанците, „за да не те наведат да ми згрешиш. Ако им служиш на нивните богови, тоа ќе ти биде замка“ (2. Мојсеева 23:33). Подоцна, пророкот Мојсеј му рекол на Израел: „Јехова, твојот Бог, ги истерува тие народи од пред тебе поради нивната злоба“ (5. Мојсеева 9:5). Но, колку злобни биле тие народи?
Неморалот, обожавањето пагански богови и жртвувањето деца биле многу раширени во Ханаан. Библискиот историчар Хенри Х. Хали забележува дека археолозите што вршеле ископувања во тој предел „откриле многу ќупови во кои имало останки од деца жртвувани на Ваал [важен бог за Ханаанците]“. Тој додава: „Се утврди дека целото место било гробница за новороденчиња... Религијата на Ханаанците се состоела од вршење сексуален неморал во присуство на нивните богови како дел од верскиот ритуал; а потоа ги убивале своите првородени деца како жртва што им ја принесувале на истите тие богови. Најверојатно целата земја била расипана исто како Содом и Гомор... Археолозите што копаат во урнатините на ханаанските градови се чудат зошто Бог не ги уништил порано“.
1. Мојсеева 6:11; 2. Петрово 2:5). Исто така, Бог ги уништил градовите Содом и Гомор кога гревот на нивните жители станал „многу тежок“ (1. Мојсеева 18:20; 2. Петрово 2:6). Тој ѝ изрекол пресуда и на Ниневија, престолнината на Асирија, која била наречена ‚крволочен град‘, но ја поштедил кога нејзините жители се покајале за гревот (Наум 3:1; Јона 1:1, 2; 3:2, 5-10). А Ханаанците, пак, ги уништил за да го заштити Израел, народот од кој требало да дојде Месијата (Псалм 132:11, 12).
3. Зар во тоа време немало и други злобни луѓе на Земјата? Зошто биле уништени само Ханаанците? Во многу прилики, Бог селективно ги погубувал грешниците. Кога ‚земјата се наполнила со насилство‘ во времето на Ное, Бог предизвикал потоп во кој ги уништил сите освен една фамилија — фамилијата на Ное (4. Зар уништувањето на Ханаанците не е спротивно на Божјата љубов? На прв поглед можеби се чини дека тоа што Бог ги истребил Ханаанците не е во склад со неговата љубов (1. Јованово 4:8). Меѓутоа, таа љубов доаѓа до израз кога гледаме на работите малку подлабоко.
Бог одамна знаел дека жителите на Ханаан тргнале во погрешен правец. Сепак, наместо веднаш да ги уништи, тој стрпливо дозволил да поминат 400 години сѐ додека на нивните гревови „не им дошол крајот“ (1. Мојсеева 15:16).
Кога Ханаанците почнале толку да грешат што повеќе немало никаква надеж дека ќе се поправат, Јехова им ставил крај. Дури и тогаш, тој не ги истребил слепо сите Ханаанци. Зошто? Затоа што не биле сите непоправливи. На оние што биле спремни да се менуваат, како што биле Раав и Гаваонците, им покажал милост (Исус Навин 9:3-11, 16-27; Евреите 11:31).
5. Како можел еден Бог на љубовта да уништува луѓе? Ова прашање е сосема разбирливо, бидејќи мислата да се уништуваат човечки животи воопшто не е пријатна. Но, токму љубовта била таа што го натерала Бог да преземе такви драстични мерки против злобните. Да наведеме еден пример: Кога еден пациент ќе добие гангрена, лекарите честопати немаат друг избор освен да го ампутираат зафатениот дел. Малкумина би се радувале ако треба
да извршат една таква интервенција, но еден добар лекар знае дека другата опција — да остави да се рашири инфекцијата — е полоша. Бидејќи му е важен пациентот, лекарот ја извршува таа непријатна интервенција за негово добро.Слично, и Јехова не се радувал кога требало да ги уништи Ханаанците. Тој самиот рекол: „Јас не ја сакам смртта на грешникот“ (Езекиел 33:11, Превод на МПЦ). Во исто време, имал намера од израелскиот народ да дојде Месијата, оној што требало да го отвори патот за спасение на сите што покажуваат вера (Јован 3:16). Затоа, Бог едноставно не можел да дозволи Израел да биде расипан од одвратните обичаи на Ханаанците. Од таа причина наредил Ханаанците да бидат истерани од земјата. Притоа, Бог покажал многу голема љубов — љубов што го мотивирала да ја изврши таа непријатна задача за доброто на своите верни слуги.
Поуката за нас
Дали и ние денес можеме да научиме нешто од извештајот за уништувањето на Ханаанците? Да, бидејќи во Римјаните 15:4 пишува: „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“. На кој начин она што се случило во Ханаан служи за наша поука и ни дава надеж?
Од овие извештаи учиме многу. На пример, Бог милостиво ги поштедил Раав и Гаваонците кога му се обратиле со вера. Ова нѐ потсетува дека секој што вистински сака да му угоди на Бог може да успее во тоа, без оглед на неговото минато или на поранешните гревови (Дела 17:30).
Извештаите за уништувањето во ханаанската земја ни даваат и надеж затоа што ни помагаат да разбереме што ќе направи Бог во блиска иднина. Тие нѐ уверуваат дека тој нема да дозволи злото сосема да го уништи доброто. Наместо тоа, Библијата потврдува дека наскоро Бог ќе дејствува и ќе ги уништи сите злобни, а оние што го сакаат ќе бидат избавени и ќе живеат во еден праведен нов свет (2. Петрово 2:9; Откровение 21:3, 4). Тогаш ќе се исполнат следниве утешни зборови: „Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат. Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата. Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа“ (Псалм 37:34).
[Фуснота]
^ пас. 4 Во оваа статија, терминот „Ханаанци“ се однесува на сите народи за кои Бог им заповедал на Израелците да ги истераат.
[Рамка на страница 14]
Дали Библијата ги оправдува човечките војни?
Дали тоа што Бог им заповедал на Израелците да ги уништат Ханаанците ги оправдува денешните човечки војни? Не, и тоа од најмалку три причини:
▪ Ниедна нација на Земјата денес не е во посебен однос со Бог. Кога Израелците го отфрлиле Исус како Месија, повеќе не служеле како Божји претставници — дури ни како извршители на Божјите осуди (Матеј 21:42, 43). Јехова почнал да гледа на Израелците исто како што гледал и на другите народи (3. Мојсеева 18:24-28). Оттогаш, ниеден народ на Земјата не може со право да тврди дека Бог му помага во војните.
▪ Јехова повеќе не им дава на своите слуги некоја посебна земја или географски регион. Наместо тоа, неговите слуги ги има во „сите народи и племиња“ на Земјата (Откровение 7:9; Дела 10:34, 35).
▪ Исус јасно покажал дека неговите следбеници нема да војуваат. Кога предупредил дека Ерусалим ќе биде нападнат, тој не им рекол на своите ученици да останат и да се борат туку да бегаат, како што и направиле (Матеј 24:15, 16). Наместо да земат оружје в рака, вистинските христијани ја полагаат својата целосна доверба во Божјето Царство, кое наскоро ќе ја отстрани сета злоба од Земјата (Даниел 2:44; Јован 18:36).
[Слика на страница 15]
Примерот на Раав покажува дека секој може да му угоди на Бог ако вистински го сака тоа