Јехова ќе те поткрепи
„Јехова ќе го поткрепи кога ќе лежи болен в постела“ (ПС. 41:3)
1, 2. Што направил Бог во минатото, и што можеби се прашуваме понекогаш?
АКО некогаш си бил тешко болен, можеби си се прашувал: ‚Дали ќе оздравам?‘ Или, пак, можеби си се прашувал дали некој сакан член на семејството или пријател ќе закрепне од некоја болест. Нормално е да си го поставиме ова прашање ако се соочуваме со некој здравствен проблем. На пример, во Библијата пишува за два цара кои живееле во времето на пророците Илија и Елисеј. Цар Охозија, синот на Ахав и Језавела, паднал и тешко се повредил, па затоа прашал: „Дали ќе закрепнам од оваа повреда?“ Подоцна, сирискиот цар Вен-Адад тешко се разболел, и прашал: „Дали ќе закрепнам од оваа болест?“ (2. Цар. 1:2; 8:7, 8).
2 Во времето на овие цареви, Јехова понекогаш ги лекувал луѓето со чуда. Преку своите пророци тој воскреснал и две деца (1. Цар. 17:17-24; 2. Цар. 4:17-20, 32-35). Можеби денес некои што се болни се прашуваат дали Бог и ним ќе им помогне да оздрават. Имаме ли причина да очекуваме такво нешто?
3-5. Каква моќ имаат Јехова и Исус, и кои прашања ќе ги разгледаме?
1. Мој. 12:17; 4. Мој. 12:9, 10; 2. Сам. 24:15). Бог ги предупредил Израелците дека ќе пушти врз нив секаква болест и неволја ако му се неверни (5. Мој. 28:58-61). Од друга страна, Јехова понекогаш ги отстранувал болестите или спречувал некој да се разболи (2. Мој. 23:25; 5. Мој. 7:15). Освен тоа, тој излекувал некои луѓе. На пример, Јехова го излекувал Јов кој бил толку болен што посакувал да умре (Јов 2:7; 3:11-13; 42:10, 16).
3 Нема никакво сомнение дека Бог има моќ да влијае врз здравјето на луѓето. Библијата ни го потврдува ова. Јехова понекогаш казнувал поединци со болест. На пример, тој го удрил со болест фараонот во времето на Авраам, а подоцна и Маријам, сестрата на Мојсеј (4 Ова јасно покажува дека Бог може да ги излекува болните. И Исус има таква моќ. Кога бил на Земјата, тој со чудо лекувал луѓе кои имале лепра или епилепсија. Освен тоа, излекувал некои што биле слепи или парализирани. (Прочитај Матеј 4:23, 24; Јован 9:1-7.) Овие чуда се само претслика на она што Исус ќе го прави во многу поголеми размери во новиот свет. Зарем не го очекуваме со нетрпение тоа време, кога „никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“? (Иса. 33:24).
5 Но, ако се разболиме од некоја тешка болест денес, дали треба да очекуваме дека Бог или Исус ќе нѐ излекуваат со чудо? За што треба да размислиме ако мора да донесеме одлука како да се лекуваме?
ПОТПИРАЈ СЕ НА ЈЕХОВА ДОДЕКА СИ БОЛЕН
6. Што вели Библијата во врска со ‚дарот за лекување‘ кој го имале некои христијани во првиот век?
6 Во првиот век, Јехова ги помазал христијаните со својот свет дух и на некои од нив им дал моќ да прават чуда (Дела 3:2-7; 9:36-42). Меѓу ‚различните дарови‘ на духот бил и ‚дарот за лекување‘ (1. Кор. 12:4-11). Но, подоцна овој и другите дарови, како што било зборувањето јазици и пророкувањето, исчезнале — токму како што било претскажано во Библијата (1. Кор. 13:8). Затоа, нема причина да очекуваме дека Бог ќе нѐ излекува со чудо ниту нас ниту нашите најблиски.
7. Како може да нѐ охрабри Псалм 41:3?
7 Сепак, ако сме болни, може да го молиме Јехова да ни даде утеха, мудрост и помош, како што правеле неговите слуги во минатото. Цар Давид напишал: „Среќен е оној што постапува обѕирно со бедниот, Јехова ќе го избави во денот на неволја. Јехова ќе го заштити и ќе му го зачува животот“ (Пс. 41:1, 2). Се разбира, Давид не сакал да каже дека оној кој постапувал обѕирно кон бедните нема никогаш да умре. Тогаш, во која смисла Бог ќе му помогнел на таквиот човек? Давид објаснил: „Јехова ќе го поткрепи кога ќе лежи болен в постела. Ќе се грижиш за него додека е болен“ (Пс. 41:3). Оној што постапувал обѕирно со бедниот можел да биде сигурен дека Бог гледа колку му е тешко поради болеста, и дека нема да го заборави туку ќе му даде мудрост и сила. Освен тоа, Јехова го создал човечкото тело со способност да се регенерира и да заздрави. Самото тоа можело да му помогне на таквото лице да закрепне од својата болест.
8. Според Псалм 41:4, што барал Давид од Јехова?
8 Во Псалм 41, Давид зборува за времето кога самиот бил тешко болен, и се чувствувал немоќно и загрижено. По сѐ изгледа, во тој период син му Авесалом сакал да го приграби неговиот престол. Давид бил толку болен што не можел да го спречи во тоа. Тој бил свесен дека проблемите во неговото семејство се последица на неговиот грев со Витсавеа (2. Сам. 12:7-14). Затоа, што направил? Давид се молел: „Јехова, смилувај ми се! Излекувај ме, зашто ти згрешив“ (Пс. 41:4; Превод Нов свет — ревидирано издание на англиски од 2013). Бидејќи знаел дека Јехова му го простил тој грев, Давид бил уверен дека Бог ќе го поткрепи додека лежи болен в постела. Но, дали очекувал Јехова да го излекува со чудо и да му го продолжи животот?
9. а) Што направил Јехова за цар Езекија? б) Што очекувал Давид од Јехова?
9 Точно е дека понекогаш Бог одлучувал да излекува некого со чудо. На пример, кога Езекија бил на смртна постела, Јехова го излекувал, и овој цар живеел уште 15 години (2. Цар. 20:1-6). Но, Давид не се молел за такво чудо. Наместо тоа, контекстот покажува дека побарал од Бог да му помогне исто како што би му помогнал на некој ‚што постапувал обѕирно кон бедниот‘. Бидејќи имал добар однос со Јехова, Давид можел да бара сила и утеха од него. Исто така, можел да се моли неговото тело постепено самото да закрепне од болеста (Пс. 103:3). И ние може да го молиме Бог да ни помогне на сличен начин.
10. Што учиме од она што им се случило на Трофим и Епафродит?
10 Апостол Павле и други христијани во првиот век понекогаш можеле да ги лекуваат луѓето со чудо. (Прочитај Дела 14:8-10.) На пример, Павле го излекувал ‚таткото на Публиј, кој го мачела треска и дизентерија‘ така што ‚се помолил и ги положил рацете врз него‘ (Дела 28:8). Сепак, тој не ги лекувал сите што ги познавал. Не го излекувал својот близок соработник, Трофим, кој го придружувал во едно мисионерско патување (Дела 20:3-5, 22; 21:29). Кога Трофим се разболел и не можел да продолжи да патува, Павле не го излекувал туку го оставил во Милет за да закрепне (2. Тим. 4:20). И еден друг негов добар пријател, Епафродит, ‚се разболел речиси до смрт‘. Но, никаде во Библијата не пишува дека Павле го излекувал со чудо (Фил. 2:25-27, 30).
ПРЕЗЕМИ РАЗУМНИ ЧЕКОРИ
11, 12. Што знаеме за Лука, и како можеби му помагал на Павле?
11 Со Павле патувал и „Лука, саканиот лекар“, кој ја напишал библиската книга Дела (Кол. 4:14; Дела 16:10-12; 20:5, 6). Тој најверојатно им давал совети за здравјето на Павле и на другите, и им пружал стручна помош кога ќе се разболеле во текот на мисионерските патувања (Гал. 4:13). Ова е во склад со следниве зборови на Исус: „На здравите не им треба лекар, туку на болните“ (Лука 5:31).
12 Лука бил лекар, а не само некој што сакал да дава совети за здравјето. Библијата не кажува кога и каде се школувал. Но, бидејќи во поздравите до христијаните во Колоси, Павле ја спомнал неговата лекарска професија, некои сметаат дека Лука можеби се школувал во блиската Лаодикија, каде што имало медицинско училиште. Освен тоа, и во своето евангелие и во книгата Дела, Лука користи специфични медицински изрази. Затоа што бил лекар, тој спомнал и многу случаи во кои Исус излекувал некого.
13. Што мора да имаме на ум пред да дадеме или да прифатиме некој совет во врска со здравјето?
13 Денес ниту еден сохристијанин не може да направи чудо и да нѐ излекува. Сепак, некои добронамерни браќа и сестри имаат обичај да даваат совети во врска со здравјето, дури и кога никој не го бара тоа од нив. Се разбира, * (Прочитај 1. Тимотеј 5:23.) Меѓутоа, кога некој брат нѐ убедува да се држиме за одреден режим на исхрана или да земаме некакви лекови или билки, треба да бидеме претпазливи бидејќи тие можеби не се толку ефикасни, а во некои случаи можат да бидат и штетни. Понекогаш некој соверник можеби ќе тврди дека тоа му помогнало на негов роднина кој имал сличен здравствен проблем. Сеедно колку е искрен советот, треба да имаме на ум дека дури и лекарствата и третманите кои ги користат повеќето луѓе можат да имаат штетни последици. (Прочитај Изреки 27:12.)
не е погрешно да се даваат општи и практични предлози. Павле дал ваков совет кога Тимотеј имал проблеми со желудникот, веројатно поради тоа што водата за пиење била загадена.МУДРО Е ДА БИДЕМЕ ПРЕТПАЗЛИВИ
14, 15. а) Од какви луѓе треба да се чуваме? б) Како може да ни помогне Изреки 14:15 кога станува збор за препораки во врска со здравјето?
14 Како христијани, ние сакаме да бидеме здрави за да му се радуваме на животот и без пречки да му служиме на Бог. Сепак, бидејќи сме несовршени, не можеме да ги избегнеме сите болести. Ако се разболиме, ни стојат на располагање разни видови лекувања. Секој има право да избере како ќе се лекува. За жал, во овој алчен свет, некои сакаат да печалат на маката на другите. Затоа нудат одредени „лекови“ или „терапии“ кои ги поткрепуваат со лажни тврдења и измислени препораки. Освен тоа, некои поединци и фирми рекламираат производи кои се прилично скапи со цел да заработат огромни суми пари. Кога човек е болен и очајно сака да му биде подобро или да си го продолжи животот, можеби е спремен да проба сѐ и сешто. Но, да не заборавиме на следниов библиски совет: „Лековерниот верува на секој збор, а паметниот внимава на своите чекори“ (Изр. 14:15).
15 Ако сме мудри, особено ќе внимаваме кога препораката доаѓа од некој што не е доволно стручен. Добро е да се прашаме: ‚Тој вели дека овој витамин, билка или начин на исхрана наводно им помогнале на некои, но дали имам доказ дека навистина е така? Дури и да им помогнале на други, од каде може да бидам сигурен дека ќе ми помогнат и мене? Дали треба да истражувам уште малку за таа работа или, пак, да се обратам кај некое стручно лице?‘ (5. Мој. 17:6).
16. На што треба да мислиме кога донесуваме одлуки за здравјето?
16 Божјата Реч нѐ советува „да живееме разборито... среде овој сегашен свет“ (Тит 2:12). Особено треба да бидеме разборити, односно да го користиме разумот, кога некоја метода на испитување или терапија ни изгледа многу необично или чудно. Дали тој што ја нуди може добро да ти објасни како функционира? Дали повеќето стручњаци се согласуваат дека таа дава добри резултати? (Изр. 22:29). Или, пак, оној што ти ја нуди само сака да те фати на емоции? Можеби тврди дека таквата метода или терапија била откриена или користена во некое далечно место, или дека лекарите сѐ уште не знаат за неа. Дали таквото тврдење ти звучи веродостојно, па дури и разумно? Некои можеби нудат терапии или прегледи со апарати при кои се користи некоја „таинствена состојка“ или некаква си енергија. Ова може да биде многу опасно. Сети се дека Бог нѐ предупредува да се чуваме од натприродни сили и магии (Иса. 1:13; 5. Мој. 18:10-12).
„ОСТАНЕТЕ СО ЗДРАВЈЕ!“
17. Каква нормална желба има секој од нас?
17 Водечкото тело во првиот век испратило писмо до браќата во собранијата, во кое пишувало од кои работи треба да се чуваат. Во заклучокот на писмото стоело: „Ако се чувате од тоа, ќе ви биде добро. Останете со здравје!“ (Дела 15:29). Иако последните зборови се само еден вид поздрав, тие нѐ потсетуваат дека е нормално да сакаме да бидеме здрави за да му служиме на нашиот величествен Бог.
18, 19. Што може да очекуваме во новиот свет?
18 Затоа што сме несовршени, сѐ додека трае сегашниов свет можно е да се разболиме. Ако се случи такво нешто, не можеме да очекуваме Јехова да нѐ излекува со чудо. Но, Откровение 22:1, 2 зборува за времето кога ќе бидеме целосно излекувани. Во видение, на апостол Јован му биле покажани „река со вода на животот“ и „дрвја на животот“ чии лисја ‚биле за лекување на народите‘. Ова не се однесува на билни лекарства кои би можеле да ги користиме сега или во иднина. Наместо тоа, укажува на сето она што Јехова и Исус ќе го направат за да можат послушните луѓе да живеат засекогаш (Иса. 35:5, 6).
19 Додека со нетрпение го очекуваме тоа прекрасно време, да не заборавиме дека Јехова нѐ сака и дека сочувствува со нас кога сме болни. Може да бидеме сигурни дека нашиот Бог ќе нѐ поткрепи ако се разболиме. Исто како Давид, и ние може да му кажеме: „Ти ме поткрепи зашто сум непорочен, и ќе ме ставиш да бидам пред твоето лице за навек“ (Пс. 41:12).
^ пас. 13 Во една книга за виното се вели: „Со експеримент било докажано дека тифусот и други опасни микроби многу брзо умираат кога ќе дојдат во допир со вино“ (The Origins and Ancient History of Wine).