Служи му на Јехова со неподелено внимание
‚Марија ги слушаше зборовите на Исус. Марта, пак, беше многу зафатена со послужувањето‘ (ЛУКА 10:39, 40)
1, 2. Зошто Исус ја сакал Марта, но каква грешка направила таа?
ШТО мислиш, каква личност била Марта, сестрата на Лазар? Библијата вели дека Исус бил многу добар пријател со неа и дека ја сакал. Се разбира, таа не била единствената жена која Исус ја почитувал и ја сакал. На пример, тој ѝ бил добар пријател и на Марија, сестрата на Марта. А ја сакал и својата мајка, Марија (Јован 11:5; 19:25-27). Но, да видиме зошто Исус имал наклоност кон Марта.
2 Исус сигурно ја сакал Марта затоа што била духовна личност, а не само затоа што била гостопримлива и трудољубива. Таа покажала вистинска вера во она што го поучувал Исус и била потполно уверена дека тој е ветениот Месија (Јован 11:21-27). Сепак, Марта била несовршена. Исто како сите ние, и таа правела грешки. На пример, кога еднаш Исус бил на гости кај нив, Марта си зела за право да му каже дека треба да ја исправи сестра ѝ, која според неа постапила погрешно. Таа му рекла: „Господару, зарем не ти е грижа што сестра ми ме остави сама да послужувам? Речи ѝ да ми помогне!“ (Прочитај Лука 10:38-42.) Што може да научиме од овој извештај?
МАРТА СЕ ЗАФАТИЛА СО ПОМАЛКУ ВАЖНИ РАБОТИ
3, 4. а) Зошто може да се каже дека Марија го избрала „подобриот дел“? б) Кој совет несомнено го зела присрце Марта? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
3 Бидејќи бил благодарен што Марта и Марија му укажале гостољубивост, Исус сакал да им даде духовен дар. Марија ја искористила можноста да учи од Големиот Учител. Таа веднаш седнала ‚крај нозете на Господарот за да ги слуша неговите зборови‘. И Марта можела да го стори истото. Ако му обрнела целосно внимание, Исус ќе ја пофалел и неа.
4 Но, Марта имала полни раце работа бидејќи подготвувала посебно јадење и вршела други работи низ дома за да може Исус да се чувствува пријатно. Кога ѝ станало јасно дека сестра ѝ нема да ѝ помогне, таа се налутила и му се пожалила на Исус. Бидејќи видел дека Марта премногу се труди, тој љубезно ѝ рекол: „Марта, Марта, се грижиш и се вознемируваш за многу работи, а малку е потребно, или само едно“. А потоа ја пофалил сестра ѝ, велејќи: „Марија го избра подобриот дел, кој нема да ѝ се одземе“. Иако по кратко време Марија веројатно заборавила што јадела во таа посебна прилика, сигурно никогаш не ја заборавила пофалбата и поуките што ги добила од Исус затоа што го слушала со неподелено внимание. А дали Марта го зела присрце советот што Исус со љубов ѝ го дал? Да. Ова јасно се гледа од следниве зборови што апостол Јован ги запишал повеќе од 60 години подоцна: „Исус ги сакаше Марта и нејзината сестра“ (Јован 11:5). Без сомнение, Марта извлекла корист од она што ѝ го кажал Христос, и му служела верно на Јехова до крајот на својот живот.
5. Зошто денес е особено тешко да го насочиме вниманието на важните работи, и кое прашање ќе го одговориме?
5 Ние сме свесни дека, за разлика од првиот век, денес има многу повеќе работи кои можат да ни го одвлечат вниманието од духовните активности. Во Стражарска кула од 15 септември 1958 год., браќата и сестрите биле предупредени да не дозволат технологијата да им го одврати вниманието од службата за Јехова. Уште во тоа време изгледало дека секој ден се појавува нешто ново. Станале многу популарни илустрираните списанија, радиото, филмовите и телевизијата. Во Стражарската кула пишувало дека, „како што наближува крајот, веројатно ќе има сѐ повеќе работи што ќе ни го одвлекуваат вниманието“. Ова навистина е случај денес. Затоа, што може да направиме за да бидеме послични на Марија и да се концентрираме на службата за Јехова?
ДА НЕ ГО КОРИСТИМЕ СВЕТОТ ВО ПОТПОЛНОСТ
6. Како Јеховините слуги ја користат технологијата?
6 Земниот дел на Божјата организација секогаш добро ја користел технологијата за да им ја пренесе добрата вест на луѓето. На пример, размисли за „Фотодрамата за создавањето“, која се состоела од дијапозитиви и видеоснимки во боја и со звук. На крајот на оваа драма биле опишани прекрасните, мирољубиви услови кои ќе ги донесе илјадагодишното владеење на Исус Христос. Пред и во текот на Првата светска војна, Фотодрамата им донела голема утеха на милиони луѓе низ целиот свет. Подоцна, Јеховините слуги го користеле радиото за да ја пренесат пораката за Царството до уште милиони други. Денес ги користиме компјутерите и Интернетот како моќни средства за да ја шириме добрата вест. Преку нив, библиската порака стигнува до секој дел на Земјината топка, дури и до најоддалечените острови!
7. а) Зошто е опасно премногу да го користиме светот? б) Што треба да ни биде најважно? (Види ја фуснотата.)
1. Коринќаните 7:29-31.) Еден христијанин лесно може да прави работи кои сами по себе не се погрешни, но одземаат премногу време. На пример, некои од нас уживаат да се занимаваат со некое хоби, да читаат разни книги, да гледаат телевизија, да одат на екскурзии и патувања, да разгледуваат излози или да бидат во тек со најновите електронски уреди и апарати. Мнозина користат социјални мрежи, испраќаат и примаат пораки и имејлови, и редовно ги следат најновите вести и спортски настани. Но, понекогаш трошат премногу време на овие работи, па дури и стануваат зависници од нив * (Проп. 3:1, 6). Ако не го ограничиме времето што го трошиме на неважни работи, би можеле да го занемариме она што е најважно — духовните активности. (Прочитај Ефешаните 5:15-17.)
7 Библијата нѐ предупредува дека е опасно премногу да го користиме она што го нуди светот. (Прочитај8. Зошто е многу важно да не го сакаме она што е во светот?
8 Сатана користи сѐ што му стои на располагање за да нѐ привлече кон својот свет и да ни го одврати вниманието од службата за Јехова. Ова го правел во првиот век, и го прави во уште поголема мера денес (2. Тим. 4:10). Затоа, треба да го послушаме следниов совет: „Немојте да го сакате... она што е во светот!“ Ако постојано ги правиме потребните промени за да живееме во склад со тој совет, ќе можеме да служиме со неподелено внимание, и нашата „љубов кон Таткото“ ќе продолжи да расте. Ова ќе ни помогне да ја вршиме Божјата волја и засекогаш да останеме во неговата милост (1. Јов. 2:15-17).
НАСОЧИ ГО ВНИМАНИЕТО НА ОНА ШТО Е НАЈВАЖНО
9. Зошто Исус ги советувал своите ученици да задржат „бистро око“, и каков пример дал во тој поглед?
9 Љубезниот совет што Исус ѝ го дал на Марта бил во потполн склад со она што го поучувал. Тој ги советувал своите ученици да задржат „бистро око“ за да продолжат со неподелено внимание да му служат на Јехова и на Царството. (Прочитај Матеј 6:22, 33.) Самиот Исус дал извонреден пример. Тој немал многу во материјален поглед, и не поседувал ни куќа ни каков и да било друг имот (Лука 9:58; 19:33-35).
10. Каков пример дал Исус во почетокот на својата служба?
10 Исус не дозволил ништо да му го одврати вниманието од проповедањето. На пример, кратко откако ја започнал својата служба, мноштвата во Капернаум го молеле да остане уште малку во нивниот град. Но, што направил Исус? Тој рекол: „И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен“ (Лука 4:42-44). И навистина, Исус ја пропешачил Палестина надолго и нашироко, проповедајќи и поучувајќи го народот. Сепак, иако бил совршен, тој имал нормални човечки потреби и понекогаш бил многу уморен затоа што се трошел во Божјата служба (Лука 8:23; Јован 4:6).
11. Што му кажал Исус на еден човек кој имал семеен проблем, и какво предупредување дал?
11 Во друга прилика, додека ги поучувал своите следбеници како да се справат со противење, еден човек го прекинал, велејќи: „Учителе, речи му на брат ми да го подели наследството со мене!“ Но, Исус не дозволил да биде вовлечен во таа семејна расправија. Тој рекол: „Човеку, кој ме поставил мене да судам или да делам меѓу вас?“ А потоа продолжил да ги поучува своите следбеници, предупредувајќи ги дека е опасно да дозволат материјалните работи да им го одвратат вниманието од службата за Бог (Лука 12:13-15).
12, 13. а) Зошто некои грчки преобратеници кои дошле во Ерусалим биле восхитени од Исус? б) Што направил Исус кога Филип го замолил да му договори средба со тие луѓе?
12 Во последната седмица од својот живот на Земјата, Исус бил под огромен стрес (Мат. 26:38; Јован 12:27). Тој знаел дека ќе претрпи ужасно страдање и дека ќе биде погубен. Но, бил свесен и дека го чека уште работа пред да се случи тоа. На пример, размисли за она што се случило во неделата на 9 нисан во 33 год. од н.е. Како што било проречено, Исус влегол во Ерусалим на магаре, а мноштвата го поздравиле како ‚Цар што доаѓа во името на Јехова‘ (Лука 19:38). Следниот ден, храбро ги исфрлил од храмот алчните трговци кои продавале работи за многу високи цени и на тој начин ги пљачкале своите сонародници (Лука 19:45, 46).
13 Меѓу мноштвата во Ерусалим имало и некои грчки преобратеници во еврејската вера. Тие очигледно биле толку восхитени од она што го направил Исус што го замолиле апостол Филип да им договори средба со него. Но, Исус не дозволил да му биде одвратено вниманието од поважните работи кои му претстоеле. Тој не сакал да ја задоволува љубопитноста на луѓето ниту, пак, да собира приврзаници кои би го одбраниле од Божјите непријатели. Напротив, знаел дека Јеховината волја за него е да го даде својот живот како жртва. Откако им објаснил на Андреј и на Филип дека наскоро ќе биде погубен, тој рекол: „Кој го сака својот живот, го уништува, а кој го мрази својот живот во овој свет, ќе го зачува за вечен живот“. Со овие зборови, Исус нагласил дека и секој што го следи мора да биде спремен на жртви. Но, потоа ветил: „Ако некој ми служи, Таткото ќе му укаже чест“. Без сомнение, Филип им ја пренел оваа охрабрувачка порака на тие Грци (Јован 12:20-26).
14. Иако Исус го ставил проповедањето на прво место во животот, што покажува дека бил урамнотежен?
14 Иако проповедањето му било најважно, Исус одвојувал време и за други работи. На пример, тој бил на најмалку една свадба, и дури придонел за радоста Јован 2:2, 6-10). Освен тоа, одел на вечера кај блиски пријатели и кај луѓе кои биле заинтересирани за добрата вест (Лука 5:29; Јован 12:2). Но, што е уште поважно, Исус често одвојувал време за да се моли, насамо да размислува и да се одмора (Мат. 14:23; Мар. 1:35; 6:31, 32).
на присутните така што со чудо претворил вода во вино (‚ДА ГО СИМНЕМЕ СЕКОЈ ТОВАР‘
15. Каков совет дал апостол Павле, и на кој начин ни дал добар пример?
15 Апостол Павле го споредил животот на христијаните со трка која треба истрајно да ја трчаме. Тој напишал дека, за да стигнеме до целта, ‚треба да го симнеме секој товар‘. (Прочитај Евреите 12:1.) Самиот дал одличен пример во овој поглед. Павле можел да стане богат и познат еврејски верски водач, но се откажал од тоа за да се посвети на она „што е најважно“. Тој давал сѐ од себе во Божјата служба и пропатувал низ многу земји, како што биле Сирија, Мала Азија, Македонија и Јудеја. Во врска со својата надеж за вечен живот на небото, Павле напишал: „Го заборавам она што е зад мене и се трудам да го дофатам она што е пред мене, итам кон целта“ (Фил. 1:10; 3:8, 13, 14). Бидејќи не бил во брак, тој можел ‚без престан и без пречка да му служи на Господарот‘ (1. Кор. 7:32-35).
16, 17. Сеедно дали сме во брак или не, како може да го следиме примерот што го дал Павле како Христов ученик? Раскажи едно искуство.
16 Исто како Павле, некои Јеховини слуги денес одлучуваат да не стапат во брак за да се посветат на службата за Царството (Мат. 19:11, 12). Мажените и женетите Божји слуги честопати имаат повеќе семејни одговорности. Но, сеедно дали сме во брак или не, сите можеме ‚да го симнеме секој товар‘ и да му служиме на Бог со неподелено внимание. Можеби ќе мора да ги смениме нашите навики за да не го трошиме времето залудно, и да си поставиме цел да му служиме на Јехова во уште поголема мера.
17 Размисли за Марк и Клер, брачна двојка од Велс. Секој од нив почнал со пионерска служба откако завршил со школувањето, и продолжиле да служат како пионери откако стапиле во брак. Марк објаснува: „Успеавме да си го поедноставиме животот така што ја продадовме нашата голема куќа и се откажавме од работата со скратено работно време за да служиме во меѓународното градежно дело“. Во последните 20 години, тие патувале низ цела Африка за да помагаат во изградбата на сали за состаноци. Еднаш останале со само 15 долари в џеб, но Јехова се погрижил за нив. Клер вели: „Многу сме среќни што можеме секој ден да правиме нешто за Јехова. Стекнавме многу пријатели и ништо не ни недостасува. Она од кое се откажавме е многу малку во споредба со радоста што ни ја носи полновремената служба“. Многу други полновремени слуги се согласуваат со нив. *
18. Кои прашања би можеле да си ги поставиме?
18 Како е со тебе? Што ако сфатиш дека повеќе не му служиш на Јехова исто толку ревносно како порано затоа што си дозволил некои неважни работи да ти го одвратат вниманието? Тогаш, можеби би било добро да направиш промени во начинот на кој ја читаш и ја проучуваш Библијата. Во следната статија ќе видиме како можеш да го сториш тоа.
^ пас. 7 Види ја статијата „Лековерниот верува на секој збор“.
^ пас. 17 Види ја и животната приказна на Хадин и Мелоди Сандерсон во статијата „Да знаеш што е исправно и да го правиш тоа“ (Стражарска кула од 1 март 2006). Тие се откажале од успешен бизнис во Австралија за да служат полновремено. Дознај што се случило кога останале без пари додека служеле како мисионери во Индија.