Како старешините ги обучуваат другите
„Она што го чу од мене... довери им го на верни луѓе“ (2. ТИМ. 2:2)
1. а) Што сфаќале отсекогаш Божјите слуги во врска со обуката, и што значи тоа за нас денес? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?
БОЖЈИТЕ слуги отсекогаш сфаќале дека обуката води до добри резултати. На пример, Авраам ги собрал за борба своите слуги, кои биле „обучени мажи“, и заедно успеале да го избават Лот (1. Мој. 14:14-16, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Во времето на цар Давид, пејачите во Божјиот дом биле „извежбани“, односно обучени да го фалат Јехова со песна (1. Лет. 25:7). Ние денес водиме духовна борба против Сатана и неговите следбеници (Еф. 6:11-13). Освен тоа, даваме сѐ од себе за да го фалиме Јехова (Евр. 13:15, 16). Слично на Божјите слуги во минатото, за да бидеме успешни, и ние треба да бидеме обучени. Во собранието, Јехова им ја доверил на старешините одговорноста да ги оспособуваат другите (2. Тим. 2:2). Кои методи ги користат искусните старешини за да ги обучат браќата да се грижат за стадото?
ПОМОГНИ МУ НА УЧЕНИКОТ ДУХОВНО ДА РАСТЕ
2. Што е добро да направи еден старешина пред да го обучи ученикот за некои нови вештини, и зошто?
2 Старешините можат да се споредат со градинари. Пред да го засади семето, градинарот можеби ќе увиди дека треба 1. Тим. 4:6).
да ја наѓубри земјата за да даде поголем род. На сличен начин, пред да го обучи ученикот за некои нови вештини, добро е старешината најпрво да му го подготви срцето. Како? Така што ќе сподели со него некои охрабрувачки библиски мисли кои ќе му помогнат полесно да го применува она што го учи (3. а) Како еден старешина може во разговор со ученикот да ги употреби зборовите на Исус запишани во Марко 12:29, 30? б) Како молитвата на старешината може да влијае врз ученикот?
3 Важно е да разбереш како вистината влијае врз мислите и чувствата на ученикот. На пример, би можел да го прашаш какво влијание имал заветот што му го дал на Јехова врз неговите одлуки во животот. Ова прашање може да води до разговор за тоа што, всушност, значи да му се служи на Јехова со сето срце. (Прочитај Марко 12:29, 30.) На крајот од разговорот, можеби ќе биде добро дури и да се помолите заедно. Во молитвата би можел да побараш од Јехова да му го даде потребниот свет дух за да извлече целосна корист од обуката. Кога ќе слушне како искрено се молиш за него, сигурно ќе биде охрабрен да прави уште повеќе!
4. а) Наведи некои библиски извештаи кои можат да му помогнат на ученикот да напредува. б) Со каква цел треба старешините да ги обучуваат другите?
4 Кога ќе почнеш да го обучуваш ученикот, разгледајте заедно некои библиски извештаи кои можат да му помогнат да сфати зошто треба да биде самопожртвуван, доверлив и понизен (1. Цар. 19:19-21; Неем. 7:2; 13:13; Дела 18:24-26). Овие особини се важни за него исто како што ѓубривото е важно за земјата. Тие ќе го забрзаат неговиот духовен раст. Жан-Клод, еден старешина од Франција вели: „Главна цел ми е да му помогнам на ученикот да стане духовно зрела личност. Секогаш кога е можно, се трудам заедно со него да прочитам некои стихови кои можат да му ги ‚отворат очите‘ за да ги види ‚убавините на Божјиот закон‘“ (Пс. 119:18). На кои други начини би можел да му помогнеш на ученикот духовно да напредува?
ПОТТИКНИ ГО УЧЕНИКОТ ДА СИ ПОСТАВИ ЦЕЛИ, И ОБЈАСНИ МУ ЗОШТО
5. а) Колку е важно да се разговара со ученикот за неговите духовни цели? б) Зошто старешините треба да ги обучуваат браќата уште додека се во своите рани тинејџерски години? (Види ја фуснотата.)
5 Прашај го ученикот дали има духовни цели. Ако нема, поттикни го да си постави некоја разумна и достижна цел. Кажи му на која конкретна цел си работел ти во минатото, и раскажи му со воодушевеност колку си се радувал кога си ја остварил. Иако е едноставна, оваа метода навистина е делотворна. Виктор, кој служи како старешина и пионер во Африка, вели: „Кога бев млад, еден старешина ми постави неколку прашања во врска со моите цели. Така ми помогна сериозно да размислам за мојата служба“. Искусните старешини сметаат дека браќата треба да се обучуваат додека се млади, можеби уште од своите рани тинејџерски години. Би можеле да им доделувате некои задолженија во собранието кои се во склад со нивната возраст. Ако започнете со обуката доволно рано, тоа ќе им помогне на младите да останат сконцентрирани на духовните цели дури и во подоцнежните тинејџерски години, кога ќе бидат бомбардирани од многу работи кои можат да им го одвлечат вниманието. (Прочитај Псалм 71:5, 17.) *
6. Која важна метода ја користел Исус за да ги обучува другите?
Мат. 28:18, 19). Како можеш и ти да ги обучуваш другите слично на Исус?
6 За да го поттикнеш ученикот да служи, не е доволно само да му кажеш што да прави. Важно е да му објасниш и зошто треба да го прави тоа. На тој начин, ќе постапиш слично како Големиот Учител, Исус. На пример, пред да им даде на своите ученици задача да ги поучуваат другите, Исус им кажал зошто треба да го послушаат, кога рекол: „Дадена ми е сета власт на небото и на земјата“. А потоа додал: „Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите народи“ (7, 8. а) Како денес старешините можат да го следат примерот на Исус додека ги обучуваат другите? б) Колку е важна пофалбата за ученикот? в) Кои предлози можат да им помогнат на старешините да ги обучуваат другите? (Види ја рамката „ Како треба да се дава обука.“)
7 Кога ќе му дадеш одредена задача на ученикот, објасни му на темел на Библијата зошто таа е важна. Така ќе му помогнеш да ги прави работите затоа што ги разбира библиските начела, а не само затоа што мора да следи одредени правила. На пример, ако замолиш некој брат да се грижи влезот во Салата да биде чист и безбеден, би можел да му го покажеш стихот од Тит 2:10. Објасни му како со таа задача ќе придонесе да се ‚украсува учењето на нашиот Спасител, Бог‘. Исто така, поттикни го да размислува како она што го прави ќе им користи на постарите во собранието. Ако таквите разговори се дел од обуката што му ја даваш, ќе му помогнеш да мисли повеќе на луѓето отколку на правилата. Тогаш ученикот ќе се радува затоа што ќе сфати каква корист имаат браќата и сестрите во собранието од задачата што ја извршува.
8 Освен тоа, не заборавај да го пофалиш затоа што се труди да ги примени твоите предлози. Колку е важно да му дадеш искрена пофалба? Исто како што водата му помага на растението да цвета, така и пофалбата му помага на ученикот духовно да напредува. (Спореди со Матеј 3:17.)
ДОДАТЕН ПРЕДИЗВИК
9. а) Со каков предизвик во поглед на обуката се соочуваат некои старешини во побогатите земји? б) Зошто вистината никогаш не била на прво место во животот на некои помлади браќа?
9 Старешините во побогатите земји можеби се соочуваат со додатен предизвик. На некои од нив не им е лесно да ги поттикнат браќата кои се во своите 20-ти и 30-ти години да прават повеќе во собранието. Долгогодишни старешини во околу 20 западни земји беа прашани зошто некои браќа не се спремни Мат. 10:24).
да прифатат повеќе собраниски задолженија. Најчест одговор на ова прашање беше: Кога таквите браќа биле помлади, нивните родители не ги поттикнувале да си поставуваат духовни цели. Всушност, во некои случаи, младите кои сакале да прават повеќе биле охрабрени од родителите да си постават световни цели! Вистината никогаш не била на прво место во животот на тие млади браќа (10, 11. а) Како може еден старешина постепено да му помогне на некој брат да го промени својот став? б) Кои библиски стихови може да ги разгледа старешината со таквиот брат, и зошто? (Види ја фуснотата.)
10 Ако се чини дека некој брат не е баш заинтересиран да служи повеќе во собранието, можеби ќе треба да вложиш голем труд и да бидеш многу стрплив за да му помогнеш да си го смени ставот. Исто како што еден градинар може да го насочи растот на некое дрвце со тоа што малку по малку ќе му го исправа стеблото, така и ти можеш постепено да му помогнеш да сфати дека треба да гледа поинаку на собраниските одговорности. Но, како?
11 Одвој време за да се спријателиш со братот. Стави му до знаење дека му е потребен на собранието. По некое време би можел да разгледаш заедно со него некои конкретни библиски стихови кои ќе му помогнат да размисли за заветот што му го дал на Јехова (Проп. 5:4; Иса. 6:8; Мат. 6:24, 33; Лука 9:57-62; 1. Кор. 15:58; 2. Кор. 5:15; 13:5). Обиди се да го допреш неговото срце така што ќе му поставиш некое од следниве прашања: ‚Што му кажа на Бог кога му го заветува својот живот? Што мислиш, како најверојатно се чувствуваше Јехова на денот на твоето крштавање?‘ (Изр. 27:11). ‚А како се чувствуваше Сатана?‘ (1. Пет. 5:8). Никогаш немој да го потцениш силното влијание што таквите стихови можат да го имаат врз срцето на некој брат. (Прочитај Евреите 4:12.) *
УЧЕНИЦИ, БИДЕТЕ ВЕРНИ И ЛОЈАЛНИ
12, 13. а) Каков став покажал Елисеј како ученик на Илија? б) Како Јехова го наградил Елисеј затоа што му останал верен на својот учител?
12 Млади браќа, на собранието му е потребна вашата помош! Каков став треба да имате за да можете успешно да му служите на Јехова? Одговорот на ова прашање ќе го добиеме ако разгледаме неколку настани од животот на Божјиот слуга Елисеј.
13 Пред речиси 3.000 години, пророкот Илија го повикал младиот Елисеј да му биде помошник. Елисеј веднаш ја прифатил поканата и верно му служел на остарениот Илија извршувајќи задачи кои навидум биле безначајни (2. Цар. 3:11). Оваа обука траела околу шест години. Потоа, кога требало да ја заврши својата служба во Израел, Илија му кажал на Елисеј дека не мора повеќе да оди со него. Но, Елисеј трипати му рекол: „Нема да те оставам“. Тој бил решен да остане со својот учител колку што е можно повеќе. Јехова го наградил за лојалноста и верноста што ги покажал така што му дозволил да види како Илија со чудо бил вознесен во виор на небото (2. Цар. 2:1-12).
14. а) Како учениците денес можат да го следат примерот на Елисеј? б) Зошто е многу важно ученикот да биде верен?
14 Како можеш да го следиш примерот на Елисеј? Спремно прифаќај ги сите задачи што ќе ти бидат доверени, дури и оние што некои можеби ги сметаат за неважни. Не заборавај дека твојот учител пред сѐ е твој пријател. Кажи му дека го цениш сето она што го прави за тебе, Пс. 101:6; прочитај 2. Тимотеј 2:2).
и покажи му дека сакаш и понатаму да учиш од него. Но, најважно од сѐ, верно извршувај ја секоја своја задача. Зошто? Затоа што, дури откако ќе покажеш дека си лојален и доверлив, старешините ќе бидат сигурни дека Јехова сака да добиеш додатни одговорности во собранието (ПОЧИТУВАЈ ГИ ИСКУСНИТЕ СТАРЕШИНИ
15, 16. а) Како Елисеј покажал почит кон својот учител? (Види ја сликата на почетокот од статијата.) б) Зошто другите пророци стекнале доверба во Елисеј?
15 Извештајот за Елисеј исто така покажува дека е важно браќата да покажуваат почит кон искусните старешини. Откако посетиле една група пророци во Ерихон, Илија и Елисеј отишле до реката Јордан. Таму ‚Илија ја зел својата пророчка наметка, ја свиткал и удрил со неа по водата, а водата се разделила‘. Потоа преминале по суво од другата страна, продолжувајќи го разговорот. Се разбира, Елисеј не мислел дека веќе знае сѐ. Сѐ до мигот кога Илија бил вознесен во виор, Елисеј внимателно го слушал секој негов збор и учел од него. Подоцна, кога се вратил кај реката Јордан, тој ја удрил водата со наметката на Илија и извикал: „Каде е Јехова, Богот на Илија?“ И водата повторно се разделила! (2. Цар. 2:8-14).
16 Дали забележа дека првото чудо на Елисеј било исто како последното чудо на Илија? Што учиме од ова? Очигледно, Елисеј не сметал дека, затоа што сега тој е одговорен, треба веднаш да го смени начинот на кој дотогаш се правеле работите. Напротив, со тоа што продолжил да ја врши службата на ист начин како неговиот учител, Елисеј покажал почит кон него и ја стекнал довербата на другите пророци (2. Цар. 2:15). Но подоцна, во текот на неговата 60-годишна пророчка служба, Јехова му дал моќ да направи многу повеќе чуда од Илија. Ако и ти добиваш обука, каква поука можеш да извлечеш од примерот на Елисеј?
17. а) Како можат учениците денес да покажат ист став како Елисеј? б) Како можеби Јехова ќе ги користи верните ученици со текот на времето?
17 Кога ќе добиеш поголеми одговорности во собранието, немој да мислиш дека треба веднаш да внесеш промени, односно да ги вршиш задачите сосема поинаку отколку што се извршувале дотогаш. Имај на ум дека промените не се прават поради нечија лична желба, туку поради потребите на собранието и упатствата кои ги добиваме од Јеховината организација. Исто како што Елисеј покажал почит кон Илија и ја стекнал довербата на останатите пророци со тоа што продолжил да ги користи методите на својот учител, така и ти ќе покажеш почит кон искусните старешини и ќе ја стекнеш довербата на твоите браќа и сестри ако продолжиш да ги користиш библиските методи за кои си бил поучен. (Прочитај 1. Коринќаните 4:17.) Меѓутоа, како што ќе се здобиваш со искуство, несомнено и ти ќе имаш удел во промените кои ќе му помогнат на собранието да остане во чекор со Јеховината организација. Всушност, исто како во случајот на Елисеј, Јехова може со текот на времето да ве користи вас, учениците, за да ‚правите и поголеми дела‘ од вашите учители (Јован 14:12).
18. Зошто денес е многу важно да се обучат браќата во собранијата?
18 Се надеваме дека предлозите од оваа и од претходната статија ќе ги поттикнат старешините да одвојат време за да ги обучуваат другите. А се надеваме и дека другите браќа кои ги исполнуваат условите спремно ќе ја прифатат таквата обука и дека мудро ќе ја искористат за да се грижат за Јеховините овци. Тоа ќе ги зајакне собранијата низ целиот свет и ќе ни помогне на сите да останеме верни во значајните времиња што ни претстојат.
^ пас. 5 Ако јасно се гледа дека некој млад човек е зрел и понизен, и ако ги исполнува другите библиски барања, старешините можат да предложат да биде именуван како слуга-помошник дури и да нема 20 години (1. Тим. 3:8-10, 12; види ја статијата „,Проверени дали сме подобни‘ — на кој начин?“, во Нашата служба за Царството од мај 2000, страница 6).
^ пас. 11 Би можел да разгледаш со братот некои мисли од Стражарска кула од 15 април 2012, страници 14-16, пасуси 8-13; и од Зачувај ја Божјата љубов, поглавје 16, пасуси 1-3.