СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ септември 2014

Во ова издание се наоѓаат статиите што ќе се проучуваат во седмиците од 27 октомври до 30 ноември 2014.

Дали сакаш да вршиш служба вредна за пофалба?

Како можеш да покажеш дека сакаш да им служиш на браќата?

Дали си уверен дека си ја нашол вистината? Зошто?

Во оваа статија се разгледани неколку причини зошто многу луѓе признаваат дека Јеховините сведоци ја имаат вистината. Ќе видиме зошто и самите Сведоци се уверени дека ја пронашле вистината.

Служи му верно на Бог и покрај ,многуте неволји‘

Сите се соочуваме со неволји затоа што живееме во светот на Сатана. Кои се некои од начините на кои тој нѐ напаѓа? Како да се подготвиме за таквите напади?

Родители, грижете се како пастири за своите деца

Родителите се должни да ги воспитуваат децата „со стега од Јехова“ (Ефешаните 6:4). Во оваа статија се разгледани 3 начини на кои можат да се грижат како пастири за своите деца и да им помогнат да го сакаат Јехова.

Прашања од читателите

Дали она што Библијата го кажува во Псалм 37:25 и Матеј 6:33 значи дека Јехова никогаш нема да дозволи христијаните да останат без храна?

Ќе биде уништен последниот непријател — смртта

Смртта и сето она што води до неа ни причинуваат огромна болка. Зошто луѓето умираат? На кој начин смртта, „како последен непријател ќе биде уништена“? (1. Коринќаните 15:26). Дознај како одговорите на овие прашања ја откриваат Јеховината правда, мудрост и, пред сѐ, љубов.

Покажувај ценење за полновремените слуги

Многу слуги на Јехова служат полновремено. Што може да направиме за да покажеме дека ги цениме ,делата поттикнати од вера и трудот поттикнат од љубов‘ на полновремените слуги? (1. Солуњаните 1:3).