Дали си служел порано? Можеш ли да служиш повторно?
Дали си служел порано? Можеш ли да служиш повторно?
ДАЛИ порано си служел на одговорна положба во христијанското собрание? Можеби си бил слуга-помошник или старешина. Или, пак, можеби си бил во некој облик на полновремена служба. Сигурно многу си се радувал што си можел да служиш на таков начин, но потоа, од некоја причина, си морал да се откажеш од таа служба.
Можно е да си се повлекол од својата одговорна служба за да се грижиш за членовите на семејството. Или, пак, можеби слабото здравје или поодминатите години биле причината за тоа. Фактот што си донел таква одлука не значи дека си потфрлил како Божји слуга (1. Тим. 5:8). Во првиот век, Филип служел како мисионер, но подоцна се населил во Цезареја каде што се грижел за своето семејство (Дела 21:8, 9). На стари години, цар Давид од древниот Израел му го препуштил престолот на својот син Соломон (1. Цар. 1:1, 32-35). Сепак, Јехова сѐ уште ги сакал и ги ценел Филип и Давид, а и многу други луѓе ги ценат до денешен-ден.
Меѓутоа, можно е некоја одговорна служба да ти била одземена поради немудро однесување или проблеми во семејството (1. Тим. 3:2, 4, 10, 12). Можеби дури си мислел дека нема причина да ти биде одземена, и можно е до ден-денес да се бориш со чувства на огорченост што кај тебе ги предизвикала таквата постапка.
Можеш да направиш чекори за да служиш повторно
Дали некој што изгубил некоја теократска задача веќе никогаш не може да служи во тоа својство? Во повеќето случаи не е така. Сепак, за да служиш повторно, мора да имаш желба за тоа (1. Тим. 3:1). Но, зошто воопшто би посакал вакво нешто? Од истата причина од која си му се заветувал на Бог — затоа што го сакаш него, а ги сакаш и оние што му служат. Ако си спремен да ја покажеш таа љубов така што повторно ќе служиш, ќе му дадеш можност на Јехова да го искористи искуството што си го имал и пред и откако си ја изгубил својата одговорна служба.
Сети се што им рекол Јехова на Израелците откако заслужено им одзел одредени повластици што ги имале како негов народ. Неговата Реч вели: „Јас сум Јехова, јас не се менувам, а вие сте синови на Јаков — затоа не исчезнавте“ (Мал. 3:6). Јехова ги сакал Израелците и имал желба и понатаму да ги користи. На сличен начин, Јехова сака и тебе да те користи во иднина. Но, што можеш да сториш во сегашниве околности? Па, дали некој ќе добие одредени теократски задачи или не, главно зависи од неговиот добар однос со Јехова, а не од неговите способности. Затоа, додека сѐ уште немаш додатни одговорности во собранието, труди се да го зајакнеш својот однос со Јехова.
За да ‚бидеш јак‘ во верата, мора да го ‚бараш Јехова и неговата сила‘ (1. Кор. 16:13; Пс. 105:4). Меѓу другото, можеш да го правиш ова така што ќе му се молиш од срце. Кога зборуваш со Јехова за својата ситуација, кажи му како се чувствуваш и моли го да ти даде од својот дух. Така ќе се зближиш со него и тој ќе те зајакне (Пс. 62:8; Фил. 4:6, 13). Можеш да го зајакнеш својот однос со Бог и со тоа што уште подлабоко ќе ја проучуваш неговата Реч. Бидејќи моментално немаш многу одговорности, би можел да сториш повеќе во однос на личното и семејното проучување, и тоа ќе ти помогне повторно да фатиш чекор со работите кои можеби не си можел да ги правиш толку редовно.
Иса. 43:10-12). Најголемата чест што секој од нас може да ја има е да биде ‚Божји соработник‘ (1. Кор. 3:9). Освен тоа, ако поминуваш повеќе време во службата на проповедање, ќе го продлабочиш твојот однос со Бог, а ќе можеш и духовно да ги зајакнеш оние што соработуваат со тебе.
Се разбира, ти сѐ уште го претставуваш Јехова како негов Сведок (Како да се справиш со чувствата
Ако си изгубил некоја одговорна служба, можеби чувствуваш срам или ти е жал. Можеби си склон и да си наоѓаш оправдание за она што си го направил. Сепак, што ако одговорните браќа ги сослушале твоите аргументи, но и покрај тоа сметале дека треба да ти одземат некоја одговорна задача? Веројатно не е лесно да ги надминеш негативните чувства. Но, таквите емоции можат да те спречат повторно да направиш чекори во позитивна насока, па дури и да не ти дозволат да извлечеш поука од она што си го доживеал. Да видиме како она што им се случило на Јов, Манасија и Јосиф може да ти помогне да ги победиш негативните чувства.
Јов ги застапувал другите пред Јехова и служел како старешина и судија во едно патријархално општество (Јов 1:5; 29:7-17, 21-25). А потоа, во еден тежок период од неговиот живот, тој ги изгубил богатството, децата и здравјето. Со нив го изгубил и угледот што го имал кај другите. Јов рекол: „Луѓето ми се смеат, оние што се помлади од мене“ (Јов 30:1).
Јов сметал дека е потполно невин и сакал да се одбрани пред Бог (Јов 13:15). Меѓутоа, бил спремен да го чека Јехова, и ова дало добар плод. Научил дека сепак му била потребна исправка, особено за начинот на кој реагирал на испитот низ кој поминал (Јов 40:6-8; 42:3, 6). Затоа што бил понизен, на крајот Бог обилно го благословил (Јов 42:10-13).
Ако си изгубил некоја одговорна служба затоа што не си направил нешто како што треба, можеби се прашуваш дали Јехова и твоите христијански браќа некогаш навистина ќе ти простат и ќе го заборават тоа. Размисли за Манасија, кој бил цар на Јуда. Тој ‚правел многу зла пред Јехова и го навредувал‘ (2. Цар. 21:6). Сепак, умрел како верен човек, додека сѐ уште бил цар. Како било можно вакво нешто?
На крајот, Манасија го прифатил укорот од Јехова. Бидејќи упорно ги игнорирал предупредувањата, Јехова ги довел против него Асирците, кои го оковале и го одвеле во заробеништво во далечниот Вавилон. Таму Манасија ‚се трудел да го смилостиви лицето на Јехова, својот Бог, и многу се понизил пред Богот на своите прататковци и му се молел‘. Тој навистина искрено се каел, го покажал тоа со дела, и затоа Јехова му простил (2. Лет. 33:12, 13).
Ретко кога некому му се враќаат наеднаш сите одговорни задачи што ги изгубил. Но, со време, постепено би можел да добиеш извесни одговорности. Ако ги прифатиш и даваш сѐ од себе да ги извршиш, обично ќе добиваш и други задачи. Сепак, ова нема да оди толку брзо и едноставно како што можеби ќе очекуваш. Можеби на моменти и ќе се разочараш. Но, ако имаш спремен дух и ако си истраен, ќе има добри резултати.
1. Мој. 37:2, 26-28). Ова во никој случај не било нешто што го очекувал од синовите на својот татко. Сепак, бил спремен да ги прифати новите околности и, со благослов од Јехова, бил „поставен над куќата на својот господар“ (1. Мој. 39:2). Подоцна Јосиф бил фрлен в затвор. Но, докажал дека е доверлив човек, и Јехова бил со него, па на крајот бил овластен да го надгледува извршувањето на сите работи во затворот (1. Мој. 39:21-23).
На пример, размисли за Јосиф, синот на Јаков. Кога имал 17 години, неговите браќа неправедно го продале како роб (Јосиф не знаел дека не било без причина тоа што сите тие години ги поминал в затвор. Едноставно продолжил да го прави она што можел. Затоа Јехова подоцна бил во можност да го искористи за да ја зачува лозата од која требало да дојде ветеното Потомство (1. Мој. 3:15; 45:5-8). Иако ниту еден од нас не може да очекува да одигра толку клучна улога како што било случај со Јосиф, овој вдахновен запис ни покажува дека Јехова раководи со тоа кои одговорности ќе ги добијат Неговите слуги. Затоа, угледај се на Јосиф, и дозволи Јехова да дејствува и во твојот случај.
Поуки од тешките искуства
Јов, Манасија и Јосиф се нашле во тешки околности. Сепак, сите тројца го прифатиле она што Јехова дозволил да им се случи, и секој од нив извлекол скапоцени поуки. Што можеш да научиш ти?
Обиди се да сфатиш што можеби сака да те поучи Јехова. Јов паднал во толкав очај што почнал да мисли само на себеси и ги изгубил од вид поважните работи. Но, кога Јехова со љубов го исправил, тој си ја повратил рамнотежата и признал дека ‚зборувал, но не разбирал‘ (Јов 42:3). Ако си повреден затоа што си изгубил некоја одговорна служба, ‚не мисли за себе повеќе отколку што треба да мислиш, туку мисли за себе разумно‘ (Рим. 12:3). Можеби Јехова се обидува да те исправи на начин што сега сѐ уште не можеш во потполност да го разбереш.
Прифати ја исправката. Можеби Манасија во почетокот си мислел дека не заслужува толку строга казна. Сепак, ја прифатил, се покајал и го оставил својот лош пат. Сеедно што мислиш за исправката што си ја добил, ‚понизи се пред Јехова, и тој ќе те возвиши‘ (1. Пет. 5:6; Јак. 4:10).
Биди стрплив и покажи спремен дух. Она што му се случило на Јосиф можело лесно да го наведе да ги замрази своите браќа и да сака да им се одмазди. Наместо тоа, тој стекнал увид и покажал милосрдност (1. Мој. 50:15-21). Ако си разочаран, биди стрплив. Биди спремен Јехова да те поучува.
Дали порано си служел на одговорна положба во христијанското собрание? Дозволи му на Јехова повторно да ти дава одговорни задачи. Зајакни го својот однос со него. Обиди се да ги надвладееш своите негативни чувства со стрпливост и понизност. Спремно прифати ја секоја задача што можеби ќе ти биде дадена. И биди уверен дека „Јехова нема да им скрати никакво добро на оние што живеат непорочно“ (Пс. 84:11).
[Истакната мисла на страница 30]
Зајакни си ја верата молејќи се од сѐ срце
[Слика на страница 31]
Ако поминуваш повеќе време во служба, тоа ќе го продлабочи твојот однос со Бог
[Слика на страница 32]
Дозволи му на Јехова повторно да ти дава одговорни задачи