Можеш да излезеш на крај со неизвесноста
Можеш да излезеш на крај со неизвесноста
„ДЕФИНИТИВНО!“ „Сто посто!“ „Гарант!“ Сигурно многупати си чул вакви изрази. Меѓутоа, во нашиот секојдневен живот нема многу работи за кои можеме да бидеме сигурни. Животот е толку непредвидлив што честопати се прашуваме дали има нешто во што можеме да бидеме апсолутно сигурни. Изгледа дека сомнежот и неизвесноста се дел од животот.
Се разбира, повеќето луѓе посакуваат сигурност и среќа за себе и за своето семејство. Работат напорно за да стекнат работи со кои сметаат дека ќе бидат среќни и сигурни — обично пари и материјални поседи. Меѓутоа, еден земјотрес, некој ураган, некоја несреќа или некое насилно злодело може за секунда да ги збрише таквите поседи. Сериозна болест, развод или невработеност можат да го променат животот преку ноќ. Точно, можеби тебе не ти се случиле вакви работи. Сепак, и самото тоа што знаеш дека во секое време може да се случи нешто страшно е вознемирувачко и болно чувство. Но, тоа не е сѐ.
Неизвесноста е синоним за сомнеж, а сомнежот се дефинира како неизвесност во врска со некое верување или мислење што честопати пречи во донесувањето одлуки. Освен тоа, според книгата Managing Your Mind (Да се управува со својот ум), „неизвесноста во врска со нешто важно е главна причина за возенмиреност и загриженост“. Еден неотстранет сомнеж може да доведе до вознемиреност, фрустрација и лутина. Да, грижата за она што можеби ќе се случи или можеби нема да се случи може да му наштети на нашето ментално и физичко здравје.
Како резултат на тоа, некои луѓе одат во друга крајност. Тие се како еден младич од Бразил кој рекол: „Зошто да се грижам што ќе се случи? Денес си е денес, утре си е утре“. Таквиот фаталистички став „да јадеме и да пиеме“ може да доведе само до разочарување, немир, а на крајот и смрт (1. Коринќаните 15:32). Многу е подобро да се обратиме до Творецот, Јехова Бог, кај кого, вели Библијата, „нема промена во вртењето на сенката“ (Јаков 1:17). Ако ја испитаме Божјата реч, Библијата, ќе најдеме здрав совет и водство за тоа како да се справиме со неизвесноста во животот. Таа, исто така, може да ни помогне да сфатиме зошто има толкава неизвесност.
Причини за неизвесност
Библијата дава реалистично гледиште за животот и ни помага да негуваме исправен став кон неизвесноста и кон промените. Иако семејните врски, општествената положба, интелигенцијата, доброто здравје итн. можат да донесат одреден степен на Проповедник 9:11, 12).
сигурност, Библијата покажува дека не можеме да ги земеме таквите работи здраво за готово или да очекуваме дека ќе водиме „блажен“ живот. Мудриот цар Соломон рекол: „Не ја добиваат трката брзите; ни бојот храбрите; нема леб за мудреците, ни богатство за разумните, ни милост за учените“. Зошто? „Зашто времето и кобта [непредвидените настани, NW] ги достигнува сите.“ Затоа Соломон предупредил: „Како рибите уловени во подмолна мрежа, и како птиците фатени во примка, така се фаќаат човечките синови во времето на неволја, што ги опфаќа ненадејно“ (Исус Христос, исто така, зборувал за едно време на претерана загриженост и неизвесност што ќе ја снајдат една цела генерација луѓе. Со живописен говор, тој рекол: „Ќе има знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите, а на земјата мака меѓу нациите кои не знаат за излез поради бучавата на морето и неговата разбрануваност, додека луѓето изнемоштуваат од страв и од исчекување на она што доаѓа врз населената земја; зашто небесните сили ќе се затресат“. Сепак, Исус укажал на нешто позитивно за луѓето со искрени срца денес: „Кога ќе видите дека овие работи се случуваат, знајте дека Божјето царство е близу“ (Лука 21:25, 26, 31). Слично на тоа, наместо да се плашиме од неизвесната иднина, ние имаме вера во Бог која ни помога да погледнеме зад неизвесноста во една прекрасна, сигурна иднина.
,Да бидеме потполно сигурни во надежта‘
Иако не можеме да бидеме сигурни во сѐ што ќе чуеме, што ќе прочитаме или што ќе видиме, имаме добра причина да имаме доверба во Творецот. Тој не само што е Врховен Бог туку е и љубезен Татко кој се грижи за своите земни деца. За својот збор, Бог рекол: „Не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив“ (Исаија 55:11).
Исус Христос поучувал за вистината од Бог, и многумина што го слушале ја прифатиле со увереност и сигурност. На пример, една група Самарјани со искрени срца ѝ рекле на жената што прва го слушала Исус: „Повеќе не веруваме поради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека овој човек сигурно е спасителот на светот“ (Јован 4:42). На сличен начин денес, и покрај тоа што живееме во несигурни времиња, не мора да бидеме збунети во што да веруваме.
Кога станува збор за религиозни верувања, многумина се со мислење дека не треба да се обидуваме да разбереме, туку само да веруваме. Меѓутоа, библискиот писател Лука не се сложувал со тоа. Тој истражувал и дал точни информации за да можат другите ,да ја знаат во потполност сигурноста на работите‘ што тој ги запишал (Лука 1:4). Бидејќи семејството и пријателите што не ја делат нашата вера можеби стравуваат дека на крај ќе останеме со скршени илузии и разочарани, важно е да бидеме способни да ја браниме нашата вера (1. Петрово 3:15). Можеме да им помогнеме на другите да имаат доверба во Бог само ако точно ја знаеме причината за она во што веруваме. Библијата го опишува Јехова со овие зборови: „Тој е Стена, делото Му е совршено, зашто се прави сите Негови патишта. Тој е верен Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит“ (Второзаконие 32:4).
Да ја разгледаме последната изјава: „Тој е праведен и вистинит“. Каков доказ имаме за да бидеме сигурни во ова? Апостол Петар бил потполно уверен во тој факт. Тој Дела 10:34, 35). Петар ги кажал овие зборови зашто штотуку видел како Божјата рака ги водела работите така што едно семејство не-Евреи, кои порано биле сметани за нечисти и неприфатливи, станале прифатливи за Него. Како Петар, и ние можеме да бидеме уверени во Божјата непристрасност и праведност кога со свои очи гледаме „едно големо мноштво“ луѓе — повеќе од шест милиони — во повеќе од 230 земји од цел свет кои го напуштиле својот поранешен начин на живот и кои одат по патот на праведноста (Откровение 7:9; Исаија 2:2—4).
им рекол на еден римски офицер и на неговото домаќинство: „Навистина сфаќам дека Бог не е пристрасен, туку во секоја нација му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој го прави она што е праведно“ (Како вистински христијани не сакаме да бидеме фанатични или догматични туку понизни и разумни. Сепак, не сме несигурни во врска со она во што веруваме и што очекуваме во иднина. На христијаните од првиот век апостол Павле им напишал: „Сакаме секој од вас да ја покажува истата трудољубивост за да бидете потполно сигурни во надежта сѐ до крајот“ (Евреите 6:11). Слично на тоа, добрата вест од Библијата и нам ни донела ,потполна сигурност во надежта‘. Таа надеж, цврсто темелена на Божјата реч, „не води до разочарување“, како што објаснил Павле (Римјаните 5:5).
Освен тоа, потполно сме уверени дека тоа што ќе ги поучуваме другите за добрата вест од Библијата може да им донесе заштита и сигурност во духовен, па дури и во емоционален и физички поглед. Можеме да му се придружиме на Павле кога вели: „Добрата вест која ја проповедаме не се појави меѓу вас само со зборови туку и со моќ и со свет дух и со силно уверување, токму како што знаете какви луѓе станавме заради вас“ (1. Солуњаните 1:5).
Сегашни благослови од духовната сигурност
Иако денес не можеме да очекуваме целосна сигурност во животот, има работи што можеме да ги правиме а кои ќе ни помогнат да водиме релативно стабилен и безбеден живот. На пример, редовното дружење со христијанското собрание на состаноците донесува стабилност зашто таму сме поучени на исправни и здрави начела и вредности. Павле напишал: „На оние кои се богати во сегашниов систем на работи наредувај им да не бидат вообразени и својата надеж да не ја полагаат во несигурно богатство, туку во Бог кој ни дава сѐ богато за наше уживање“ (1. Тимотеј 6:17). Со тоа што научиле да ја полагаат својата доверба во Јехова а не во минливите материјални работи или задоволства, мнозина можеле да се ослободат од грижите и фрустрациите коишто порано морале да ги трпат (Матеј 6:19—21).
Исто така, во собранието уживаме во срдечно братство, кое ни дава помош и поддршка на многубројни начини. Во еден период од својата служба, апостол Павле и неговите придружници на патувањата почувствувале „крајно голем притисок“ и не биле „сигурни дури ни за својот живот“. Каде нашол Павле поддршка и помош? Се разбира, неговата доверба во Бог никогаш не се поколебала. Сепак, бил охрабрен и утешен од сохристијаните кои му притрчале на помош (2. Коринќаните 1:8, 9; 7:5—7). Денес, кога ќе се случи некоја природна катастрофа или некои други несреќи, нашите христијански браќа секогаш пристигнуваат први да им ја дадат потребната материјална и духовна помош на сохристијаните како и на другите на кои им треба.
Друго средство што ќе ни помогне да се справиме со неизвесноста во животот е молитвата. Секогаш кога сме под неочекуван притисок можеме да му се обратиме на нашиот небесен Татко. „Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови“ (Псалм 9:9). Човечките Родители можеби нема да успеат да ги заштитат своите деца. Меѓутоа, Бог е спремен да ни помогне да се справиме со нашите стравови и со чувствата на неизвесност. Со тоа што во молитва ќе ги фрлиме своите тегобни грижи врз Јехова, можеме да бидеме сигурни дека тој може „да направи повеќе од преизобилно од сѐ што ќе побараме или замислиме“ (Ефешаните 3:20).
Дали редовно му се обраќаш на Бог во молитва? Дали си уверен дека Бог ги слуша твоите молитви? „Мајка ми ми кажа дека треба да му се молам на Бог“, рекла една млада девојка од Сао Паоло. „Но се прашував: ,Зошто да разговарам со некој што не го познавам?‘ Меѓутоа, Пословици 18:10 ми помогна да сфатам дека ни е потребна Божјата помош и дека мораме да разговараме со него во молитва“. Тој стих вели: „Господовото име е цврста кула. Праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште“. Навистина, како можеме да стекнеме доверба во Јехова ако немаме навика редовно да разговараме со него? За да уживаме во благословите од духовната сигурност, треба секојдневната искрена молитва да ни стане навика. Исус рекол: „Затоа, останете будни, преколнувајќи цело време за да успеете да го избегнете сето она што треба да се случи, и да стоите пред Синот човечки“ (Лука 21:36).
Нешто друго во што можеме да бидеме сигурни е нашата надеж во Божјето Царство. Обрни внимание на зборовите од Даниел 2:44: „Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“. Оваа надеж е цврста и е нешто во што можеме да бидеме сигурни. Човечките ветувања честопати не се исполнуваат, но секогаш можеме да имаме доверба во Јеховиниот збор. Бог не е некој во кого не можеме да имаме доверба, напротив тој е како карпа на која можеме да се потпреме. Можеме да се чувствуваме како Давид кој рекол: „Мојот Бог е моја карпа; на Него се надевам; мој штит, рог на моето спасение, моја заштита и мое прибежиште; Спасителе мој, Ти ме спаси од непријатели“ (2. Самоил 22:3, ПСП).
Претходно споменатата книга Да се управува со својот ум понатаму забележува: „Колку повеќе некој размислува за лошите работи што можеби ќе се случат толку поверојатни изгледаат тие работи, и толку потешко им е да увидат како да се справат со нив“. Тогаш, зошто да дозволиме да бидеме преоптоварени со грижите и сомнежите на светот? Наместо тоа, да ја замениме неизвесноста на овој свет со сигурните ветувања што Бог ни ги дава. Со тоа што ќе имаме цврста вера во Јеховините непогрешливи ветувања, можеме да бидеме уверени во ова: „Никој, кој ја положува својата вера во него, нема да се разочара“ (Римјаните 10:11).
[Истакната мисла на страница 29]
Божјата реч гарантира идни благослови за човештвото
[Истакната мисла на страница 30]
„Никој, кој ја положува својата вера во него, нема да се разочара“
[Слика на страница 31]
Добрата вест за Царството им донесува сигурност на луѓето