Необичниот брак на Воз и Рута
Необичниот брак на Воз и Рута
ГУМНОТО близу Витлеем врие со пролетни активности. Тоа е еден долг ден. Мирисот на свежо печено жито им кажува на гладните работници дека е време да јадат. Секој од нив ќе ужива во плодовите на својот труд.
Воз, богат земјопоседник, завршува со јадењето и пиењето и, добро наситен, се одмора покрај еден голем куп жито. Подоцна, жетварскиот ден завршува и секој си бара удобно место за да се одмори. Задоволен, Воз се покрива и полека тоне во сон.
Потајна средба
На полноќ, Воз се буди треперејќи од студ. Некој намерно му ги открил нозете, и лежи покрај нив! Не можејќи во мракот да препознае кој е, прашува: „Која си?“, а еден женски глас одговара: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател [откупител, NW]“ (Рута 3:1—9).
Сами во мракот, тие разговараат. Една жена не би требало да оди така на гумното (Рута 3:14). Сепак, на покана на Воз, Рута останува да лежи покрај неговите нозе сѐ до мугри, кога станува и си оди, избегнувајќи на тој начин секакви неосновани критики.
Дали ова било едно романтично рандеву? Дали овој богат, постар маж бил итро заведен од Рута — сиромашна, млада вдовица од паганска земја? Или, пак, Воз ги искористил околностите и осаменоста на Рута таа вечер? Одговорот на овие прашања е всушност пример за лојалност и љубов кон Бог. Фактите се исто така многу трогателни.
Но, која е Рута? Кој е нејзиниот мотив? И кој е овој богат човек, Воз?
„Чесна жена“
Со години пред оваа епизода, Јуда била погодена од глад. Едно четиричлено израелско семејство — Елимемех; неговата сопруга, Ноемина; и нивните два сина, Малон и Хелеон — се преселило во плодната земја Моав. Синовите се ожениле со две Моавки, Рута и Орфа. Откако тројцата мажи умреле во Моав, трите жени чуле дека условите во Израел се подобриле. Па така Ноемина — сега вдовица, исполнета со горчина, без деца или внуци — одлучила да се врати во својата родна земја (Рута 1:1—14).
На пат за Израел, Ноемина ја убедила Орфа да се врати кај својот народ. Тогаш Ноемина ѝ рекла на Рута: „Ете, гледаш, твојата јатрва се врати при својот народ и при својот бог; врати се и ти по својата јатрва!“ Но Рута рекла: „Не ме принудувај да те оставам и да си отидам од тебе: зашто Рута 1:15—17). Така, двете бедни вдовици се вратиле во Витлеем. Таму, љубовта и грижата на Рута за нејзината свекрва толку многу ги воодушевиле соседите што сметале дека, ѝ вреди [на Ноемина] повеќе од седум синови‘. Други ја опишувале како „чесна жена“ (Рута 3:11; 4:15).
каде одиш ти, ќе одам и јас . . . твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог — мој Бог. Каде ќе умреш ти, ќе умрам и јас, каде ќе те погребаат тебе, ќе ме погребаат и мене“ (Во Витлеем, на почетокот на жетвата на јачмен, Рута ѝ рекла на Ноемина: „Сакам да одам во полето за да доприбирам класови по оној, кај кого ќе најдам милост“ (Рута 2:2).
Случајно доаѓа на полето на Воз, роднина на нејзиниот свекор, Елимелех. Го замолува надгледникот на жетварите да ѝ дозволи да доприбира. Нејзината трудољубивост во доприбирањето класови е извонредна, и надгледникот му ја пофалува нејзината работа на Воз (Рута 1:22—2:7).
Заштитник и добротвор
Воз е ревен обожавател на Јехова. Секое утро Воз ги поздравувал своите жетвари со зборовите: „Господ да е со вас!“, а тие му одговарале: „Господ да те благослови!“ (Рута 2:4). Откако ја набљудувал трудољубивоста на Рута и откако дознал за нејзината лојалност кон Ноемина, Воз прави посебни подготовки за Рута да доприбира. Во кратки црти, ѝ вели: ‚Не оди да доприбираш кај друг, држи се покрај моите ниви и покрај моите трудбеници; ќе бидеш безбедна со нив. Им наредив на момчињата да не те допира никој. Кога ќе ожедниш, тие ќе ти налеат вода‘ (Рута 2:8, 9).
Рута му се поклонува до земја и му вели: ‚Со што придобив толкава милост во твоите очи, кога јас сум туѓинка?‘ Воз одговара: ‚Чув сѐ што си направила за својата свекрва по смртта на твојот маж; како си го оставила твојот татко, твојата мајка и твојот роден крај па си дошла во народ што до вчера и завчера не си го познавала. Господ нека ти плати за сѐ што си направила, и нека ти додели полна награда‘ (Рута 2:10—12).
Воз не се обидува да ја придобие нејзината наклоност. Пофалбата што ѝ ја дава е искрена. Рута е понизна од дното на душата, заблагодарувајќи му се за охрабрувачката утеха. Ја смета пофалбата за незаслужена и продолжува да работи дури уште понапорно. Подоцна, за време на оброкот, Воз ја повикува Рута: ‚Дојди, јади од овој леб и топи го твојот залак во оцет!‘ Таа се најала и оставила настрана храна за да ѝ однесе на Ноемина (Рута 2:14).
До крајот на денот, Рута има дособрано 22 литра јачмен. Ѝ ги носи јачменот и храната дома на Ноемина (Рута 2:15—18). Задоволна од изобилството, Ноемина прашува: „Каде доприбираше денес? . . Нека биде благословен оној кој погледна на тебе!“ Дознавајќи дека тоа бил Воз, Ноемина вели: „Нека Господ го благослови оној кој [Нека биде благословен од Бог, кој, NW] не ги лиши од својата милост ни живите ни мртвите! . . Тој човек е од нашиот род; еден од нашите роднини“ (Рута 2:19, 20).
Наоѓа „мирно место“
Сакајќи да најде „мирно место“, или дом за својата снаа, Ноемина го искористува моментот да направи подготовки за барањето откуп, во склад со Божјиот закон (Левит 25:25; Второзаконие 25:5, 6). Сега Ноемина ја поучува Рута на еден најделотворен, дури малку и драматичен план — на кој начин да го привлече вниманието на Воз. Подготвена и добро поучена Рута, под превезот на ноќта, оди на гумното што му припаѓа на Воз. Го наоѓа како спие. Му ги открива нозете и чека да се разбуди (Рута 3:1—7).
Кога Воз се буди, симболичната постапка на Рута без сомнение му помага да го сфати значењето на нејзиното барање да ‚го рашири скутот на неговата облека над неговата слугинка‘. Постапката на Рута го прави пристариот Јудеец свесен за неговата должност како откупител, зашто бил роднина на починатиот сопруг на Рута, Малон (Рута 3:9).
Ноќната посета на Рута била неочекувана. Сепак, реакцијата на Воз укажува на тоа дека барањето на Рута за откуп не било сосем неочекувано. Воз бил спремен да дејствува на барањето на Рута.
Гласот на Рута сигурно одразувал извесна мера загриженост, поттикнувајќи го Воз да ѝ ја поврати довербата: „Ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сѐ за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена“ (Рута 3:11).
Се гледа дека Воз ги сметал постапките на Рута како сосема чесни од неговите зборови: „Господ да те благослови, ќерко моја! — рече — ова твое добро дело [оддадена љубезност, NW] што го направи сега е уште подобро од првото“ (Рута 3:10). Првиот пат, Рута покажала оддадена љубезност, или лојална љубов, кон Ноемина. Овој пат, таа несебично му се претставила на Воз, многу постар маж, зашто бил откупител. Таа била спремна да подигне потомство во име на Малон, нејзиниот починат сопруг, и за Ноемина.
Еден откупител се повлекува
Следното утро Воз повикува еден роднина, што не е спомнат по име, кој е во поблиска роднинска врска со Ноемина отколку Воз. Пред жителите и старешините на градот, Воз вели: ‚Одлучив да разговарам со тебе и да ти предложам да ја откупиш од Ноемина земјата на нашиот брат Елимелех‘. Воз продолжува: ‚Ќе ја откупиш ли? Ако не, тогаш јас ќе ја откупам‘. Тогаш овој неименуван роднина вели дека ќе ја откупи (Рута 4:1—4).
Но, го чека изненадување! Воз сега пред сите сведоци кажува: „Кога ќе ја купиш земјата од рацете на Ноемина, треба да ја Рута 4:5, 6).
земеш и Моавката Рута, покојниковата сопруга, за да му го запазиш покојниковото име во наследството“. Плашејќи се дека може да си го уништи сопственото наследство, роднината се откажува од своето право на откуп велејќи: „Не можам да бидам откупник“ (Според обичајот, човекот што одбивал да биде откупител морал да ја собуе обувката и да му ја даде на другиот. Затоа, кога откупителот му вели на Воз: „Откупи ја ти“, си ја собува обувката. Тогаш Воз им вели на старешините и на сиот народ: „Вие сте сведоци денес дека откупувам од раката на Ноемина сѐ она што беше Елимелехово, сѐ што беше Хелеоново и Малоново. Покрај тоа ја земам за жена Моавката Рута, Малоновата жена, за да биде запазено покојниковото име во наследство . . . Вие сте сведоци денес“ (Рута 4:7—10).
Сите луѓе што биле кај градската врата му рекле на Воз: „Господ да даде жената, која влегува во твојот дом, да биде како Рахила и Лија, кои двете го издигнаа Израелевиот дом! Збогати се во Ефрат, а прослави се во Витлеем“ (Рута 4:11, 12).
Со благослов од народот, Воз ја зема Рута за жена. Таа му раѓа син кој се вика Овид, и така Рута и Воз стануваат предци на цар Давид, а со тоа и на Исус Христос (Рута 4:13—17; Матеј 1:5, 6, 16).
„Полна награда“
Низ целиот извештај, од неговиот прв љубезен поздрав на работниците до неговото прифаќање на одговорноста да го зачува семејното име на Елимелех, Воз се покажува како извонреден човек — човек од акција и авторитет. Во исто време, бил и човек со самосовладување, вера и интегритет. Воз, исто така, бил дарежлив, љубезен, морално чесен и потполно послушен на Јеховините заповеди.
Рута се истакнува со својата љубов кон Јехова, својата лојална љубов кон Ноемина и со својата трудољубивост и понизност. Не е ни чудо што луѓето ја сметале за „чесна жена“. Таа не го јадела „лебот на мрзливоста“, а со тоа што напорно работела имала што да подели со својата сиромашна свекрва (Пословици 31:27, 31). Преземајќи одговорност за Ноемина, Рута сигурно ја почувствувала среќата што доаѓа од давањето (Дела 20:35; 1. Тимотеј 5:4, 8).
Колку прекрасни примери наоѓаме во книгата Рута! Јехова се сеќава на Ноемина. Рута добива „полна награда“ како предок на Исус Христос. Воз е благословен со „чесна жена“. А ние во таквите поединци наоѓаме примери на вера.
[Рамка на страница 26]
Зрак на надеж
Ако некогаш почувствуваш дека живееш во несреќни времиња, приказната за Рута може да ти даде искра на надеж. Таа се истакнува како важен епилог на книгата Судии. Книгата Рута кажува како Јехова искористил една понизна вдовица од туѓинската нација Моав за да му даде цар на својот народ. Споредена со заднината на книгата Судии, верата на Рута свети како светлина во тој период.
Читајќи ја приказната за Рута, можеш да бидеш уверен дека без разлика колку тешки можат да бидат времињата, Бог секогаш се грижи за својот народ и ги исполнува своите намери.