Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Можеш ли да им помагаш на другите без оглед на нивната возраст, националност или религија?

Благослови за оние што им помагаат на другите

Благослови за оние што им помагаат на другите

Многу луѓе во светот имаат потреба од храна и покрив над глава. А на некои сѐ што им треба е надеж за иднината. Бог сака да им помагаме на таквите лица и ќе нѐ благослови ако го правиме тоа.

ШТО ПИШУВА ВО СВЕТОТО ПИСМО

„Кој е милостив кон сиромавиот, му дава заем на Јехова, и Тој ќе му плати за неговите дела“ (ИЗРЕКИ 19:17).

ШТО ЗНАЧИ ДА ИМ ПОМАГАМЕ НА ОНИЕ ШТО ИМААТ ПОТРЕБА

Исус раскажал споредба за еден човек кој бил претепан од разбојници и оставен да лежи полумртов (Лука 10:29-37). Еден непознат човек застанал и му помогнал. Тој го сторил ова и покрај тоа што бил од различно етничко потекло.

Овој грижлив човек му ги преврзал раните, му ја ублажил болката и му пружил материјална помош.

Што учиме од оваа споредба? Исус покажал дека треба да сториме сѐ што можеме за да им помогнеме на оние што имаат некаква потреба (Изреки 14:31). Од Светото писмо дознаваме дека Бог наскоро ќе им стави крај на сиромаштијата и страдањата. Можеби се прашуваш како и кога Бог ќе го стори тоа. Во следната статија ќе видиме какви благослови нѐ очекуваат во иднина.