Вистинскиот лек
Милиони луѓе веќе живеат според начелата што беа наведени во претходните статии и во голема мера успеале да ги искоренат предрасудите од своето срце. Но, факт е дека сами не можеме да ги искорениме сите предрасуди. Дали тоа значи дека ситуацијата е безнадежна?
Совршена влада
Човечките влади досега не успеале да ги искоренат предрасудите. Но, дали тоа значи дека ниту една влада нема да успее во тоа?
За да може една влада засекогаш да ги отстрани предрасудите, треба:
-
1. Да ги поттикне луѓето самите да сакаат да го сменат своето гледиште за другите.
-
2. Да им стави крај на неправдите кои се причина за предрасудите.
-
3. Да има водачи кои немаат никакви предрасуди.
-
4. Да ги обедини луѓето од сите народи.
Библијата нѐ уверува дека Бог веќе има воспоставено една таква влада. Тоа е „Божјето царство“ (Лука 4:43).
Да разгледаме што ќе обезбеди таа влада.
1. Високи морални вредности
„Оние што живеат на земјата ќе се учат на праведност“ (ИСАИЈА 26:9).
„Мирот ќе биде дело на правдата; спокојството и безбедноста ќе бидат плод на правдата довека“ (ИСАИЈА 32:17).
Што значи ова? Божјето Царство ќе ги поучува луѓето за она што е исправно. Кога луѓето ќе знаат што е исправно а што погрешно, што е праведно а што неправедно, ќе почнат поинаку да гледаат на другите. Секој ќе знае што е исправно — да ги сака сите луѓе.
2. Крај на неправдите
Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).
Што значи ова? Божјето Царство ќе им стави крај на сите болки што се резултат на неправдите. Оние што порано биле жртви на неправди повеќе ќе немаат причини за огорченост.
3. Добар водач
„Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша. По правда ќе им суди на сиромасите, праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата“ (ИСАИЈА 11:3, 4).
Што значи ова? Исус Христос, Царот на Божјето небесно Царство, ќе владее праведно и непристрасно над целата Земја. Исус не прави разлика меѓу луѓето и тој ќе се погрижи сите да се придржуваат за неговите праведни закони.
4. Единство
Божјето Царство ги поучува луѓето на следново: „Сите да зборувате едно и меѓу вас да нема поделби, туку да бидете потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување“ (1. КОРИНЌАНИТЕ 1:10).
Што значи ова? Единството меѓу поданиците на Божјето Царство нема да биде само една убава фасада. Тие ќе бидат потполно обединети затоа што вистински ќе се сакаат еден со друг.