Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ѕидини на Ичан Кале во Хива

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Узбекистан

Во посета на Узбекистан

ТРАНСОКСАНИЈА, Земја меѓу реките, Татарија, Туркестан — ова се имињата на регионот во кој денес се наоѓа Узбекистан, „Земјата на Узбеците“. Уште од 15 век, во градовите во Узбекистан честопати престојувале трговци кои патувале по Патот на свилата — мрежа од патишта кои ја поврзувале Кина со земјите околу Средоземното Море. На текстилниот пазар во Узбекистан главно се продава памук. Се продаваат и убави ќилими од памук, волна или свила.

Низ историјата, узбечката култура била под влијание на многу народи. Прочуени освојувачи и нивните моќни војски марширале по планините и пустините на Узбекистан. Меѓу нив биле Александар Македонски (Велики), кој таму ја сретнал својата сакана жена Роксана, Џингис-Хан од Монголија и Тимур (познат и како Тамерлан), кој потекнувал од тој регион и бил на чело на една од најголемите империи во историјата.

Традиционална облека

Узбекистан го красат раскошни и живописни зданија кои имаат куполи прекриени со сини цигли. Многу од овие градби денес служат како училишта.

Патот на свилата. Овој пат бил направен уште пред нашата ера и се користел сѐ до крајот на 15 век од н.е кога бил отворен поморскиот пат до Индија. Патот на свилата минувал низ територијата на денешен Узбекистан и заземал значајно место во светската трговија.

Изработување ќилими од свила

Аралското Езеро. Аралското Езеро, кое некогаш било четврто езеро по големина во светот, е пред исчезнување бидејќи водата од него се користи за наводнување. Во соработка со другите земји од Централна Азија, Узбекистан се обидува да најде решение за овој проблем.

Азбуката на Узбекистан. На овие простори се зборувале најразлични јазици. По арапските освојувања во осмиот век, почнал да се користи арапскиот јазик. Откако земјата влегла во Советскиот Сојуз, најпрво била користена латиницата, а потоа, кон крајот на 1930-тите, била заменета со кирилицата. Во 1993 год., со еден нов закон била воведена узбечката азбука, која е слична со латиницата.

Суво овошје кое се продава на пазар