Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Африка во фокус

Африка во фокус

Многу организации и поединци се залагаат Африка да стане подобро место за живеење. Но, и покрај сите нивни напори, овој континент се соочува со навидум нерешливи проблеми.

Незаконски лов на носорози

Во 2007 год., во Јужноафриканската Република незаконски беа убиени 13 носорози, а во 2013 год. беа убиени дури 1.004 носорози. Иако залихата на рогови од носорог е зголемена, тие се многу скапи затоа што постои голема побарувачка. Цената за еден килограм рогови од носорог може да биде повисока од цената за еден килограм злато. А само еден рог може да чини и до половина милион долари.

РАЗМИСЛИ: Дали човечките влади некогаш ќе успеат да го искоренат беззаконието? (Еремија 10:23).

Непријавени случаи на корупција

Според организацијата „Транспаренси интернешнл“, земјите во источна Африка се едни од земјите кои имаат највисока стапка на корупција во светот. Сепак, околу 90 отсто од луѓето кои се жртви или сведоци на корупција не ја пријавуваат. Претставник на оваа организација во Кенија вели: „Граѓаните немаат доверба дека нивните влади ќе преземат нешто за да ја искоренат корупцијата“.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Митото ги заслепува и оние што јасно гледаат“ (2. Мојсеева 23:8).

Интернет во Африка

Според Меѓународната телекомуникациска унија, до крајот на 2014 год. се очекува речиси 20 отсто од Африканците да користат Интернет. Бројот на претплатници на мобилен Интернет во Африка се зголемува двапати побрзо од просечниот број на претплатници во светот.