Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Британија

Според една анкета, 79% од вкупно 64.303 испитаници сметаат дека „религијата е одговорна за голем дел од страдањата и судирите во светот“. Освен тоа, на пописот спроведен во 2011 год. во Англија и Велс само 59% од населението се изјасниле како христијани, за разлика од 2001 год., кога тој број изнесувал 72%. Во истиот период, процентот на луѓе што изјавиле дека не припаѓаат на ниедна религија се зголемил од 15 на 25.

Свет

Според Светската здравствена организација (СЗО), насилството врз жените сега е „глобален здравствен проблем со епидемиски размери“. Од СЗО известуваат дека „околу 35% од сите жени во светот се жртви на насилство од страна на својот сегашен или поранешен интимен партнер“. „Насилството од страна на интимниот партнер е најчест тип на насилство... и погодува 30% од жените во светот.“

Кина

Според неодамнешните измени во законот, возрасните деца не само што се обврзани често да ги посетуваат своите остарени родители туку и да се грижат за нивните „емоционални потреби“. Меѓутоа, законот „не предвидува казни“ за оние што нема да се придржуваат за него.

Европа

Криминални групи фалсификуваат и највообичаени стоки за широка потрошувачка како што се козметика, детергенти, па дури и храна. Директорот на една агенција за безбедност на храната вели дека „речиси секоја состојка што има макар некаква економска вредност може да биде фалсификувана“. Еден стручњак проценува дека 10% од прехранбените производи во развиените земји се фалсификувани.