Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Камбоџа

Во посета на Камбоџа

СЕЛА изградени на вода, бучни пазари, улици преполни со мотори што пренесуваат сѐ и сешто — од живи кокошки до фрижидери — ова е само дел од сликата за Камбоџа.

Камбоџанците се познати како топли и дружељубиви луѓе кои имаат блиски односи меѓу себе. Таа блискост може да се забележи и во секојдневната комуникација бидејќи си се обраќаат со бато, дадо, тетко, чичко, бабо или дедо, па дури и кога за првпат се гледаат!

Некои Камбоџанци живеат во пловни куќи, во наколни куќи или во куќи изградени врз пловни платформи. Има дури и пловни училишта, клиники, пазари и бензински пумпи

Питајата е омилено овошје во Камбоџа

Оризот е неизоставен дел од камбоџанската кујна. Еден типичен оброк се состои од три или четири јадења, од кои едно обично е супа. Омилена храна е рибата. Сосема е нормално во еден оброк да бидат вклучени благи, кисели и солени јадења.

Пред околу две илјади години, индиските трговци на пат за Кина почнале сѐ почесто да доаѓаат на  крајбрежјето на Камбоџа, каде што разменувале свила и метали за зачини, мирисливо дрво, слонова коска и злато. Со текот на времето, индиската и кинеската култура извршиле силно влијание врз Камбоџа, а со тоа се рашириле и хиндуизмот и будизмот. Денес, повеќе од 90 отсто од Камбоџанците се будисти.

Јеховините сведоци во Камбоџа им кажуваат на луѓето за убавата надеж што ја дава Библијата. Тие им помогнале на мнозина со помош на книгата Што навистина учи Библијата? Оваа книга ја има на околу 250 јазици, меѓу кои и на камбоџански.

Над 1.500 Камбоџанци ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци и добиваат одговор на прашања, како што се: „Каде се мртвите?“ и „Каква е Божјата намера со Земјата?“

Книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци, ја има и на камбоџански јазик.