Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Субсахарска Африка

Според извештај на УНИЦЕФ за Субсахарска Африка, „само 38 отсто од децата до 5 години се запишани во матичната книга на родените“, иако во некои делови од регионот „децата мора да бидат евидентирани за да имаат право на здравствена заштита и образование и право на наследство ако останат сирачиња“, вели Елке Виш, регионален заменик-директор на УНИЦЕФ за источна и јужна Африка.

Италија

Според една анкета, тинејџерите во Италија најмногу се плашат од сајбер малтретирање. Во таа група спаѓаат дури 72 отсто од оние на возраст меѓу 12 и 17 години. Потоа следуваат оние што се плашат од дрога (55 отсто), од сексуална злоупотреба (44 отсто), од сексуално преносливи болести (24 отсто) итн.

Јапонија

Според весникот The Japan Times, младите Јапонци сѐ почесто одбиваат унапредување на работа. На 40 отсто од нив им пречат неетичкото однесување и нечесноста. Многу вработени велат дека немаат слобода да си го кажат мислењето пред своите претпоставени. За разлика од постарите генерации, кои им беа лојални на своите работодавци, 60 отсто од младите остануваат на некое работно место додека не им се укаже подобра прилика.

Бразил

Од 1980 до 2010 год., во Бразил од огнено оружје загинале речиси 800.000 лица. Повеќе од 450.000 од жртвите биле на возраст меѓу 15 и 29 години. Едно поново истражување покажа дека убиствата најчесто се последица од семејни кавги, расправии со соседите, љубомора или караници меѓу возачи.