СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?
The Bar-Tailed Godwit’s Navigational System
МИГРАЦИЈАТА на северната блатка е еден од најневеројатните потфати што му се познати на човекот. Оваа птица прелетува 11.000 километри за што понекогаш ѝ се потребни повеќе од осум дена.
Размисли: Истражувачите сметаат дека некои видови птици го користат за навигација магнетното поле на Земјата, како да имаат вграден компас во мозокот. Можно е дека блатката се ориентира и по сонцето дење и ѕвездите ноќе. По сѐ изгледа, таа може да насети и кога се приближува бура. Тогаш влегува во правецот на движење на бурата и дозволува да ја носат струите на ветрот. Сепак, експертите сѐ уште не ги знаат точните детали за тоа што ги прави овие птици толку вешти летачи. „Ги проучувам веќе 20 години“, вели биологот Боб Гил, „и сѐ уште ме оставаат без здив.“
Што мислиш? Дали системот за навигација на северната блатка настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?