Како да изберам добра забава?
Младите прашуваат
Како да изберам добра забава?
Ако си христијанин, сигурно внимаваш каква забава избираш. Не се поведуваш само по она што другите ќе ти кажат да го гледаш, читаш или слушаш. Зошто? Затоа што во голем дел од денешната забава неморалот, насилството и спиритизмот — работи што треба да ги избегнуваш — се прикажуваат во позитивно светло. Меѓутоа, може да се најде морално здрава забава. Да видиме што ќе ти помогне во тоа. *
ФИЛМОВИ
Означи со ✔ какви филмови најмногу сакаш да гледаш.
○ Комедија
○ Драма
○ Акција/Авантура
○ Научна фантастика
○ Друго
Си знаел ли дека... Во Индија обично се снимаат повеќе од илјада филмови годишно — многу повеќе отколку во која и да е друга земја.
Што да избегнуваш. Многу филмови застапуваат вредности што се во судир со библиските мерила. Некои од нив содржат сцени со секс и насилство, а во други се прикажани натприродни работи. Но, Библијата вели: „Отфрлете го сето ова: гневот, лутината, злобата, погрдниот говор, а безобразни зборови да не излегуваат од вашата уста“ (Колошаните 3:8). Освен тоа, Бог осудува сѐ што е поврзано со спиритизам (5. Мојсеева 18:10-13).
Што ќе ти помогне во изборот. „Ако од рекламниот инсерт за некој филм добијам впечаток дека филмот е со недолична содржина, нема да го гледам“ (Џерин). *
„Никогаш не се потпирам на она што некој ќе ми го каже за филмот, освен ако не сум 100% сигурна дека имаме исти вредности“ (Кејтлин).
„Ако сум во кино, и одеднаш во филмот почнуваат работи што не ми се допаѓаат, станувам и си одам“ (Марина).
„За да дознаам каков е некој филм, отворам една интернет страница каде што можам да прочитам дали во него има секс, насилство и вулгарности“ (Наташа).
Предлог: Барај филмови во кои има мали шанси да наидеш на нешто неприфатливо. „Уживам да гледам историски филмови — филмови што се направени според класични дела“, вели една тинејџерка по име Масами.
Прашај се:
,Дали поради филмовите што ги гледам ми е полесно — или потешко — да се држам за библиските заповеди во врска со сексот, насилството и спиритизмот?‘
КНИГИ
Означи со ✔ какви книги најмногу сакаш да читаш.
○ Белетристика
○ Документарна литература
○ Класична литература
○ Друго
Си знаел ли дека... Само во САД, секоја година од печат излегуваат над илјада нови наслови.
Што да избегнуваш. Слично како филмовите, и многу книги шират вредности што се спротивни на библиските мерила. На пример, во некои книги детално се опишани сцени со секс или се обработуваат теми поврзани со спиритизам. Но, Библијата вели: „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас“ (Ефешаните 5:3). Исто така, кажува дека сѐ што е поврзано со спиритизмот е „зло во очите на Јехова“ (2. Царевите 17:17).
Што ќе ти помогне во изборот. „Кога барам добра книга, ја читам кратката содржина на задната корица и ја прелистувам книгата. Ако видам нешто што е спротивно на моите убедувања, не ја купувам“ (Мари).
„Како што растев, почнав сама да донесувам одлуки и сфатив колку е важно да ја слушам мојата совест. Ако увидев дека некоја книга е лоша, престанував да ја читам. Ми беше јасно дека не е во склад со начинот на кој размислува Бог“ (Корин).
Предлог: Збогати си го вкусот. „Многу повеќе се внесувам во класични дела отколку во белетристика“, вели Лара (17). „Начинот на кој се изразени мислите, како се опишани ликовите, заплетот — просто те плени!“
Прашај се:
‚Дали книгите ме тераат да размислувам за работи што Бог не ги одобрува?‘
МУЗИКА
Означи со ✔ каква музика најмногу сакаш да слушаш.
○ Рок
○ Класична музика
○ Џез
○ Аренби
○ Хип-хоп
○ Друго
Си знаел ли дека... Четири големи музички куќи заедно издаваат околу 30.000 албуми годишно.
Што да избегнуваш. Слично на филмовите и книгите, поголемиот дел од денешната музика е морално расипана. Текстовите се безобразни, а во музичките спотови има неморални сцени, поради што може да ти биде уште потешко да ги контролираш своите сексуални желби (1. Коринќаните 6:18). „Најголем број од песните денес поттикнуваат на однесување што се коси со библиските мерила“, вели Ли (21), „а ритамот просто ги понесува луѓето, но срам ти е дури и да ги гледаш како танцуваат.“
Што ќе ти помогне во изборот. „Често си размислувам: ‚Ако некој возрасен ме замоли да види каква музика имам, ќе се засрамам ли од она што ќе го најде?‘ Тоа ми дава ориентација каква музика би требало да слушам“ (Лиен).
Предлог: „Биди отворен за различни жанрови. „Татко ми ужива во класична музика, па затоа растев со таква музика“, вели еден тинејџер по име Роберто. „Со тоа што научив нешто за класичната музика — и што учев да свирам пијано — ми се проширија видиците!“
Прашај се:
‚Дали поради музиката што ја слушам ми е полесно — или потешко — да ги контролирам моите сексуални желби?‘
ПРОЧИТАЈ НЕШТО ПОВЕЌЕ!
Види ја книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавја 31 и 32, издадена од Јеховините сведоци.
Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.isa4310.com
[Фусноти]
^ пас. 3 Разбудете се! ниту застапува ниту осудува конкретно некој филм, книга или песна. Целта на оваа статија е да ти помогне да ја обликуваш својата совест според Библијата и да се држиш за Божјите мерила кога донесуваш одлуки (Псалм 119:104; Римјаните 12:9).
^ пас. 13 Некои имиња во оваа статија се сменети.
[Истакната мисла на страница 19]
Забавната индустрија не губи ништо — а добива многу — ако не ја слушаш својата совест обликувана според Библијата и едноставно гледаш, читаш или слушаш сѐ што е популарно.
[Рамка/слика на страница 18]
››Многу книги и филмови не се во склад со библиските мерила. Но, кога ќе најдам приказна што не ги прекршува тие мерила, тогаш уште повеќе уживам во неа‹‹ Адријан
[Рамка на страница 18]
ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?
Во споредба со денешната забава, каква беше забавата во ваше време? А што ви кажувале вашите родители за забавата во нивно време?
[Рамка/слика на страница 19]
››Некоја музика може да ни ја разбуди љубопитноста за работи што како христијани не треба да ги правиме. Нема смисла да си ја погазиме совеста само затоа што ни се свиѓа ритамот на некоја песна‹‹ Џенис