Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Уникатна книга

Уникатна книга

Уникатна книга

„Библијата е најраспространетата книга во светот“ (The World Book Encyclopedia).

ПРЕД повеќе од 550 години, германскиот иноватор Јоханес Гутенберг почнал да печати со подвижни букви. Првата позначајна книга што излегла од неговата печатарска преса била Библијата. * Оттогаш се отпечатени милијарди книги на најразлични теми. Но, Библијата во секој поглед е најзначајната од нив.

◼ Според проценките, отпечатени се преку 4,7 милијарди Библии (целосно или некои делови од неа). Тоа е над петпати повеќе примероци од втората публикација по распространетост, Цитати од претседателот Мао (Quotations From Chairman Mao).

◼ Само во една од изминативе години беа разделени повеќе од 50 милиони примероци на Библијата или делови од неа. Во еден извештај во списанието The New Yorker пишуваше дека „секоја година, Библијата е најпродаваната книга“.

◼ Целата, или некои делови од неа, е преведена на преку 2.400 јазици. Барем некој дел од Библијата го има на јазиците што ги зборуваат над 90 отсто од луѓето.

◼ Околу половина од писателите на Библијата го завршиле своето пишување пред да се родат познатиот кинески мудрец Конфучие и основачот на будизмот, Сидарта Гаутама.

◼ Библијата имала силно влијание врз уметноста и врз некои од најславните уметнички, музички и литературни дела.

◼ Библијата опстанала и покрај тоа што владите ја забранувале, верските противници ја спалувале, а критичарите ја напаѓале. Ниедна друга книга во историјата не претрпела поголемо противење — и опстанала.

Ова се навистина извонредни факти, зарем не? Се разбира, ваквите импресивни детали и статистички податоци сами по себе не се доказ дека може да ѝ се верува на Библијата. Сега ќе разгледаме пет причини на темел на кои милиони луѓе се увериле дека вреди да ѝ се верува на Библијата.

[Фуснота]

^ пас. 3 Гутенберговата Библија е превод на латински и била завршена околу 1455 год.

[Слики на страница 4]

Пресата на Гутенберг и страница од неговата Библија

[Извори на слики]

Преса: Со љубезна дозвола на American Bible Society; страница: © Image Asset Management/age fotostock