Совесното постапување му донесува слава на Бог
Совесното постапување му донесува слава на Бог
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ОД УКРАИНА
ВРАЌАЈЌИ СЕ дома по еден христијански состанок, семејството Чибисов, Јеховини сведоци од Украина, нашло еден паричник со вредни работи внатре, меѓу кои и возачка дозвола, кредитни картички и околу 350 евра во локална валута. Во ова петчлено семејство работел само сопругот. Заработувал околу 50 евра месечно. Па така, парите што ги нашле можеле многу да им помогнат. Што направиле?
Мајката раскажува: „Нашите ќерки веднаш почнаа да разговараат како да ѝ го вратат паричникот на сопственичката. Мене и на маж ми ни беше многу мило кога видовме дека нашите деца имаат добро изострена совест. Следниот ден ѝ се јавив на жената што го беше изгубила паричникот. Со солзи радосници, Олга дојде и ни кажа дека таа и маж ѝ имаат неколку мали продавници во нашиот град. Парите во паричникот биле месечната плата на вработените. Освен тоа, еден од документите во паричникот бил многу важен за нејзините деловни сметки.
Олга нѐ праша каде го најдовме паричникот. Ѝ кажавме каде и ѝ објаснивме дека поминавме оттаму кога се враќавме од нашиот христијански состанок. Кога ѝ понудивме библиски публикации, со почит ја зеде.
Неколку седмици подоцна, една жена, Јеховин сведок од нашето собрание ни кажа дека додека на улицата им нудела библиски публикации на минувачите, една жена ѝ рекла дека порано никогаш не сакала да ги слуша Јеховините сведоци. Меѓутоа, сега не само што сакала да слуша туку сакала и да земе литература. Причина за тоа, како што рекла таа, било тоа што Сведоците ѝ го вратиле паричникот на ќерка ѝ“.
[Слика на страница 31]
Семејството Чибисов