Конечно — решение!
Конечно — решение!
ЗАМИСЛЕТЕ си еден свет во кој секое дете е вистински пожелно, вистински сакано и благословено со грижливи родители полни со љубов кои имаат искрена желба да му го обезбедат најдоброто можно водство и насочување на своето дете. Замислете си свет во кој секое дете е физички и ментално здраво, каде што нема улични деца и каде што децата повеќе не се лишени од своето детство заради економската потреба да работат!
Пожелно? Се разбира. Веројатно? Јеховините сведоци мислат така, и тоа од две причини.
Родителите можат да обезбедат дел од решението
Несомнено ќе се согласите дека возрасните имаат моќ да решат — а понекогаш дури и да спречат — некои од проблемите на децата. Се разбира, под услов тие, возрасните, да бидат спремни да го направат тоа. Да, во самите родители лежи еден од клучевите за решавање на проблемот.
На пример, возрасните кои можат да го следат библискиот совет „жената да не си заминува од мажот . . . и мажот да не ја остава својата 1. Коринќаните 7:10, 11).
жена“, немаат деца кои страдаат заради тоа што живеат во дом кој е растурен заради одвојување или развод (Возрасните кои се спремни да го следат библискиот совет ‚да одат пристојно, не во лумпувања и пијанки‘, немаат деца кои страдаат од болката која доаѓа од родители кои се пијаници или зависници од дрога (Римјаните 13:13; Ефешаните 5:18).
Возрасните кои се спремни да го следат библискиот совет ‚да се воздржуваат од блуд‘, помагаат да се намали ризикот од тоа нивните деца да растат со чувство дека се непожелни, а можеби и во семејство со еден родител (1. Солуњаните 4:3; Матеј 19:9).
Возрасните кои се спремни да го следат библискиот совет ‚да не ги раздразнуваат своите деца за да не станат малодушни‘ и кои „ги љубат своите деца“, нема да имаат деца кои страдаат од физичка или душевна болка заради кој и да е облик на злоупотреба (Колошаните 3:21; Тит 2:4).
Накратко речено, ако сите возрасни се спремни да го следат библискиот совет што го дал Исус, „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“, дали би имало милиони деца кои не се пожелни и сакани? (Матеј 7:12).
За среќа, има многу возрасни кои се спремни да го прават сето она што го наведовме погоре. Но, за жал, проблемот е во тоа што не покажуваат таква спремност сите возрасни. Дури и оние кои покажуваат таква спремност откриваат дека нивните напори честопати се попречени заради човечката несовршеност и заради некои работи кои тие не можат да ги контролираат. Луѓето можат да обезбедат дел од решението за проблемите на децата, но јасно е дека не се способни да обезбедат целосно решение.
Божествена влада која ќе обезбеди целосно решение
Писателот Џон Раскин, спомнат во претходната статија, цврсто верувал дека „првенствена должност на една држава е да се погрижи секое дете што е родено во неа да има топол дом, облека, храна и образование сѐ додека не стане полнолетно“. Меѓутоа, Раскин признал дека „за да го [постигне] ова, владата мора да има таков авторитет над луѓето каков што не можеме ни да сонуваме“.
Само влада со божествена поддршка може да го има добриот авторитет за кој зборувал Раскин. И ветена ни е токму една таква влада — владата што Исус ја спомнал во Матеј 6:9, 10. Штом оваа влада од Бог ќе преземе целосна контрола врз работите на Земјата, таа ќе го спроведе својот авторитет врз сите луѓе — обезбедувајќи живеалиште, облека, храна и образование за сите свои поданици, вклучувајќи ги и децата (Исаија 65:17—25). Но, оваа совршена влада ќе направи уште повеќе.
Под Божјето Царство, на луѓето ќе им биде овозможено да ги воспитуваат децата на урамнотежен начин (Јов 33:24—26). Младите ќе растат во дух на мир и универзално братство, во идеалните околности што се изнесени во Декларацијата за правата на детето при ОН (Псалм 46:8, 9). Никогаш повторно нема да има потреба од Меѓународна година на детето или од Конвенција за правата на детето.
Обновувањето на совршеното здравје за родителите и за децата инвалиди ќе биде едноставна задача за Христос Исус, Царот на оваа небесна влада. Чудата на лекување што ги правел тој додека бил на земјата се гаранција за тоа (Лука 6:17—19; Јован 5:3—9; 9:1—7). Дури и воскреснувањето на умрените деца и родители нема да биде вон неговата моќ (Матеј 9:18—25).
Колкава радост е сознанието дека е близу времето кога Бог ќе дејствува во корист на децата на целата земја!
[Рамка на страница 11]
Помош за младите
Јеховините сведоци се искрено заинтересирани да им помогнат на младите да ги избегнат проблемите и да им покажат како најдобро да се справат со неизбежните проблеми. Затоа, низ годините тие издале повеќе помагала наменети за задоволување на потребите на младите — од оние на претшколска возраст до тинејџерите. Во овие публикации спаѓаат книгите Моја книга со библиски приказни и Младите прашуваат — делотворни одговори, како и видеокасетата со наслов Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? Можете да ги добиете од Јеховините сведоци кои живеат во Вашето место или ако пишете до издавачите на ова списание.
Што се однесува до сопствените деца, Јеховините сведоци им покажуваат дека се пожелни и сакани на тој начин што редовно дискутираат со нив за нивните проблеми. Родителите честопати го користат корисниот материјал што е изнесен во помагалата за проучување што ги спомнавме, како основа за една прогресивна, редовна програма за воспитување на младите. Можеби и Вие би сакале да следите слична процедура со своите деца.