ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Со цртање до подобро памтење
Можеби, како и на многумина од нас, и тебе ти е тешко да го запамтиш она што го проучуваш. Сепак, дали си забележал дека лесно може да се сетиме на споредбите што ги кажал Исус? Што, всушност, ни помогнало да ги запамтиме? Тоа што може да си ги претставиме во мислите. Слично на ова, за да можеш подобро да го запамтиш она што го проучуваш, обиди се да си ги претставиш работите во мислите. Како би можел да го правиш тоа? Така што ќе црташ слики додека проучуваш.
Луѓето што цртаат слики за новите работи што ги учат честопати подобро ги запомнуваат. Тие сфатиле дека овој метод е корисен не само кога се работи за поединечни зборови туку и кога станува збор за апстрактни идеи и концепти. Таквите слики не треба да се уметнички дела, туку едноставни скици. Истражувањата покажуваат дека оваа техника може особено да им користи на постарите луѓе.
Следниот пат кога ќе проучуваш, би можел да нацрташ неколку слики за она што си го научил. Можеби ќе се изненадиш колку многу ќе запамтиш!