Каде да најдеш водство во кое може да имаш доверба?
Во овој свет кој многу брзо се менува, како можеш да бидеш сигурен дека ќе донесеш добри одлуки? Како можеш да бидеш сигурен дека она што денес се смета за исправно утре нема да се смета за погрешно?
Библијата може да ти помогне да носиш одлуки за кои никогаш нема да зажалиш. Како е можно тоа? Библијата е книга што ни ја дал нашиот Творец, и тој знае што ни е потребно за да се чувствуваме сигурно и за да бидеме вистински среќни.
„Тој ти кажа... што е добро“ (Михеј 6:8).
Може да имаме доверба во практичната мудрост на Библијата. Таа е втемелена „засекогаш, за сите векови“ (Псалм 111:8).
Зошто да не дознаеш самиот како може да ти помогне Библијата во овој свет кој постојано се менува?