Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

alfa27/stock.adobe.com

АКЦИЈА ЗА СПОМЕН-СВЕЧЕНОСТ

Исус ќе му стави крај на криминалот

Исус ќе му стави крај на криминалот

 Исус знае што значи да се страда поради криминал и неправда. Тој бил лажно обвинет, незаконски тепан, неправедно осуден и казнет, и претрпел мачна смрт. Иако бил невин, тој спремно и несебично го жртвувал „својот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28; Јован 15:13). Како Цар на Божјето Царство, тој наскоро ќе донесе правда на целата Земја и ќе му стави крај на криминалот еднаш засекогаш (Исаија 42:3).

 Библијата опишува каков ќе биде светот кога Исус ќе ги преземе работите во свои раце:

  •   „Злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

 Како да покажеме благодарност за сето она што Исус веќе го направил и наскоро ќе го направи за нас? Според она што е запишано во Лука 22:19, Исус им рекол на своите следбеници да се сеќаваат на неговата смрт. Токму затоа секоја година, на годишнината од неговата смрт, Јеховините сведоци се собираат заедно. Те покануваме да ни се придружиш во одбележувањето на смртта на Исус во недела, 24 март 2024.

Најди Спомен-свеченост