БИДЕТЕ БУДНИ!
Зошто постои толку многу омраза? Што вели Библијата?
На вестите постојано се зборува за говор на омраза, насилство поради предрасуди, етнички судири и војни.
„Денес, повеќе од кога и да е порано, социјалните мрежи се полни со говор на омраза поради конфликтот помеѓу Израел и Газа, како и поради екстремистите кои поттикнуваат на насилство и омраза“ (The New York Times, 15 ноември 2023).
„Од 7 октомври, светот доживеа драстично и загрижувачко зголемување на омразата, говорот на омраза и насилството поради предрасуди“ (Денис Франсис, претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, 3 ноември 2023).
Говорот на омраза, насилството и војните не се ништо ново. Всушност, Библијата вели дека и во минатото имало луѓе кои „[нишанеле] со своите стрели — со зборови остри“ и кои поттикнувале на војни и насилство (Псалм 64:3; 120:7; 140:1). Но, Библијата објаснува дека омразата што денес ја гледаме има посебно значење.
Омраза — обележје на времето во кое живееме
Библијата наведува две причини зошто омразата е толку раширена денес.
1. Таа прорекла дека ќе дојде време кога „кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12). Наместо да покажуваат љубов, луѓето ќе имаат особини поради кои ќе се мразат едни со други (2. Тимотеј 3:1-5).
2. Степенот на омраза денес е одраз на лошото влијание на една злобна личност — Сатана Ѓаволот. Библијата вели дека „целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19; Откровение 12:9, 12).
Но, Библијата ни кажува и дека Бог наскоро ќе ги отстрани главните причини за омразата. Исто така, тој ќе ја поправи сета штета предизвикана од омраза. Библијата ветува:
Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:4).