ПОСЕБНА АКЦИЈА
Здравствена грижа — што ќе направи Божјето Царство
„Тоа што КОВИД-19 повеќе не е глобална здравствена вонредна состојба не значи дека веќе не е закана по здравјето на луѓето низ целиот свет... Кога ќе дојде следната пандемија — а ќе дојде — мора да бидеме подготвени“ (Д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација, 22 мај 2023).
Како последица на пандемијата со КОВИД-19, многу луѓе се борат со физички и ментални здравствени проблеми. Дали владите и здравствените институции се во состојба да ги решат тие проблеми? Ќе бидат ли подготвени за следната пандемија?
Библијата зборува за една влада која ќе ја обезбеди здравствената грижа која ни е потребна. Таа вели дека „небесниот Бог ќе подигне царство“, односно ќе постави влада (Даниел 2:44). Под власта на тоа царство, „никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘“ (Исаија 33:24). Напротив, секој ќе има добро здравје и ќе биде полн со младешка сила (Јов 33:25).