Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кај кого да одам јас?

Кај кого да одам јас?

Преземи:

  1. 1. Сиот живот го слушам

    мојот Пастир во сѐ.

    Ми помага тој

    секој миг, секој ден.

    Во времиња тешки

    оди пред мене тој,

    а кон него е

    вперен погледот мој.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Нема да слушам ништо

    што не е во склад со Речта.

    Гласот на туѓинец

    нема да ме заведе.

    (РЕФРЕН)

    Кај кого да одам јас?

    Кој ќе ми биде штит во зол ден?

    Кај кого да одам јас?

    Кај туѓинец нема —

    знам, лошо ми спрема.

    По Исус верно ќе чекорам.

  2. 2. Како безгрижно јагне

    сум задоволен јас,

    благословен со

    љубов, среќа без крај.

    Со доверба гледам

    кон иднината јас —

    кон живот ме води

    Христовиот глас.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Не ќе слушам ништо

    што не е во склад со Речта.

    Гласот на туѓинец

    нема да ме заведе.

    (РЕФРЕН)

    Кај кого да одам јас?

    Кој ќе ми биде штит во зол ден?

    Кај кого да одам јас?

    Кај туѓинец нема —

    знам, лошо ми спрема.

    По Исус верно ќе чекорам.

    (РЕФРЕН)

    Кај кого да одам јас?

    Кој ќе ми биде штит во зол ден?

    Кај кого да одам јас?

    Кај туѓинец нема —

    знам, лошо ми спрема.

    По Исус верно ќе чекорам.

    По него ќе одам јас

    верно, верно, верно сѐ до крај.