Песна 149
Благодарни за откупнината
Преземи:
-
Пред твојот престол,
Боже, денес стоиме
и за дарот твој
со ценење преполни сме.
Го даде животот
на својот сакан Син,
нѐ плени љубовта
што стои зад овој чин.
(РЕФРЕН)
Со крвта тој нѐ откупи
и гревот наш го поништи.
Јехова, длабоко од срце
сме благодарни.
-
А колку силна љубов
Исус покажал
кога за нас
својот совршен живот го дал.
На смртта сите
ние бевме робови,
а сега секој може
вечно да биде жив.
(РЕФРЕН)
Со крвта тој нѐ откупи
и гревот наш го поништи.
Јехова, длабоко од срце
сме благодарни.
(Види и Евр. 9:13, 14; 1. Пет. 1:18, 19.)