Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 29

Што се случува со луѓето кога ќе умрат?

Што се случува со луѓето кога ќе умрат?

Дали смртта ти одзела некој близок? Во тие тешки моменти можеби си се прашал: „Што се случува со луѓето кога ќе умрат? Дали некогаш повторно ќе ги видиме нашите најблиски?“ Во оваа и во следната лекција ќе дознаеш какви утешни одговори дава Библијата на овие прашања.

1. Што се случува со луѓето кога ќе умрат?

Исус ја споредил смртта со длабок сон. Зошто тоа е соодветна споредба? Некој што цврсто спие не е свесен за она што се случува околу него. Слично на тоа, кога некој ќе умре, не е свесен за ништо. Тој не страда и не чувствува никаква болка. Библијата вели: „Мртвите не се свесни за ништо“. (Прочитај Проповедник 9:5.)

2. Како ни користи тоа што ја знаеме вистината за смртта?

Многу луѓе се плашат од смртта, па дури и од умрените. Но, можеш да најдеш утеха во она што Библијата го кажува во врска со смртта. Исус рекол: „Вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). За разлика од она што го тврдат некои религии, Библијата не вели дека луѓето имаат бесмртна душа која продолжува да живее по смртта. Според тоа, кога некој ќе умре, тој не страда. Исто така, бидејќи не се свесни за ништо, мртвите не можат да ни наштетат. Затоа, не треба да ги обожаваме, да се молиме за нив, ниту да правиме обичаи со цел да ги смириме.

Некои луѓе велат дека можат да комуницираат со мртвите. Но тоа е невозможно. Како што веќе видовме, „мртвите не се свесни за ништо“. Оние што мислат дека комуницираат со своите блиски што починале, всушност, можеби комуницираат со демони кои се преправаат дека се духови на умрените. Значи, тоа што ја знаеме вистината за мртвите нѐ штити од демоните. Јехова нѐ предупредува да не се обидуваме да комуницираме со мртвите бидејќи знае дека таквиот контакт со демоните ќе ни наштети. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш нешто повеќе за тоа што учи Библијата во врска со смртта. Освен тоа, ќе можеш да се увериш дека Бог, кој е полн со љубов, не ги мачи оние што починале.

3. Дознај во каква состојба се наоѓаат оние што починале

Низ целиот свет, луѓето имаат најразлични верувања во врска со тоа што се случува кога некој ќе умре. Се разбира, не е можно сите тие верувања да се вистинити.

  • Кои верувања за состојбата на мртвите се вообичаени во местото каде што живееш ти?

За да дознаеш што вели Библијата за состојбата на мртвите, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Проповедник 3:20, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овој стих, што се случува кога некој ќе умре?

  • Дали некој дел од човекот продолжува да живее и по смртта?

Во Библијата читаме за смртта на Лазар, кој му бил близок пријател на Исус. Прочитај Јован 11:11-14 и забележи што рекол Исус за Лазар откако умрел. Потоа, разговарајте за овие прашања:

  • Со што ја споредил Исус смртта?

  • Што дознаваме од оваа споредба за состојбата на мртвите?

  • Дали ти звучи разумно она што Библијата го кажува за состојбата на мртвите?

4. Тоа што ја знаеме вистината за смртта ни е од голема помош

Тоа што ја знаеме вистината за смртта ни помага да не се плашиме од оние што починале. Прочитај Проповедник 9:10, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Дали мртвите можат да ни наштетат?

Благодарение на тоа што ја знаеме библиската вистина, сфаќаме дека не треба да правиме обичаи во чест на мртвите и дека не треба да ги обожаваме. Прочитај Исаија 8:19 и Откровение 4:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што мислиш, како се чувствува Јехова кога некој ги обожава мртвите или бара помош од нив?

Благодарение на тоа што ја знаеме вистината за смртта, не им робуваме на обичаи кои Јехова ги мрази

5. Како нѐ теши тоа што ја знаеме вистината за смртта

Многу луѓе се поучувани дека, откако ќе умрат, ќе бидат мачени поради нивните гревови од минатото. Но, утешно е тоа што знаеме дека никој не се мачи по смртта — дури ни оние што правеле многу лоши работи. Прочитај Римјаните 6:7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Библијата вели дека, кога некој човек ќе умре, Бог повеќе не го смета за одговорен за неговите гревови. Според тоа, дали е можно тој да страда поради гревовите што ги направил во минатото?

Колку подобро го запознаваме Јехова толку повеќе сфаќаме дека тој никогаш не би ги мачел мртвите. Прочитај 5. Мојсеева 32:4 и 1. Јованово 4:8, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали е можно Бог, кој има вакви прекрасни особини, да ги мачи мртвите?

  • Дали ти е утешно тоа што сега ја знаеш вистината за смртта? Зошто?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Којзнае што се случува по смртта. Никој не се вратил од таму да каже“.

  • Кои утешни стихови од Библијата би можел да ги споделиш со некој што размислува така?

ШТО НАУЧИ:

Кога некој ќе умре, неговиот живот завршува. Мртвите не се мачат ниту, пак, можат да им наштетат на живите.

Како би одговорил?

  • Што се случува со некој што ќе умре?

  • Како ни користи тоа што ја знаеме вистината за смртта?

  • Зошто е утешно тоа што ја знаеме вистината за смртта?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај што вели Библијата за тоа што е „душа“.

„Што е душата?“ (Статија на интернет)

Дознај дали Бог ги казнува злобните во пекол.

Дали постои пекол? (3:07)

Прочитај како еден човек бил утешен кога ја дознал вистината за мртвите.

„Бев одушевен од одговорите во Библијата“ (Стражарска кула од 1 февруари 2015)