ПОГЛАВЈЕ 138
Христос од десната страна на Бог
-
ИСУС СЕДНАЛ ОД ДЕСНАТА СТРАНА НА БОГ
-
САВЛЕ СТАНАЛ УЧЕНИК НА ХРИСТОС
-
ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ
Десет дена откако Исус се вознел на небото, на празникот Педесетница 33 год. од н.е. врз учениците бил излеан светиот дух, што било доказ дека Исус отишол на небото. По некое време, тие добиле уште еден доказ. Непосредно пред да биде каменуван затоа што истрајно сведочел, ученикот Стефан рекол: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот човечки како стои од десната страна на Бог“ (Дела 7:56).
Додека бил на небото покрај својот Татко, Исус чекал да добие една заповед која била проречена во Божјата Реч. Под водство на светиот дух, Давид напишал: „Јехова му рече на мојот Господар [Исус]: ‚Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели за подножје на твоите нозе!‘“ Откако Исус ќе ја добиел оваа заповед од својот Татко, ќе требало ‚да оди меѓу своите непријатели и да ги покори‘ (Псалм 110:1, 2). Но, што требало да прави Исус во меѓувреме, пред да дојде време да преземе акција против своите непријатели?
На Педесетница 33 год. од н.е., се оформило христијанското собрание. Тогаш Исус почнал да владее од небото над своите ученици помазани со свет дух (Колошаните 1:13). Тој им помагал во делото на проповедање и ги подготвувал за да можат, откако ќе воскреснат на небото, да владеат во Царството заедно со него.
Извонреден пример за еден таков иден цар бил Савле, познат по неговото римско име Павле. Тој бил Евреин кој ревносно се држел за Божјиот закон, но слепо им верувал на еврејските верски водачи и поради тоа го одобрил каменувањето на Стефан. Со ‚силна желба да ги убива учениците на Господарот‘, тргнал за Дамаск. Првосвештеникот Кајафа му дал одобрение да ги уапси учениците на Исус и да ги доведе во Ерусалим (Дела 7:58; 9:1). Меѓутоа, додека бил на пат, Савле ненадејно го осветлила силна светлина и паднал на земја.
„Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“, го прашал глас од небото. „Кој си ти, Господару?“, прашал Павле. „Јас сум Исус, кого ти го прогонуваш“, гласел одговорот (Дела 9:4, 5).
Исус му рекол на Савле да оди во Дамаск и таму да чека понатамошни упатства. Но, бидејќи ослепел од силната светлина, некој требало Дела 9:15, 20).
да му помогне да стигне дотаму. Потоа Исус во видение му се појавил на Ананија, еден од учениците што живееле во Дамаск, и му кажал на кое место да оди за да го најде Савле. Ананија се зачудил кога слушнал дека треба да го побара Савле, но Исус го уверил: „Овој човек ми е избран сад за да им го носи моето име на незнабошците, и на царевите и на Израеловите синови“. На Савле му се вратил видот, и во Дамаск ‚веднаш почнал во синагогите да проповеда за Исус, дека тој е Божјиот Син‘ (Со поддршка од Исус, Павле и други проповедници продолжиле со проповедничкото дело што го започнал Исус. Бог обилно го благословил нивниот труд. Околу дваесет и пет години откако на патот за Дамаск му се појавил Исус, Павле напишал дека добрата вест била проповедана „меѓу сите суштества под небото“ (Колошаните 1:23).
Со години подоцна, на својот сакан апостол Јован преку неколку виденија Исус му објавил што ќе се случува во иднина. Преку тие виденија, опишани во библиската книга Откровение, Јован во извесна смисла го видел враќањето на Исус во улога на Цар (Јован 21:22). ‚Обземен од духот, [Јован] се нашол во денот на Господарот‘ (Откровение 1:10). Кога требало да дојде тој ден?
Библиските пророштва покажуваат дека „денот на Господарот“ започнал во поново време, односно во 1914 год. Тогаш избувнала и Првата светска војна. Во децениите што следеле потоа имало сѐ повеќе војни, болести, глад, земјотреси и многу други докази што покажувале дека „знакот“ по кој Исус рекол дека неговите ученици ќе ги препознаат неговата „присутност“ и „крајот“ се исполнува во огромни размери (Матеј 24:3, 7, 8, 14). Денес, добрата вест за Божјето Царство се проповеда не само на подрачјето што некогаш го опфаќало Римското Царство туку и низ целата Земја.
Под водство на светиот дух, Јован опишал од какво значење ќе било сето ова. Тој рекол: „Сега дојде спасението и моќта и царството на нашиот Бог и власта на неговиот Христос“ (Откровение 12:10). Да, Божјето небесно Царство, за кое Исус толку често зборувал, сега веќе владее!
Ова е прекрасна вест за сите верни следбеници на Исус. Зборовите што Јован ги напишал потоа се вистинска утеха за нив: „Затоа веселете се небеса и вие што живеете на нив! Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ (Откровение 12:12).
Исус повеќе не чека од десната страна на својот Татко за да добие власт. Тој веќе владее како Цар, а наскоро ќе ги отстрани сите свои непријатели (Евреите 10:12, 13). Кои возбудливи настани нѐ очекуваат потоа?