ПОГЛАВЈЕ 122
Последната молитва на Исус во горната соба
-
БЛАГОСЛОВИТЕ ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ ГИ ЗАПОЗНААТ БОГ И НЕГОВИОТ СИН
-
ЕДИНСТВОТО МЕЃУ ЈЕХОВА, ИСУС И УЧЕНИЦИТЕ
На Исус му останувало уште кратко време да биде со своите апостоли. Полн со грижа и љубов кон нив тој правел сѐ што можел за да ги подготви за своето неизбежно заминување. Исус ги подигнал очите кон небото и почнал да му се моли на својот Татко: „Прослави го својот син, за да те прослави синот тебе, па со власта што му ја даде над сите луѓе да им даде вечен живот на сите што му ги даде“ (Јован 17:1, 2).
Исус знаел дека најважното нешто било да се прослави Бог. Сепак, колку утешно било за апостолите кога слушнале дека имаат можност да живеат вечно! Бидејќи Исус добил ‚власт над сите луѓе‘, благословите од неговата откупна жртва можело да ги добие целото човештво. Но, немало сите да бидат благословени. Зошто? Затоа што Исус ќе ја употребел откупнината само во корист на оние што ќе постапеле во склад со зборовите што ги кажал потоа: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).
Секој што сака да добие вечен живот, мора добро да ги запознае Таткото и Синот и да изгради блиско пријателство со нив. Мора да ги усвои нивните гледишта и нивниот начин на размислување. Освен тоа, во своето однесување мора да се труди да ги покажува особините што ги имаат тие. А треба и да согледа дека поважно е да се прослави Бог отколку да се добие вечен живот. Во врска со тоа, Исус продолжил:
„Јас те прославив тебе на земјата, довршувајќи го делото што ми го даде да го извршам. А сега ти, Татко, прослави ме мене кај себе со славата што ја имав кај тебе пред да настане светот“ (Јован 17:4, 5). Исус го молел Јехова повторно да му ја подари славата што претходно ја имал на небото така што ќе го воскресне.
Сепак, Исус добро знаел што постигнал со својата служба на Земјата. Понатаму во молитвата рекол: „Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот. Твои беа, а ти ми ги даде мене, и тие ја држеа твојата реч“ (Јован 17:6). Во текот на својата служба, Исус го користел Божјето име, Јехова, но направил и повеќе од тоа. На своите апостоли им помогнал да го сфатат значењето на тоа име — да сфатат дека тоа име ги покажува особините на Бог и начинот на кој тој постапува со луѓето.
Апостолите разбрале кој е Јехова, која била улогата на Исус и на што сакал да ги поучи. Исус понизно рекол: „Зборовите што ми ги даде мене, јас им ги дадов ним, и тие ги примија и навистина спознаа дека излегов како твој застапник, па поверуваа дека ти ме испрати“ (Јован 17:8).
Потоа ја истакнал разликата помеѓу своите следбеници и другите луѓе. Рекол: „Не молам за светот, туку за оние што ми ги даде, бидејќи се твои... Свети Татко, чувај ги заради своето име, кое ми го даде, за да бидат едно, исто како нас... И ги зачував, и ниту еден од нив не пропадна, освен синот на пропаста“, односно Јуда Искариот кој веќе почнал да го спроведува својот план да го предаде Исус (Јован 17:9-12).
„Светот ги замрази“, продолжил да се моли Исус. „Не те молам да ги земеш од светот, туку да ги зачуваш од Злобниот. Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:14-16). Иако апостолите и другите ученици живееле во светот — човечкото општество со кое управува Сатана — сепак морало да останат одвоени од него и од неговата злоба. Како ќе успееле во тоа?
Тие морало да останат свети, издвоени за служба на Бог, така што ќе живееле според Јован 17:17). Подоцна, под водство на светиот дух, и некои од апостолите напишале книги кои денес се дел од „вистината“ која може да посвети некого.
вистините што се наоѓале во Хебрејските списи и вистините за кои ги поучил самиот Исус. Затоа Исус рекол: „Посвети ги со вистината! Твојата реч е вистина“ (Но, со текот на времето ќе имало и други што ќе ја прифателе „вистината“. Исус се молел ‚не само за [единаесетте апостоли] туку и за оние што ќе поверувале во него преку нивната реч‘. Што побарал Исус за сите нив? „Да бидат сите едно, како што ти си, Татко, во единство со мене и јас во единство со тебе, и тие да бидат во единство со нас“ (Јован 17:20, 21). Исус и Таткото не биле дословно една личност. Тие биле едно во таа смисла што во сѐ биле единствени и сложни. Исус се молел и неговите следбеници да бидат обединети на истиот начин.
Кратко пред тоа, Исус им рекол на Петар и на другите апостоли дека ќе оди да им приготви место, мислејќи на место на небото (Јован 14:2, 3). Затоа, од својот Татко побарал: „Татко, сакам и оние што ми ги даде да бидат со мене, таму каде што сум јас, за да ја гледаат мојата слава што ми ја даде ти, зашто ме сакаше пред создавањето на светот“ (Јован 17:24). Со тие зборови потврдил дека уште од многу одамна, пред Адам и Ева да добијат потомци, Бог го сакал својот единороден Син, кој станал Исус Христос.
На крајот од својата молитва, Исус повторно го спомнал името на својот Татко, како и љубовта на Бог кон апостолите и кон другите што допрва ќе ја прифателе „вистината“: „Им го објавив твоето име и ќе го објавувам за љубовта со која ме сакаше ти да биде во нив и јас во единство со нив“ (Јован 17:26).