ЛЕКЦИЈА 5
Точно читање
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
-
Подготви се добро. Размисли со која цел било запишано она што ќе го читаш. Вежбај да читаш групи зборови, а не само одделни зборови. Пази да не додаваш и да не прескокнуваш зборови, ниту да замениш некој збор со друг. Внимавај на сите интерпункциски знаци, како што се точка, запирка, прашалник, извичник итн.
-
Изговарај го правилно секој збор. Ако наидеш на непознати или тешки зборови, повторувај ги на глас сѐ додека не научиш точно да ги изговараш.
-
Зборувај јасно. Изговарај ги зборовите внимателно, со крената глава и со доволно отворена уста. Труди се да го изговориш секој слог.