Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 02

Библијата дава надеж

Библијата дава надеж

Многу луѓе денес се соочуваат со проблеми поради кои чувствуваат тага, загриженост, па дури и болка. Дали некогаш си се чувствувал така поради нешто што ти се случило во животот? Можеби страдаш поради некоја болест или затоа што ти починал некој од најблиските. Можеби се прашуваш: „Дали животот некогаш ќе биде подобар?“ Одговорот на ова прашање се наоѓа во Библијата и тој може многу да нѐ охрабри.

1. Како Библијата ни дава надеж?

Библијата објаснува зошто денес имаме толку многу проблеми. Таа исто така ни пренесува една добра вест дека овие проблеми се привремени и дека наскоро ќе ги нема. Иднината која е ветена во Библијата може да ни даде надеж. (Прочитај Еремија 29:11, 12.) Оваа надеж може да ни помогне да се справиме со нашите проблеми и да имаме позитивен став. Таа исто така нѐ уверува дека може да бидеме среќни засекогаш.

2. Каква иднина ни ветува Библијата?

Во Библијата пишува дека во иднина „смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“. (Прочитај Откровение 21:4.) Проблемите поради кои луѓето денес се чувствуваат безнадежно, како што се сиромаштија, неправди, болести и смрт, повеќе нема да постојат. Библијата ветува дека луѓето ќе можат засекогаш да му се радуваат на животот во рај на Земјата.

3. Како може да се увериш дека библиските ветувања ќе се исполнат?

Многу луѓе се надеваат дека ќе се случат убави работи, но не можат да бидат сигурни дека тоа навистина ќе биде така. Но, она што го ветува Библијата сигурно ќе се исполни. За да се увериме во тоа, треба да ги истражуваме Писмата (Дела 17:11). Додека ја проучуваш Библијата, можеш самиот да процениш дали да веруваш во она што ни го вели таа за иднината.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаш некои од работите што Библијата ги ветува за иднината. Исто така, ќе дознаеш како надежта што ја дава Библијата им помага на луѓето денес.

4. Библијата ни ветува дека може да живееме засекогаш без никакви проблеми

Разгледај ги библиските ветувања што се наведени подолу. Кое од нив најмногу ти се допаѓа, и зошто?

Прочитај ги стиховите кои се наведени до тие ветувања, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Дали овие стихови ти даваат надеж? Дали тие би можеле да им дадат надеж на членовите на твоето семејство и на твоите пријатели?

Замисли дека живееш во свет во кој

НИКОЈ НЕМА...

СЕКОЈ ЌЕ...

  • да чувствува болка, да старее или да умре (Исаија 25:8).

  • ги дочека своите блиски кои ќе бидат воскреснати, односно вратени во живот на Земјата (Јован 5:28, 29).

  • има добро здравје и ќе биде полн со сила (Јов 33:25).

  • да се измачува со негативни мисли и лоши спомени (Исаија 65:17).

5. Надежта од Библијата може да им го промени животот на луѓето

Многу луѓе се разочарани па дури и гневни поради проблемите со кои се соочуваат. Некои со сите сили се трудат да ги сменат работите на подобро. Дознај како ветувањата од Библијата за подобра иднина им помага на луѓето денес. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Кои неправди ја измачувале Рафика?

  • Иако неправдите што ги гледала Рафика не исчезнале, како Библијата ѝ помогнала?

Ветувањата од Библијата за подобра иднина можат да ни помогнат да се справиме со обесхрабрувањата и да останеме радосни и покрај проблемите. Прочитај Изреки 17:22 и Римјаните 12:12, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Што мислиш, дали ветувањата од Библијата кои даваат надеж можат да ти го подобрат животот?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ветувањата од Библијата се премногу добри за да бидат вистинити“.

  • Што мислиш, зошто е важно да ги разгледаш доказите дека ветувањата од Библијата ќе се исполнат?

ШТО НАУЧИ:

Во Библијата има многу ветувања за подобра иднина. Тоа ни дава надеж и ни помага да останеме радосни и покрај проблемите.

Како би одговорил?

  • Зошто на луѓето им е потребна надеж?

  • Што ветува Библијата за иднината?

  • Како надежта за подобра иднина може да ти помогне уште денес?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај како надежта може да ти помогне кога се соочуваш со проблеми.

„Каде можеме да најдеме надеж?“ (Разбудете се! од 22 април 2004)

Дознај како надежта за иднината може да им помогне на оние што се борат со хронична болест.

„Може ли Библијата да ми помогне ако сум хронично болен?“ (Статија на интернет)

Додека го гледаш овој музички спот, замисли како со своето семејство уживаш во животот во рајот што е ветен во Библијата.

Замисли го денот што доаѓа (3:37)

Дознај како се сменил животот на еден борец за правата на луѓето и на животните откако дознал за надежта што Библијата ја дава за иднината.

„Повеќе не сметам дека јас треба да го сменам светот“ (Стражарска кула од 1 јули 2013)