Како да ја зачуваш Божјата љубов
Во Библијата има начела и морални мерила кои можат да ни помогнат да ја зачуваме Божјата љубов.
Писмо од Водечкото тело
Водечкото тело на Јеховините сведоци ги поттикнува сите што го сакаат Јехова Бог да научат да живеат според вистината која се наоѓа во неговата Реч, Библијата.
ПОГЛАВЈЕ 1
Божјата љубов ќе трае засекогаш
Потребно е да вложуваме труд за нашето пријателство со Бог да остане цврсто. Како можеме да успееме во тоа?
ПОГЛАВЈЕ 2
Задржи чиста совест пред Бог
Секому од нас Бог му дал совест за да ни помогне да носиме добри одлуки во животот.
ПОГЛАВЈЕ 3
Избирај пријатели кои го сакаат Бог
Пријателите влијаат врз нас позитивно или негативно. Како може библиските начела да ни помогнат мудро да ги избереме нашите пријатели?
ПОГЛАВЈЕ 4
Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
Имаме многу причини да го почитуваме авторитетот во семејството, во собранието и да ги почитуваме властите.
ПОГЛАВЈЕ 5
Како да покажеме дека не сме дел од светот
Исус им рекол на своите ученици: „Не сте дел од светот“. Што е „светот“, и зошто христијаните не треба да бидат дел од него?
ПОГЛАВЈЕ 6
Мудро избирај ја својата забава
Забавата што ја нуди светот е како јаболко што на едната страна е здраво, а на другата е скапано. Што ќе ни помогне да избереме забава што ќе ни влијае позитивно, а да ја избегнеме онаа што ќе ни влијае негативно?
ПОГЛАВЈЕ 7
Дали го цениш животот како што го цени Бог?
Кои библиски начела ни помагаат да донесеме исправни одлуки во врска со животот и крвта?
ПОГЛАВЈЕ 8
Јехова сака неговите слуги да бидат чисти
Божјите мерила за чистота вклучуваат многу повеќе отколку чистотата на нашето тело, облеката и домот. Тие ја вклучуваат и нашата служба за Бог, нашето однесување, па дури и нашите мисли.
ПОГЛАВЈЕ 9
„Бегајте од блуд!“
Што е блуд, односно сексуален неморал и како можеме да бегаме од него?
ПОГЛАВЈЕ 10
Бракот — дар од Бог
Кои се некои од добрите страни на бракот? Како можеш мудро да избереш брачен другар? Што може да ти помогне да имаш траен брак?
ПОГЛАВЈЕ 11
По венчавката
Во секој брак има убави и лоши моменти. Сепак, дури и брачните парови кои имаат многу проблеми можат да изградат цврст брак.
ПОГЛАВЈЕ 12
Изградувај ги другите со своите зборови
Зборовите можат многу добро да влијаат врз другите, но и да им нанесат голема штета. Јехова нѐ поучува како исправно да го користиме нашиот говор.
ПОГЛАВЈЕ 13
Дали Бог ги одобрува сите празници и прослави?
Празниците и прославите се важен дел од животот на луѓето. Што може да ни помогне да сфатиме како гледа Јехова на таквите празници?
ПОГЛАВЈЕ 14
Биди чесен во сѐ
Разгледај четири подрачја од животот на кои не е баш лесно да се биде чесен и дознај какви благослови ќе имаме ако постапуваме чесно.
ПОГЛАВЈЕ 15
Најди задоволство во работата
Нашиот Творец сака да најдеме задоволство во работата. Тогаш, што може да направиме за работата да ни причинува поголема радост? Како христијани, каква работа не треба да прифатиме?
ПОГЛАВЈЕ 16
Спротивстави му се на Ѓаволот
Живееме во свет кој е под власта на Сатана. Како можеме да останеме блиски со Бог и да се заштитиме од Сатана Ѓаволот?
ПОГЛАВЈЕ 17
Зачувај ја Божјата љубов
Еден библиски писател ги поттикнал христијаните да се изградуваат „врз својата најсвета вера“. Како можеш да го правиш тоа?
Белешки
Значење на зборови и изрази кои се наоѓаат во книгата Како да ја зачуваш Божјата љубов.