Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Меѓуверство

Меѓуверство

Дали сите религиозни луѓе го обожаваат истиот Бог?

Дали Јехова ги прифаќа многуте религии кои имаат различни учења?

Мт 7:13, 14; Јвн 17:3; Еф 4:4-6

  • Библиски извештаи:

    • ИсН 24:15 — Исус Навин рекол дека мора да избереме дали ќе му служиме на Јехова или ќе им служиме на други богови

    • 1Ца 18:19-40 — Преку пророкот Илија, Јехова покажал дека слугите на вистинскиот Бог не смеат да обожаваат други богови, како што бил Ваал

Како Јехова гледа на боговите на другите народи и на тоа што луѓето ги обожаваат?

Како Јехова гледа на луѓето кои велат дека го обожаваат него, но, всушност, го обожаваат на погрешен начин?

Иса 1:13-15; 1Ко 10:20-22; 2Ко 6:14, 15, 17

  • Библиски извештаи:

    • 2Мо 32:1-10 — Под притисок на своите сонародници, Арон направил златно теле за да се одбележи „свеченост во чест на Јехова“, а тоа многу го разгневило Јехова

    • 1Ца 12:26-30 — За народот да не оди во храмот во Ерусалим, цар Јеровоам направил идоли за кои рекол дека го претставуваат Јехова, и со тоа го навел народот на грев

Како Јехова ги поучил Израелците дека треба да останат одвоени од луѓето кои обожавале други богови?

Што направил Јехова кога неговиот народ учествувал во верските обичаи на другите народи?

Су 10:6, 7; Пс 106:35-40; Ере 44:2, 3

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 11:1-9 — Под влијание на своите жени туѓинки, цар Соломон го навредил Јехова така што обожавал лажни богови, а со тоа ги поттикнал и другите да го прават истото

    • Пс 78:40, 41, 55-62 — Асаф опишал како бунтовноста на Израелците и идолопоклонството што го вршеле го навредило Јехова и придонело тој да ги отфрли

Дали Исус поддржувал религиозни учења кои не биле во склад со Божјата Реч?

  • Библиски извештаи:

    • Мт 16:6, 12 — Исус ги споредил учењата на фарисеите и садукеите со квасец бидејќи погрешните учења брзо се ширеле и ги искривувале вистините од Божјата Реч

    • Мт 23:5-7, 23-33 — Исус строго ги осудил лицемерното однесување и погрешните учења на книжниците и фарисеите

    • Мр 7:5-9 — Исус разоткрил дека фарисеите ги сметале човечките традиции за поважни од учењата на Божјата Реч

Дали Исус ги поттикнал своите следбеници да основаат различни религии?

  • Библиски извештаи:

    • Јвн 15:4, 5 — Исус употребил една споредба со лоза за да покаже дека неговите ученици мора да останат во единство со него и со своите соверници

    • Јвн 17:1, 6, 11, 20-23 — Последната ноќ пред да биде погубен, кога бил заедно со своите апостоли, Исус се молел сите негови следбеници да бидат обединети

Дали собранијата во првиот век имале исти верувања и го обожавале Јехова на ист начин?

Де 16:4, 5; Ри 12:4, 5

  • Библиски извештаи:

    • Де 11:20-23, 25, 26 — Собранијата во Антиохија и Ерусалим добро соработувале и покажале дека се обединети

    • Ри 15:25, 26; 2Ко 8:1-7 — Различни собранија во првиот век си давале великодушни прилози кога тоа им било потребно, и со тоа покажале дека љубовта ги обединува собранијата

Дали Бог ги прифаќа сите религии кои тврдат дека веруваат во Исус?

Дали Бог го прифаќа обожавањето на оние што отстапуваат од учењата на Исус и на апостолите?

Де 20:29, 30; 1Ти 4:1-3

  • Библиски извештаи:

    • Мт 13:24-30, 36-43 — Исус употребил една споредба со која покажал дека исто како што каколот се шири на една нива, така и во собранијата ќе се вовлечат многу лажни христијани

    • 1Јо 2:18, 19 — Остарениот апостол Јован открил дека, до крајот на првиот век, многу антихристи веќе се појавиле

Што ќе се случи ако се дозволува луѓе што шират лажни учења и кои не му се послушни на Христос да бидат дел од собранието?

Што треба да прават христијаните за да останат обединети?

Зошто христијаните немаат ништо со лажната религија?

Зошто е исправно и добро да ги разоткриваме лажните учења?

Зошто не треба да нѐ изненади кога луѓе кои припаѓаат на лажната религија нѐ напаѓаат и нѐ прогонуваат?