5. Мојсеева 21:1-23

21  Ако во земјата што Јехова, твојот Бог, ти ја дава да ја зеземеш, се најде убиен човек како лежи во полето, а не се знае кој го убил,+  твоите старешини и твоите судии+ нека излезат и нека измерат колку се оддалечени градовите што се околу убиениот  за да се утврди кој град е најблизу до убиениот. И старешините од тој град нека земат јуница од стадото со која уште не се работело, која уште не влечела јарем.  И потоа старешините од тој град нека ја одведат јуницата во речната долина* кога има вода во неа, на место што не се обработува и на кое не се сее, и таму, во долината, нека ѝ го скршат вратот на јуницата.+  И нека пристапат свештениците, синовите на Леви, зашто нив ги избра Јехова, твојот Бог, да му служат.+ Јехова ги избра за да кажуваат благослов+ во негово име, и според нивниот збор да се решава секој спор до кој дошло поради какво и да е насилно дело.+  Потоа сите старешини од оној град што е најблиску до убиениот нека си ги измијат рацете+ над јуницата на која ѝ е скршен вратот во долината  и нека изјават: ‚Нашите раце не ја пролеале оваа крв и нашите очи ништо не виделе.+  Јехова, не припишувај му го тоа на својот народ Израел, кој го откупи,+ и не дозволувај вината за невина крв+ да биде на твојот народ Израел‘. Така нема да им биде припишана вина за крв.  А ти ќе ја отстраниш вината за невина крв од својата средина,+ кога ќе го направиш она што е исправно во Јеховини очи.+ 10  Ако излезеш во битка против своите непријатели и Јехова, твојот Бог, ти ги предаде в раце,+ па ги заробиш,+ 11  и ако здогледаш убава жена меѓу заробениците и ако таа ти се допадне,+ па си ја земеш за жена, 12  доведи ја во својата куќа. Нека ја избричи главата+ и нека ги исече ноктите, 13  и нека ја соблече облеката во која е заробена и нека живее во твојата куќа оплакувајќи ги својот татко и својата мајка еден месец.*+ Потоа легни со неа и биди ѝ маж, а таа нека ти биде жена. 14  Ако не ти биде по волја, пушти ја да оди+ кај што ќе ѝ посака душата, но не смееш да ја продадеш за пари. Не смееш да постапуваш со неа свирепо+ зашто си ја осрамотил. 15  Ако некој има две жени, и едната ја сака повеќе, а другата помалку,* па двете, и онаа што ја сака повеќе и онаа што ја сака помалку, му родат синови, но првородениот син му е од онаа што ја сака помалку,+ 16  кога ќе дојде денот да им го раздели во наследство она што го има, не смее да го направи првороден синот на онаа што ја сака повеќе на штета на синот на онаа што ја сака помалку, а кој е првороден,+ 17  туку мора да го признае за првороден синот на онаа што ја сака помалку и да му даде двоен дел од сѐ што има,+ зашто тој му е првиот син.+ Нему му припаѓа правото на првородство.+ 18  Ако некој има син тврдокорен и бунтовен,+ кој не го слуша гласот на татка си, ниту гласот на мајка си,+ и кого тие го укоруваат, а тој пак не ги слуша,+ 19  татко му и мајка му нека го земат и нека го изведат пред старешините во неговиот град, на портата од неговото место,+ 20  па нека им кажат на старешините во неговиот град: ‚Овој наш син е тврдокорен и бунтовен. Не го слуша нашиот глас,+ изедник+ е и пијаница‘.+ 21  Тогаш сите луѓе од неговиот град нека го засипат со камења за да загине. Така отстранете го злото од својата средина! Тоа ќе го чуе целиот Израел и ќе го обземе страв.+ 22  Ако некој направи грев што заслужува смртна казна, па биде погубен+ и обесен на столб,+ 23  неговото мртво тело нека не остане на столбот преку ноќта,+ туку закопај го во истиот ден, зашто е проклет пред Бог оној што е обесен.+ Не валкај ја својата земја, која ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог.+

Фусноти

Види го додатокот 12.
Или: „еден лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Буквално: „една што ја сака и друга што ја мрази“.