1. Самоилова 13:1-23
13 Саул имаше (...) * години кога почна да владее,+ и две години владееше над Израел.
2 И Саул си избра за себе три илјади Израелци. Две илјади беа со Саул во Михмаш+ и во ветилските планини, а една илјада беа со Јонатан+ во Венијаминова Гаваја.+ А останатиот народ го распушти, секој во неговиот шатор.
3 А Јонатан ја уби сета филистејска+ војска,+ која беше во Гева,+ и Филистејците дознаа за тоа. И Саул заповеда по целата земја да се огласи рог+ и рече: „Нека чујат Евреите!“
4 Целиот Израел чу како се зборува: „Саул ја уби сета филистејска војска и сега Израел им стана омразен+ на Филистејците“. И народот се собра за да оди по Саул во Гилгал.+
5 А Филистејците се собраа за да се борат против Израел: триесет* илјади бојни коли,+ шест илјади коњаници и многу народ, како песок на морскиот брег.+ И излегоа и се улогорија во Михмаш, источно од Вет-Авен.+
6 Кога видоа дека се во неволја+ и дека непријателот силно го притисна народот, Израелците се скрија во пештери,+ во јами, во карпи, во дупки и во јами за вода.
7 Евреите дури поминаа преку Јордан+ во земјата на Гад+ и на Галад. Но Саул сѐ уште беше во Гилгал, а целиот народ што беше со него се тресеше од страв.+
8 И тој чекаше седум дена до времето што го одреди Самоил.+ Но Самоил не дојде во Гилгал и народот почна да се разотидува откај Саул.
9 На крајот Саул рече: „Донесете ми ги жртвата паленица и жртвите на заедништвото!“ И тогаш ја принесе жртвата паленица.+
10 Штотуку заврши со принесувањето на жртвата паленица, гледај, стигна Самоил. И Саул му излезе во пресрет и го благослови.+
11 А Самоил го праша: „Што си направил?“+ Тогаш Саул одговори: „Кога видов дека народот се разотидува откај мене+ и дека ти не дојде до договореното време,+ а Филистејците беа собрани во Михмаш,+
12 си реков:+ ‚Сега Филистејците ќе дојдат против мене во Гилгал, а јас не сум го смилостивил* лицето на Јехова‘. Затоа бев принуден+ да ја принесам жртвата паленица“.
13 Тогаш Самоил му рече на Саул: „Си постапил безумно!+ Не си ја држел заповедта+ од Јехова, својот Бог, која ти ја даде.+ Да ја држеше, Јехова ќе го зацврстеше твоето царство над Израел за навек.
14 А сега твоето царство нема да се одржи.+ Јехова ќе си најде човек според своето срце.+ Јехова ќе го постави за водач+ на својот народ, зашто ти не го држеше она што ти го заповеда Јехова“.+
15 Тогаш Самоил стана и отиде од Гилгал во Венијаминова Гаваја, а Саул го преброи народот што остана со него, и имаше околу шестотини луѓе.+
16 Саул и Јонатан, неговиот син, и народот што остана со нив живееја во Венијаминова Гева.+ А Филистејците беа улогорени во Михмаш.+
17 И од филистејскиот логор излегоа пљачкаши во три чети.+ Едната чета тргна по патот кон Офра,+ во земјата Суал,
18 другата чета тргна по патот кон Вет-Орон,+ а третата чета тргна по патот кон границата што гледа накај долината Севоим, кон пустината.
19 А во целата земја на Израел немаше ковач, зашто Филистејците рекоа: „За да не направат Евреите меч или копје“.+
20 И сите Израелци слегуваа кај Филистејците кога некој сакаше да си ги наостри ралото, или мотиката, или секирата, или српот.+
21 А цената на острењето беше по еден пим* за рала, за мотики, за трозаби алатки, за секири и за зацврстување на остени за говеда.+
22 Така, на денот на битката, никој од народот што беше со Саул и со Јонатан немаше ни меч+ ни копје. Само Саул+ и неговиот син Јонатан имаа оружје.
23 И филистејската стража+ тргна кон преминот преку клисурата кај Михмаш.+
Фусноти
^ Во изворниот хебрејски текст недостасува број.
^ Во некои ракописи на Септуагинтата и во сириската Пешита стои „три“.
^ Буквално: „омекнал“.
^ Мерка за тежина, околу две третини од сикелот.