Псалми 64:1-10

На управителот. Давидова песна. 64  Чуј го, Боже, гласот мој во грижата моја!+Зачувај ми го животот од стравотијата на непријателот!+   Скриј ме од тајните договори на злосторникот,+од вревата на оние што прават зло,+   кои го острат јазикот како меч+и нишанат со своите стрели — со зборови остри+   за потајно да го погодат непорочниот.*+Ненадејно гаѓаат со стрела во него и не се плашат.+   Упорно зборуваат лошо,+зборуваат за тоа како скришум ќе постават замки.+Велат: „Кој ги гледа?“+   Смислуваат неправедни дела,+ги држат во тајност лукаво смислените сплетки,+а какви се однатре, во срцето — тоа длабоко го кријат.+   Но Бог ненадејно ќе фрли стрела на нив.+Зададени им се рани,+   го спрепнуваат другиот,+но нивниот јазик е против самите нив.+Сите што ќе ги видат, нишаат со главата вџашено,+   и сите земни луѓе ќе се исплашат,+ќе зборуваат за она што Бог го прави+и ќе ги запознаат неговите дела.+ 10  А праведникот ќе му се радува на Јехова — тој ќе биде негово прибежиште.+Ќе се гордеат сите што имаат справедливо срце.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.