Псалми 51:1-19

На управителот. Давидова песна. Кога пророкот Натан дојде кај Давид откако Давид легна со Витсавеа.+ 51  Смилувај ми се, Боже, според својата милост.*+Според својата голема милосрдност, избриши ги моите престапи.+   Темелно измиј ме од мојот престап,+исчисти ме од мојот грев.+   Зашто, ги знам своите престапи,+мојот грев е постојано пред мене.+   Тебе, тебе ти згрешив+и го направив она што е зло во твои очи,+а ти си праведен кога зборуваш+и чист кога судиш.+   Еве, во престап сум роден,+во грев ме зачна мајка ми.+   Еве, ти се радуваш кога вистината е во срцето.+Дозволи ми да ја сознаам вистинската мудрост длабоко во себе.+   Со исоп очисти ме од гревот за да бидам чист,+измиј ме за да бидам побел од снег.+   Дозволи ми да чујам радост и веселба+за да се зарадуваат коските што ги скрши.+   Сврти го своето лице од моите гревови,+избриши ги сите мои престапи.+ 10  Создај во мене чисто срце, Боже,+и стави во мене нов, постојан дух.+ 11  Не отфрлај ме од пред своето лице+и не одземај ми го својот свет дух.+ 12  Врати ми ја радоста на твоето спасение+и разбуди во мене желба+ да ја вршам твојата волја. 13  Ќе ги поучам престапниците за твоите патишта,+за да се вратат кај тебе грешниците.+ 14  Избави ме од вината за крв,+ о Боже, Боже на моето спасение,+и мојот јазик радосно ќе ја објавува твојата праведност.+ 15  Јехова, отвори ги моиве усни,+и мојата уста ќе ја објавува твојата слава.+ 16  Зашто, жртвата не ти е мила — инаку би ти ја дал,+цели жртви паленици не ти се по волја.+ 17  За Бог е жртва скршениот дух.+Срце скршено и здробено, о Боже, нема да презреш.+ 18  Во својата милост направи му добро на Сион,+изгради ги ѕидовите на Ерусалим.+ 19  Тогаш ќе ти бидат мили жртвите на праведноста,+жртвата паленица и целата жртва.+Тогаш ќе се принесуваат јунци на твојот жртвеник.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.