Псалми 111:1-10

111  Фалете го Јах!+ א [алеф]* Ќе го фалам Јехова со сето свое срце+ב [бет] во блиското друштво на чесни пријатели+ и во нивниот круг.+ ג [гимел]   Големи се Јеховините дела,+ד [далет] за нив размислуваат сите што уживаат во нив.+ ה [хеј]   Неговите дела+ се славни и величествени,+ו [вав] неговата праведност останува засекогаш.+ ז [заин]   Тој направи чуда што се паметат.+ ח [хет] Јехова е добар и милосрден.+ ט [тет]   Им дава храна на оние што се бојат од него.+ י [јуд] Довека ќе се сеќава на својот сојуз.+ כ [каф]   Силата на своите дела му ја објави на својот народ,+ל [ламед] кога им го даде ним наследството на другите народи.+ מ [мем]   Делата на неговите раце се вистина и правда,+נ [нун] сите негови наредби се достојни за доверба,+ ס [самек]   втемелени засекогаш, за сите векови,+ע [аин] засновани на вистината и справедливоста.+ פ [пе]   Му испрати откуп на својот народ.+ צ [цадик] Заповеда неговиот сојуз да трае довека.+ ק [куф] Неговото име е свето и влева страв.+ ר [реш] 10  Стравот Јеховин е првото нешто потребно за да се стекне мудрост.*+ ש [шин] Сите што ги извршуваат неговите наредби се навистина разборити.*+ ת [тав] Неговата фалба останува засекогаш.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.
Буквално: „е почеток на мудроста“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.