Псалми 104:1-35
104 Благословувај го Јехова, душо моја!+О Јехова, Боже мој, ти си многу велик.+Во чест и величие си се облекол,+
2 во светлината како со наметка си се завил,+си ги оптегнал небесата како шаторско платно,+
3 своите горни одаи ги градиш од греди во водите,+облаците ги претвораш во своја кола,+одиш на крилјата на ветрот,+
4 своите ангели ги правиш духови,*+своите слуги — оган што проголтува.+
5 Ја утврди земјата на нејзините темели;+нема да се разниша довека, за сета вечност.+
6 Со водна бездна ја покри како со облека.+Водите стоеја над планините.+
7 Од твојата закана почнаа да бегаат;+од татнежот на твоите громови побегнаа уплашени
8 — планините се издигнаа,+долините се спуштија —на местото што го утврди за нив.
9 Постави граница, која не смеат да ја преминат,+за да не ја покријат пак земјата.+
10 Ти испраќаш извори во долините,+тие течат меѓу планините.
11 Ги напојуваат сите полски животни,+во нив зебрите+ ја гаснат својата жед.
12 Над нив се гнездат небесните птици,+во густите лисја се разлева нивниот глас.+
13 Ти ги наводнуваш планините од своите горни одаи.+Со плодовите на твоите дела се наситува земјата.+
14 Ти правиш да никне зелена трева за стоката+и растенија за потребите на луѓето,+и даваш да расте храна од земјата+
15 и вино што го весели срцето на смртниот човек,+и даваш масло+ за да свети лицетои леб што го закрепнува срцето на смртниот човек.+
16 Се наситуваат дрвјата Јеховини,ливанските кедри што ги посади,+
17 на кои си прават гнезда птиците,+а штркот си свил дом на смреките.+
18 По високите планини+ се козите,+карпите им се прибежиште на пештерниците.+
19 Ја направи месечината да ги покажува времињата;+сонцето знае каде треба да зајде.+
20 Ти создаваш темнина и паѓа ноќ+ —тогаш се движат сите шумски животни.
21 Млади лавови рикаат по пленот+и својата храна ја бараат од Бог.+
22 Штом сонцето ќе изгрее+ — тие се повлекуваати легнуваат во своите скривалишта.
23 Човек оди да работи+и ја врши својата работа до вечерта.+
24 Колку се многубројни твоите дела, Јехова!+Сите мудро си ги направил,+полна е земјата со твоите творби.+
25 А во ова море, толку големо и широко,+се движат животни без број,+суштества мали и големи.+
26 Таму пловат бродови;+го направи левијатанот*+ за да си игра во него.+
27 Сите тие те чекаат тебе+за да им дадеш храна навреме.+
28 Она што им го даваш, го земаат.+Ја отвораш раката и се наситуваат со добри дарови.+
29 Ако го свртиш своето лице, се збунуваат.+Ако им го одземеш духот,* умираат+и се враќаат во својот прав.+
30 Ако го испратиш својот дух, се создаваат;+ти го обновуваш лицето на земјата.
31 Славата на Јехова ќе трае довека.+Ќе се радува Јехова на своите дела.+
32 Тој ја погледнува земјата, и таа се тресе,+ги допира планините, и тие чадат.+
33 Ќе му пеам на Јехова додека сум жив,+со песна ќе го фалам својот Бог сѐ додека постојам.+
34 Нека му бидат пријатни моите мисли.+Јас ќе му се радувам на Јехова.+
35 Грешниците ќе бидат збришани од земјата,+ќе нема повеќе зли.+Благословувај го Јехова, душо моја! Фалете го Јах!*+
Фусноти
^ Или: „ветрови“ (хебрејски: рухот, множина). Во 3. стих е употребен хебрејскиот израз руах („ветар“), во еднина.
^ Или: „животната сила“.